Промовирани огласи »

Исплатата на декевмриските пензии според редовниот термин ќе се случи на првиот работен ден во новата 2025 година, на 02.01 (четврток).

Сепак, дел од банките решија пензиите кон нивните клиенти да ги исплатат пред време.

Пензионерите со сметка во Комерцијална банка своите пензии на располагање ќе ги имаат веќе од утре, односно од 30.12.2024.

Во Македонија има над 330.000 пензионери.

Промовирани огласи »

Не е јасно дали некој навистина посакувал Apple да создаде свој пребарувач, но оваа недела добија лоши вести. Во судска изјава поднесена од Apple, потпретседателот за услуги, Еди Кју, објасни зошто компанијата нема интерес да создаде пребарувач: тоа би било многу скапо, воведувањето на вештачка интелигенција во пребарувањето го прави бизнисот неизвесен, таргетираните реклами би го нарушиле имиџот на Apple за приватност, а компанијата нема доволно кадар и инфраструктура за таков проект.

Дополнително, Google им плаќа на Apple огромна сума пари за да остане стандарден пребарувач на Safari. Во 2022 година, ова партнерство вредеше околу 20 милијарди долари. Иако тоа им носи значителна добивка, владата на САД го смета овој договор за кршење на антимонополските закони, а Apple побара дозвола нивни претставници да сведочат во претстојниот судски процес во април.

Сите останати причини за Apple да не создаде пребарувач изгледаат како секундарни во споредба со финансиските придобивки што компанијата ги има од соработката со Google. Статусот кво, за сега, им е најдобра стратегија.

Промовирани огласи »

Ќе стане ли кафето луксуз во 2025 година, е прашањето што се наметна по низата информации во светски рамки дека производителите се потешко доаѓаат до суровина, а компаниите кои вршат преработка и продажба се соочуваат со зголемени трошоци. 

Според најновите истражувања, зголемените трошоци за набавка на кафе, како резултат на климатските промени, ги потикнуваат компаниите да се адаптираат на новата економска реалност која е обременета со високи цени на зрната кафе и логистички проблеми.

Глобалните залихи се исцрпуваат поради екстремните временски услови. Експертите предвидуваат дека жетвата на арабиката во Бразил може да падне за над 10 отсто, додека родот на робуста во Виетнам може да се намали до 10 проценти до крајот на 2025 година.

Берзанските аналитичари смируваат, велат дека цената на кафето се очекува да расте и во 2025 година, но со намалено темпо. Наскоро се очекува и стабилизарање на пазарот, имајќи го предвид енормниот раст во 2024 година.

И во земјава се чувствува поскапувањето на кафето. Годинава, цената се менуваше повеќе пати, а за да им биде што подостапно на граѓаните, кафето не ретко се продава на акција. Во моментов, пакување на „турско кафе“ од 200 грама чини околу 80 до 120 денари, па и повеќе.  

Речиси при секое влегување во маркет, забележувам поскапување на кафето. Обично купувам кога е на акција, а гледам и пакувањето да биде поголемо, со оние неколку грама „гратис“ означени на амбалажата. Во овој период, сметам дека е зголемена потрошувачката зашто кафето се подарува скоро секојдневно, ако се земат предвид сегашните и претстојните празници, вели за МИА потрошувач од Скопје.

Додава и дека купува кафиња кои се продаваат „во пакет“, по две, со кој следува и подарок, како и дека ако „начека“ поевтино, купува повеќе за да се најде.

Според Илија Миновски, ЦЕО во РИО ДООЕЛ – Илинден, цената на суровото кафе моментно е зголемена за повеќе од 70 отсто во однос на почетокот на    годината.

Се соочуваме со предизвици во однос на снабдувањето со суровина, поради драстичното зголемување на цените на кафето на берза, кое енормно е во постојан раст со што се достигнува рекордно ниво на висина на цената на кафето. Исто така, глобалните залихи на кафе се ограничени (поради климатските промени и сушата, проблеми со транспортот,  глобалната криза,..), значи намалена понуда, а цените се зголемуваат со самото зголемување на побарувачката. Како компанија, бележиме зголемени производните трошоци поради зголемената цена на основната суровина, вели Миновски за МИА.

Негова оценка е дека во овие услови, на речиси постојани поскапувања на храната, цените на кафето не може да бидат стабилни.

Цените не може да бидат стабилни, зашто кафето е берзански производ и моментно неговата цена е во постојан пораст. Ние како производители на кафе, мораме да ги зголемиме малопродажните цени, иако покачувањето на нашата цена е минимално во однос на условите кои ги диктира светската берза, истакнува Миновски.

Тој нагласува дека продажбата е во опаѓање во однос на претходните години, но се уште е на добро ниво со оглед на тоа што пазарот го бара и го сака турското кафе.

Се надеваме на стабилизација на берзата. Но, моментната состојба на берзата и информациите што ги имаме укажуваат дека нема да се намали цената или стабилизира за брзо време, дециден е Миновски.

Според „World of Statistics“, земјава лани беше на 18 место во светот по испиено кафе на жител годишно. Податоците велат дека пиеме по два милиона кафиња дневно или околу 730 – 800 милиони годишно. 

Се смета дека во светот дневно се пијат по три милијарди шолји кафе. Најголеми консументи се земјите од ЕУ со 46,8 милиони вреќи (од по 60 килограми) годишно што е 28,1 отсто од глобалната потрошувачка. На САД отпаѓаат 16,1 процент со 26,9 вреќи, а на трето место е Бразил со 22,9 милиони вреќи или 13,7 отсто. Потоа следуваат Германија со 5,7 отсто, Јапонија со 4,7 отсто, Индонезија со 3,3 проценти, Франција со 3,2 отсто, Италија со 3,1 процент, Русија со 2,9 отсто и Канада со 2,4 проценти. 

Според податоците на Меѓународната организација за кафе од 2020 година, 10 земји се најголеми производители. Предничат Бразил со 37,4 отсто од вкупната светска продукција или 63,4 милиони вреќи (од по 60 килограми) и Виетнам со 17,1 процент или 29 милиони вреќи. Потоа следуваат: Колумбија со 14,3 отсто, Индонезија со 7,1, Етиопија со 4,3, Хондурас со 3,6, Индија со 3,4, Уганда со 3,3, Мексико со 2,4 и Перу со 2,2 отсто од вкупната продукција. Во останатиот дел од светот се произведуваат 18,4 милиони вреќи или околу 15 отсто од вкупната продукција.

Во светот се евидентирани околу 12,5 милиони фарми за кафе, а 95 отсто до нив се помали од пет хектари. Скоро половината се во Етиопија, 2,2 милиона, во Уганда, 1,8 милиони и во Индонезиа, 1,3 милиони. Виетнам, Бурунди, Кенија и Колумбија имаат по 500 000 мали производители. Малите производители се р’бетот на оваа глобална индустрија, а најмалку 5,5 милиони живеат во сиромаштија со помалку од 3,2 долара на ден.

Промовирани огласи »

Од сабота, 28 декември 2024 година сите мали и средни преносни електронски уреди што се продаваат во ЕУ мора да бидат компатибилни со USB-C порти за да се намали отпадот, пренесува Еуроњуз.

Од утре, на потрошувачите од ЕУ повеќе нема да им требаат различни полначи за нивните паметни телефони, таблети, камери, слушалки, конзоли за видео игри и други уреди, бидејќи портите за полнење USB од типот C ќе станат стандард за мобилни уреди низ Унијата.

Во 2022 година, Европскиот парламент и земјите-членки одлучија со огромно мнозинство да ги укинат алтернативните методи за полнење, што значи дека сите мали и средни преносливи електронски уреди што се продаваат во ЕУ мора да бидат компатибилни со USB-C портите.

Според правилата на ЕУ, потрошувачите исто така можат да се откажат од добивање на нов полнач со секој купен уред. Производителите на преносни компјутери ќе мора да ги следат истите правила од 28 април 2026 година.

Ана Кавацини, претседател на Комитетот за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите на Европскиот парламент, рече дека ова претставува „решителен чекор кон удобноста на потрошувачите и одговорноста за животната средина“.

Овие правила се однесуваат на справување со тоните отпад создадени од фрлените полначи секоја година и заштеда на околу 250 милиони евра за домаќинствата во ЕУ со елиминирање на непотребните купувања на полначи секоја година, додаде Кавацини.

Парламентот, исто така, најави дека „внимателно ќе следи“ како производителите се прилагодуваат на овие промени. Производителите на електронски уреди долго време се спротивставуваат на напорите на ЕУ за стандардизирање на технологиите за полнење.

Одлуката ќе влијае на сите продавачи, особено на Apple, кој првично ги оспори правилата, наведувајќи ја загриженоста за иновациите. Сепак, овој технолошки гигант почна да се прилагодува на директивата и се префрли на USB-C за своите уреди.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »