Промовирани огласи »

Ќе стане ли кафето луксуз во 2025 година, е прашањето што се наметна по низата информации во светски рамки дека производителите се потешко доаѓаат до суровина, а компаниите кои вршат преработка и продажба се соочуваат со зголемени трошоци. 

Според најновите истражувања, зголемените трошоци за набавка на кафе, како резултат на климатските промени, ги потикнуваат компаниите да се адаптираат на новата економска реалност која е обременета со високи цени на зрната кафе и логистички проблеми.

Глобалните залихи се исцрпуваат поради екстремните временски услови. Експертите предвидуваат дека жетвата на арабиката во Бразил може да падне за над 10 отсто, додека родот на робуста во Виетнам може да се намали до 10 проценти до крајот на 2025 година.

Берзанските аналитичари смируваат, велат дека цената на кафето се очекува да расте и во 2025 година, но со намалено темпо. Наскоро се очекува и стабилизарање на пазарот, имајќи го предвид енормниот раст во 2024 година.

И во земјава се чувствува поскапувањето на кафето. Годинава, цената се менуваше повеќе пати, а за да им биде што подостапно на граѓаните, кафето не ретко се продава на акција. Во моментов, пакување на „турско кафе“ од 200 грама чини околу 80 до 120 денари, па и повеќе.  

Речиси при секое влегување во маркет, забележувам поскапување на кафето. Обично купувам кога е на акција, а гледам и пакувањето да биде поголемо, со оние неколку грама „гратис“ означени на амбалажата. Во овој период, сметам дека е зголемена потрошувачката зашто кафето се подарува скоро секојдневно, ако се земат предвид сегашните и претстојните празници, вели за МИА потрошувач од Скопје.

Додава и дека купува кафиња кои се продаваат „во пакет“, по две, со кој следува и подарок, како и дека ако „начека“ поевтино, купува повеќе за да се најде.

Според Илија Миновски, ЦЕО во РИО ДООЕЛ – Илинден, цената на суровото кафе моментно е зголемена за повеќе од 70 отсто во однос на почетокот на    годината.

Се соочуваме со предизвици во однос на снабдувањето со суровина, поради драстичното зголемување на цените на кафето на берза, кое енормно е во постојан раст со што се достигнува рекордно ниво на висина на цената на кафето. Исто така, глобалните залихи на кафе се ограничени (поради климатските промени и сушата, проблеми со транспортот,  глобалната криза,..), значи намалена понуда, а цените се зголемуваат со самото зголемување на побарувачката. Како компанија, бележиме зголемени производните трошоци поради зголемената цена на основната суровина, вели Миновски за МИА.

Негова оценка е дека во овие услови, на речиси постојани поскапувања на храната, цените на кафето не може да бидат стабилни.

Цените не може да бидат стабилни, зашто кафето е берзански производ и моментно неговата цена е во постојан пораст. Ние како производители на кафе, мораме да ги зголемиме малопродажните цени, иако покачувањето на нашата цена е минимално во однос на условите кои ги диктира светската берза, истакнува Миновски.

Тој нагласува дека продажбата е во опаѓање во однос на претходните години, но се уште е на добро ниво со оглед на тоа што пазарот го бара и го сака турското кафе.

Се надеваме на стабилизација на берзата. Но, моментната состојба на берзата и информациите што ги имаме укажуваат дека нема да се намали цената или стабилизира за брзо време, дециден е Миновски.

Според „World of Statistics“, земјава лани беше на 18 место во светот по испиено кафе на жител годишно. Податоците велат дека пиеме по два милиона кафиња дневно или околу 730 – 800 милиони годишно. 

Се смета дека во светот дневно се пијат по три милијарди шолји кафе. Најголеми консументи се земјите од ЕУ со 46,8 милиони вреќи (од по 60 килограми) годишно што е 28,1 отсто од глобалната потрошувачка. На САД отпаѓаат 16,1 процент со 26,9 вреќи, а на трето место е Бразил со 22,9 милиони вреќи или 13,7 отсто. Потоа следуваат Германија со 5,7 отсто, Јапонија со 4,7 отсто, Индонезија со 3,3 проценти, Франција со 3,2 отсто, Италија со 3,1 процент, Русија со 2,9 отсто и Канада со 2,4 проценти. 

Според податоците на Меѓународната организација за кафе од 2020 година, 10 земји се најголеми производители. Предничат Бразил со 37,4 отсто од вкупната светска продукција или 63,4 милиони вреќи (од по 60 килограми) и Виетнам со 17,1 процент или 29 милиони вреќи. Потоа следуваат: Колумбија со 14,3 отсто, Индонезија со 7,1, Етиопија со 4,3, Хондурас со 3,6, Индија со 3,4, Уганда со 3,3, Мексико со 2,4 и Перу со 2,2 отсто од вкупната продукција. Во останатиот дел од светот се произведуваат 18,4 милиони вреќи или околу 15 отсто од вкупната продукција.

Во светот се евидентирани околу 12,5 милиони фарми за кафе, а 95 отсто до нив се помали од пет хектари. Скоро половината се во Етиопија, 2,2 милиона, во Уганда, 1,8 милиони и во Индонезиа, 1,3 милиони. Виетнам, Бурунди, Кенија и Колумбија имаат по 500 000 мали производители. Малите производители се р’бетот на оваа глобална индустрија, а најмалку 5,5 милиони живеат во сиромаштија со помалку од 3,2 долара на ден.

Тагови: кафе цени

Промовирани огласи »

Од утре во ЕУ стапува на сила голема промена во однос на полначите

Законот за USB-C полначи стапува на сила во Европската унија

Од сабота, 28 декември 2024 година сите мали и средни преносни електронски уреди што се продаваат во ЕУ мора да бидат компатибилни со USB-C порти за да се намали отпадот, пренесува Еуроњуз.

Од утре, на потрошувачите од ЕУ повеќе нема да им требаат различни полначи за нивните паметни телефони, таблети, камери, слушалки, конзоли за видео игри и други уреди, бидејќи портите за полнење USB од типот C ќе станат стандард за мобилни уреди низ Унијата.

Во 2022 година, Европскиот парламент и земјите-членки одлучија со огромно мнозинство да ги укинат алтернативните методи за полнење, што значи дека сите мали и средни преносливи електронски уреди што се продаваат во ЕУ мора да бидат компатибилни со USB-C портите.

Според правилата на ЕУ, потрошувачите исто така можат да се откажат од добивање на нов полнач со секој купен уред. Производителите на преносни компјутери ќе мора да ги следат истите правила од 28 април 2026 година.

Ана Кавацини, претседател на Комитетот за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите на Европскиот парламент, рече дека ова претставува „решителен чекор кон удобноста на потрошувачите и одговорноста за животната средина“.

Овие правила се однесуваат на справување со тоните отпад создадени од фрлените полначи секоја година и заштеда на околу 250 милиони евра за домаќинствата во ЕУ со елиминирање на непотребните купувања на полначи секоја година, додаде Кавацини.

Парламентот, исто така, најави дека „внимателно ќе следи“ како производителите се прилагодуваат на овие промени. Производителите на електронски уреди долго време се спротивставуваат на напорите на ЕУ за стандардизирање на технологиите за полнење.

Одлуката ќе влијае на сите продавачи, особено на Apple, кој првично ги оспори правилата, наведувајќи ја загриженоста за иновациите. Сепак, овој технолошки гигант почна да се прилагодува на директивата и се префрли на USB-C за своите уреди.

Промовирани огласи »

Северна Македонија има најниски просечни плати во регионот на Балканот.

Нето месечната плата во октомври изнесува 685 евра, соопшти Државната агенција за статистика.

Македонија заостанува зад соседните земји, каде работниците заработуваат повеќе. Во Босна и Херцеговина просечната плата е 720 еу, во Црна Гора – 944, во Србија – 842, во Хрватска – 1.340, а во Словенија – 1.514 евра, велат податоците на ЕСХС.

И покрај тоа што просечната нето плата е зголемена во однос на минатиот месец и што просечната плата во РМВ во последните 10 години е зголемена за околу 94%, Македонија и понатаму останува на дното на листите во Европа според висината на минимални плати.

Промовирани огласи »

Вработување во ZIA, Зегин, Хотел Мериот!

Огласи за работа во ZIA, Зегин, Хотел Мериот!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Хотелот Мериот е луксузен хотел на плоштадот Македонија кој нуди традиција и искуство кое ќе го направат вашиот ден незаборавен.

Моментално вработува:

ГОТВАЧ/ COOK
РЕЦЕПЦИОНЕР/ GUEST EXPERIENCE EXPERT
HOSTESS / ХОСТЕСА

КАМ доо е најголем национален хард-дисконт и трговец-лидер во малопродажбата во Македонија.

Моментално враборува:

АСИСТЕНТ НА ВОЗЕН ПАРК
СОРАБОТНИК ЗА ERP СИСТЕМИ

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

ВДЛ Ван Хоол Македонија е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.

Сите огласи од Ван Хоол Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Ел Дорадо 05 ДОО Скопје е основач на брендот ZIA кој работи повеќе од 7 години, и е пласиран на пазарот со 6 продажни локации, меѓу кои Г.Т.Ц., Приземје (спроти Жена парк), Т.Ц.Лептокарија (до Зегин од внатрешната страна), Capitol Mall, 1 спрат, East Gate Mall, Приземје, Skopje City Mall 1 спрат и Битола Широк Сокак.

Моментално вработува:

ПРОДАЖБА - EAST GATE MALL

ТБМ Гроуп е меѓу водечките европски компании кои организираат тематски бизнис конференции.

Моментално вработува:

JUNIOR SALES AGENT

Кромберг и Шуберт се фокусира на развој и производство на комплексни системи за ожичување за автомобилската индустрија.

Моментално вработува:

ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ТЕСТ ТАБЛИ
ДОСТАВУВАЧ НА МАТЕРИЈАЛИ НА ПРОЗИВОДНА ЛИНИЈА
ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО - БИТОЛА

Макстил е регионален лидер во производството на топловалани дебели лимови.

Моментално вработува:

ДАНОЧЕН ЕКСПЕЕРТ
ЛЕАР
МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР
ЕЛЕКТРИЧАР

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »