Промовирани огласи »

Од утре, личните документи и возачките дозволи со старото уставно име на државата повеќе нема да важат. Граѓаните кои ќе бидат затекнати со стара возачка дозвола ќе се соочат со парична казна од 100 евра.

Министерството за внатрешни работи информира дека процесот на замена на документите тече непречено. На пунктовите не се забележува метеж, а службите работат со полн капацитет.

Според одредбите на Преспанскиот договор, со промената на уставното име, граѓаните беа задолжени да ги заменат своите патни исправи, личните карти и возачките дозволи со нови документи.

Промовирани огласи »

Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќни празници ќе биде без наплата за сите граѓани.

Согласно Одлуката на претпријатието, на 01.01.2025 година (среда) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат без наплата за сите граѓани.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 02.01.2025 година (четврток) со вообичаено работно време.

За време на божиќните празници на 06.01. (понеделник), 07.01. (вторник) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата за граѓаните. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 08.01.2025 година (среда) со вообичаено работно време.

Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците како и паркиралиштето Дилајла кое е со автоматска наплата. Тимот на ЈП Паркинзи на Општина Центар Ви посакува среќни новогодишни и божиќни празници.

Промовирани огласи »

За учениците во основните и средните училишта почнува зимскиот  распуст од учебната 2024-2025 година. Наставата од второто полугодие ќе продолжи на 20 јануари. 

Учебната 2024-2025 ќе заврши традиционално на 10 јуни. Нема да биде продолжена како минатата учебна година, кога за основците заврши на 17 јуни,  бидејќи ќе нема пролетен распуст кој беше воведен лани (29 април – 6 мај 2024).

За оваа одлука Министерството за образование и наука во оваа учебна година анкетираше наставници, родители и ученици од повисоките одделенија и, како што информираше, мнозинството се изјасниле дека не сакаат пролетен распуст.  

Промовирани огласи »

Бесплатниот автобуски превоз за студентите во Скопје ќе продолжи и во 2025 година, откако Владата денеска на седница одлучи да му префрли 120 милиони денари на Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП - Скопје обезбедени со релоцирање од буџетот на Министерството за образование и наука.

Претходната Влада три години не обезбедуваше средства за оваа намена и немаше донесено ваква одлука. Оттука и недовербата која студентите ја имаа кон извршната власт. Ги уверувам треба да бидат спокојни затоа што новата Влада ги исполнува ветувањата и обврските кон граѓаните, а токму оваа наша одлука е потврда за тоа, рече премиерот Христијан Мицкоски, на заедничка прес-конференција во Владата со министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Бесплатниот јавен превоз, како што рече, ќе им овозможи поголема достапност и ќе ги ослободи од финансискиот товар со што ќе може повеќе да се фокусираат на студиите и личниот развој.

Министерката Јаневска се заблагодари на Владата и посочи дека студентите и следната година ќе имаат бесплатен превоз што е особено значајно за нив и е насушна потреба бидејќи во јануари имаат сесија.

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје претходно испрати апел до Владата и МОН на владина седница да овозможат релоцирање на средства со цел продолжување на бесплатниот превоз за студентите во 2025 година.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на крајот на минатиот месец изјави дека долгот на централните власти кон Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје од јануари идната година ќе изнесува десет милиони евра и оти Советот треба да дискутира дали воопшто ќе има бесплатен превоз.

Како што наведе Државниот завод за ревизија во извештајот што го објави во октомври, МОН две години не ги покривало трошоците за превоз на студентите, Владата не донела одлуки, иако продолжи бесплатниот превоз на студентите од ЈСП.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »