Промовирани огласи »

Најголемата домашна конференција која во фокусот ги има маркетингот и дигиталните комуникации AllWeb, ќе се одржи на 17 ноември во Скопје. На конференцијата ќе се разговара за најактуелните теми и предизвици од областа на дигиталниот маркетинг, креирање на содржина и е-трговија. AllWeb има веќе две успешни конференции кои се одржале во Тирана, Албанија.

Дел од говорниците се веќе познати: Хајмо Хамер од Kraftwerk кој го нарекуваат „Австристиот господин дигитал“ и кој има работено за повеќе од 2000 кампањи за огласување и за клиенти како Coca-Cola, Redbull и Domino`s Pizza, Матеј Лончарич од Joomboos, експерт за работа со YouTube инфлуенсери, кој ќе говори за создавањето и работењето со YouTube ѕвезди и на барање на публиката, еден од говорниците ќе биде и Дејв Бирс, поранешниот директор на OgilvyOne, McCann Worldgroup and Poke и плус, со неговите нови проекти openforideas.org и rightthinking.co.

Дарко Булдиоски, програмскиот директор на конференцијата ја дал следнава изјава:

AllWeb и годинава ќе понуди квалитетни и инспиративни говорници. Среќни сме што може да најавиме уште двајца врвни говорници со кои годинешнава програма уште повеќе добива на тежина. Отвараме нова голема и важна тема - е-трговија. Преку неа и останатите теми ќе се обидеме на компаниите да им одговориме како најдобро да пливаат во денешното сложено маркетинг опкружување каде Интернетот се повеќе доминира.

Влезниците за конференцијата се веќе во продажба, а актуелни се Early Bird влезниците кои се со 50 евра пониска цена од регуларните и можат да се купат најдоцна до 30.10 преку allweb.mk. 

Промовирани огласи »

Тимот на KARIERA.mk со вас го споделува правилото на 5 минути. Сметаме дека на многумина ќе им помогне!

Со ова правило имате можност да се ослободите од одолговлекувањето и мрзеливоста:

Доколку нешто не сакате да правите, а знаете дека морате, направете договор со самите себеси дека тоа ќе го правите барем 5 минути. По петте минути, Вие сосема ќе заборавите на зададениот рок и ќе ја завршите задачата

И тоа е точно. Сетете се колку пати сте чуле дека најдобриот начин да се заврши нешто е да се започне со истото. Мотивирањето на почетокот е најголемата борба – потоа е многу полесно да се преземат првите чекори.

Промовирани огласи »

Ма­ке­до­ни­ја е ед­на од зем­ји­те во Ев­ро­па со нај­ви­сок про­цент на сопс­тве­ни­ци на до­мо­ви, ду­ри 85 от­сто од Ма­ке­дон­ци­те жи­ве­ат во сопс­тве­но жи­ве­а­лиш­те. По овој по­ка­за­тел пред нас е са­мо Ро­ма­ни­ја, со ре­чи­си 95 от­сто сопс­тве­ни­ци на ста­но­ви. Со Хр­ва­ти­те го де­ли­ме ис­ти­от про­цент, а сле­ду­ва­ат Лит­ва­ни­ја (84 от­сто), Сло­вач­ка (81 от­сто), Бу­га­ри­ја (80 от­сто), Ср­би­ја (79 от­сто) и Пол­ска (74 от­сто). Нај­ни­зок про­цент на сопс­тве­ни­ци на до­мо­ви има во Швај­ца­ри­ја, Хо­лан­ди­ја и Швед­ска со под 10 от­сто, но та­му е мно­гу по­го­лем про­цен­тот (од 50 до 60 от­сто) на тие што по­се­ду­ва­ат жи­ве­а­лиш­те под хи­по­те­ка или го от­пла­ќа­ат пре­ку дол­го­ро­чен кре­дит. Ова го по­ка­жу­ва­ат по­да­то­ци­те од „Из­веш­тајот за до­му­ва­ње­то“ на ме­ѓу­на­род­на­та ор­га­ни­за­ци­ја „Ха­би­тат фор ху­ма­ни­ти“.

Во из­веш­та­јот се на­ве­ду­ва ка­ко до­бар при­мер при­ва­ти­за­ци­ја­та на оп­штес­тве­ни­те ста­но­ви во зем­ји­те од по­ра­неш­ни­от со­ци­ја­лис­тич­ки блок и на СФР Ју­гос­ла­ви­ја по 1990 го­ди­на, ко­ја до­ве­де до тоа го­лем број жи­те­ли на овие др­жа­ви да ста­нат сопс­тве­ни­ци на ста­но­ви.

- Ре­чи­си 80 про­цен­ти од стан­бе­ни­от фонд на Ма­ке­до­ни­ја бе­ше соз­да­ден ме­ѓу 1960 и 1980 го­ди­на- се ве­ли во де­лот на из­веш­та­јот за Ма­ке­до­ни­ја.

Спо­ред ана­ли­за­та на „Ха­би­тат“ ма­ке­дон­ски­те до­ма­ќин­ства од­во­ју­ва­ат 19,7 от­сто од вкуп­ни­те при­хо­ди за тро­шо­ци­те по­вр­за­ни со до­му­ва­ње­то, во кои вле­гу­ва­ат ки­ри­и­те, ко­му­нал­ни­те смет­ки и одр­жу­ва­ње­то. Овој про­цент ја ста­ва Ма­ке­до­ни­ја мал­ку под про­се­кот на Ев­ро­па за тро­шо­ци за до­му­ва­ње, кој из­не­су­ва 22 от­сто. По­ве­ќе од нас тро­шат Гр­ци­те, на кои за до­му­ва­ње им одат ре­чи­си тре­ти­на од те­ков­ни­те при­хо­ди, Бу­га­ри­те и Ср­би­те со 28 от­сто, Ун­гар­ци­те со 24 от­сто, а Ро­ма­ни­ја и Сло­вач­ка се блис­ку до ев­роп­ски­от про­сек од 22 от­сто. Ев­роп­ски­от про­сек го кре­ва­ат уш­те и Дан­ци­те, кои тро­шат 27 от­сто од при­хо­ди­те за до­му­ва­ње, Гер­ман­ци­те со 23 от­сто и Че­си­те со 21 от­сто.

Оп­што зе­ме­но по­ве­ќе од 10 от­сто од ев­роп­ски­те до­ма­ќин­ства тро­шат над по­ло­ви­на од до­маш­ни­те при­хо­ди за тро­шо­ци­те за до­му­ва­ње, по­ка­жу­ва­ат по­да­то­ци­те на „Ха­би­тат“. До­ма­ќинс­тва­та со ни­ски при­хо­ди кои тро­шат над 40 от­сто од бу­џе­тот за стан­бе­ни тро­шо­ци ста­ну­ва­ат се пом­но­губ­рој­ни во це­ла Ев­ро­па, а овој тренд е осо­бе­но из­ра­зен во ур­ба­ни­те цен­три со ди­на­ми­чен раз­вој и во не­раз­ви­е­ни­те ре­ги­о­ни.

Си­ту­а­ци­ја­та е по­теш­ка во Цен­трал­на и Ис­точ­на Ев­ро­па, ка­де што не­кои до­ма­ќин­ства од­де­лу­ва­ат за смет­ки­те за гре­е­ње по­ме­ѓу 30 и 50 от­сто од сво­и­те при­хо­ди во те­кот на зи­ма­та. Спо­ред ана­ли­за­та, др­жа­ви­те што се прик­лу­чи­ја кон ЕУ во 2004 го­ди­на ка­ко Ун­га­ри­ја, Пол­ска и Сло­вач­ка се спра­ву­ва­ат зна­чи­тел­но по­доб­ро од Ро­ма­ни­ја, Бу­га­ри­ја и зем­ји­те над­вор од ЕУ.

Промовирани огласи »

Вложување во биткоини е помалку предвидливо од играње рулет во казино, вели рускиот министер за економски развој на Русија Максим Орешкин.

Според неговите зборови, неквалификуваните инвеститори не би требало да имаат пристап до инструменти со така висока волатилност.

Што се однесува до биткоинот, ако погледнете како се движи неговата вредност, се зголемува за десетина проценти, а потоа толку падне ... тоа е полошо од казино. Прво, заработувате, заработувате, добро ви оди, а потоа изгубите се, и немате ништо, рекол Орешкин.

Оние кои не знаат како да управуваат со ризици и такви средства со таква нестабилност не би требало да имаат опција да инвестираат, бидејќи во 99,9 одсто, случаи резултатот е загуба за такви луѓе и потоа ќе се најде во тешка животна ситуација што не е добро, додал Орешкин.

Рускиот министер предложил трговија со биткоини да им се овозможи само на квалификувани инвеститори. На пример, за да го добиете тој статус, потребно е да имате најмалку шест милиони рубљи на ваша сметка, или сте работеле најмалку две години во финансиска институција која тргувала со хартии од вредност.

Рускиот претседател Владимир Путин конечно дал зелено светло за создавање национални криптовалути. 

Орешкин важи за министер кој му е омилен на Путин. Се споменува како човек за иднината и иден премиер.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »