Промовирани огласи »

За учениците во основните и средните училишта почнува зимскиот  распуст од учебната 2024-2025 година. Наставата од второто полугодие ќе продолжи на 20 јануари. 

Учебната 2024-2025 ќе заврши традиционално на 10 јуни. Нема да биде продолжена како минатата учебна година, кога за основците заврши на 17 јуни,  бидејќи ќе нема пролетен распуст кој беше воведен лани (29 април – 6 мај 2024).

За оваа одлука Министерството за образование и наука во оваа учебна година анкетираше наставници, родители и ученици од повисоките одделенија и, како што информираше, мнозинството се изјасниле дека не сакаат пролетен распуст.  

Промовирани огласи »

Бесплатниот автобуски превоз за студентите во Скопје ќе продолжи и во 2025 година, откако Владата денеска на седница одлучи да му префрли 120 милиони денари на Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП - Скопје обезбедени со релоцирање од буџетот на Министерството за образование и наука.

Претходната Влада три години не обезбедуваше средства за оваа намена и немаше донесено ваква одлука. Оттука и недовербата која студентите ја имаа кон извршната власт. Ги уверувам треба да бидат спокојни затоа што новата Влада ги исполнува ветувањата и обврските кон граѓаните, а токму оваа наша одлука е потврда за тоа, рече премиерот Христијан Мицкоски, на заедничка прес-конференција во Владата со министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Бесплатниот јавен превоз, како што рече, ќе им овозможи поголема достапност и ќе ги ослободи од финансискиот товар со што ќе може повеќе да се фокусираат на студиите и личниот развој.

Министерката Јаневска се заблагодари на Владата и посочи дека студентите и следната година ќе имаат бесплатен превоз што е особено значајно за нив и е насушна потреба бидејќи во јануари имаат сесија.

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје претходно испрати апел до Владата и МОН на владина седница да овозможат релоцирање на средства со цел продолжување на бесплатниот превоз за студентите во 2025 година.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на крајот на минатиот месец изјави дека долгот на централните власти кон Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје од јануари идната година ќе изнесува десет милиони евра и оти Советот треба да дискутира дали воопшто ќе има бесплатен превоз.

Како што наведе Државниот завод за ревизија во извештајот што го објави во октомври, МОН две години не ги покривало трошоците за превоз на студентите, Владата не донела одлуки, иако продолжи бесплатниот превоз на студентите од ЈСП.

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции во Охрид на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Охрид, еден од најубавите и најпосетуваните градови во Македонија, нуди многу можности за вработување во различни сектори. За да го пронајдете вашето идеално работно место во Охрид, посетете го нашиот веб сервис KARIERA.mk, како и на нашите социјални мрежи каде многу работодавци објавуваат отворени позиции.

Во продолжение, разгледуваме кои се најчестите огласи за работа во Охрид и како најдобро да ги искористите овие можности.

Помошници во KAM маркет (Oхрид)
Агент за продажба во Охрид
Quality supervisor
Дипломиран фармацевт и фармацевтски техничар за работа во Охрид и Струга
Магационер Охрид

Се уште невработени?! Сите останати работни места можете да ги најдте ТУКА.

Промовирани огласи »

Песимизмот на работното место може да биде голем предизвик, особено кога влијае на мотивацијата, продуктивноста и општата работна атмосфера. За среќа, постојат начини како да се справите со оваа појава и да ја претворите во позитивна промена.

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат:

1. Идентификувајте го изворот на песимизмот

Најпрвин, обидете се да откриете зошто вие или вашиот тим чувствувате песимизам. Дали се тоа нереални рокови, недоволна поддршка од менаџментот, или можеби токсична работна култура? Разбирањето на причините е клучот за решавање на проблемот.

2. Фокусирајте се на решенија, а не на проблеми

Наместо да се задржувате на негативните аспекти, охрабрете се себеси и колегите да размислувате за можни решенија. Оваа промена во пристапот може да помогне во подобрување на колективната мотивација.

3. Комуницирајте отворено и конструктивно

Отворената комуникација може да го намали чувството на фрустрација. Споделете ги вашите мисли со тимот или менаџментот, но направете го тоа на конструктивен начин, фокусирајќи се на можности за подобрување.

4. Применете позитивно размислување

Иако е полесно да се каже отколку да се направи, обидете се да се фокусирате на позитивните аспекти на вашата работа. Одвојте време да го препознаете и прославите успехот – дури и најмалите достигнувања.

5. Создајте поддржувачка средина

Поддршката од колегите е клучна за справување со негативноста. Поттикнете тимска работа и градење на односи базирани на доверба и почит.

6. Побарајте професионална помош ако е потребно

Ако песимизмот е премногу длабок и постојан, размислете за консултирање со професионален тренер или психолог. Понекогаш, надворешна перспектива може да направи голема разлика.

Промената на ставот и работната култура не се случува преку ноќ, но со трпеливост, разбирање и акција, можете да создадете попозитивна и инспиративна работна средина.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »