Промовирани огласи »

Значително поскапување од вечерва на полноќ на сите горива во Македонија.

Регулаторната комисија за енергетика одлучи цената на ЕВРОСУПЕР 95 да се зголеми за 1 денар, и од утре ќе се продава по цена од 78 денари по литар. Се покачува и цената на ЕВРОСУПЕР 98 и од утре ќе се продава за 1,5 денари поскапо, односно ќе изнесува 80,5 денари по литар.

Поскапува и ЕВРОДИЗЕЛ кој од утре ќе се продава за 72,5 денари, или поскапо за 1,5 денари.

Се покачува и цената на Екстралесното масло за домаќинство за 1,5 денари, и според новата цена ќе се продава за 72 денари. Мазутот поевтинува за 0,1 денар и од утре ќе се продава по цена од 45,7 денари по килограм. 

Промовирани огласи »

Во брзиот свет на модерното работење, добрата меморија е од суштинско значење за да ги завршите задачите ефикасно.

Подолу се пет практични совети кои ќе ви помогнат да ја подобрите вашата меморија и да го зголемите вашиот продуктивен потенцијал.

1. Создавајте јасни приоритети и списоци

Организацијата е основа за подобра меморија. Запишувајте ги задачите што треба да ги завршите во текот на денот. Употребата на апликации или планери може да ви помогне визуелно да го следите напредокот и да ги намалите шансите за заборавање на важни детали.

2. Визуелизирајте ги информациите

Нашиот мозок лесно памти слики и визуелни асоцијации. Претворете ги информациите што треба да ги запомните во дијаграми, мапи на умот или симболични цртежи. Ова ќе го направи процесот на паметење многу поефективен.

3. Вежбајте редовно

Физичката активност не е добра само за телото, туку и за мозокот. Редовното вежбање го поттикнува протокот на крв до мозокот, што ја подобрува когнитивната функција и помага за подобро задржување на информации.

4. Зголемете ја концентрацијата со мини-паузи

Кога работите долги часови, мозокот може да стане преоптоварен, што води до заборавање. Воведете кратки паузи од 5-10 минути на секои 50 минути работа за да го освежите мозокот. Техниката Помодоро може да биде одлична алатка за подобра концентрација.

5. Јадете здраво и спијте доволно

Исхраната богата со антиоксиданси, омега-3 масни киселини и витамини ќе го поттикне здравјето на вашиот мозок. Исто така, спиењето е клучно за консолидација на меморијата, па осигурете се дека спиете 7-8 часа секоја ноќ.

Со примена на овие совети, не само што ќе ја подобрите вашата меморија, туку и ќе станете попродуктивни и организирани. Вложете време во развивање на овие навики и резултатите нема да изостанат.

Промовирани огласи »

Во Солун е потврден првиот случај на човечкиот метапневмовирус ХМПВ, како што објавија медиумите, кај 71-годишен маж, кој е хоспитализиран, додека пак според грчките епидемиолози и министерот за здравство, нема простор за паника, бидејќи како што објаснуваат, станува збор за вирус познат над 20 години, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчките медиуми објавија дека мажот се заразил од неговата ќерка која била во Кина на одмор, каде што во моментов постои епидемија на метапневмовирусот.

Во интервју за грчката телевизија „Антена“ министерот за здравство Адонис Георгиадис рече дека „не постои никаква причина за загриженост“, бидејќи станува збор за познат вирус, но и објасни дека побарале темелна анализа на потврдениот случај за да видат дали можеби станува збор за сој што не е познат или дали има некои опасни карактеристики.

Метапневмовирусот не е нешто ново, како што беше Ковид во 2019 година, кога започна од Кина. Станува збор за познат вирус кој напаѓа луѓе што со нарушено здравје или мали деца, кои сè уште немаат развиено имунитет, објасни Георгиадис.

Професорот по епидемиологија на Медицинскиот факултет во Атина, Гикас Мајоркинис за државната телевизија ЕРТ посочи дека метапневмовирусот е „вирус за кој знаеме најмалку од 2001 година и за кој студиите покажаа дека кај луѓето постои со децении“ и дека засега, не е особено опасен, „иако може да одведе многу деца, како и луѓе кои припаѓаат на високоризични групи, во болница“.

Една студија покажа дека антителата за вирусот се откриени од 1958 година. Исто така, истражувањата покажаа дека во Холандија биле заразени сите деца до петгодишна возраст, што значи дека тоа е вирус што веројатно сите сме го фатиле кога сме биле мали и не е нешто ново, посочи Мајоркинис.

Професорот објасни дека не постои вакцина или специфичен третман за ХМПВ, бидејќи се смета дека предизвикува релативно блага респираторна инфекција и не станува збор за сериозен вирус.

Коментирајќи ја загриженоста што постои поради случаите во Кина, истакна дека непотребно зазема големи размери и создава паника бидејќи „врз основа на податоците што постојат, најверојатно станува збор за „hype“ на социјалните мрежи, без да има вистинска основа“.

Промовирани огласи »

KARIERA.mk со задоволство го најавува првиот настан за новата 2025 година на 30.01. во Хотел Панорамика како дел од големата кампања за ментално здравје. Овојпат, фокусот е ставен на тимовите и улогата на нивното ментално здравје како приоритет за создавање здраво (опкружување) работна средина.

Ве покануваме на еднодневна работилница со две докажани експерти на овие популарни теми.

Розалија Секулоска 

Мр по развојна психологија. Има завршено повеќе психолошки школи, Трансакциона анализа (ТЕА), Когнитивно - бихејвјор психотерапија ( КБТ), ОЛИ интегративна психотерапија и се здобива со звање советник психотерапевт. Доедукацијата во областа на менталното здравје го продолжува завршувајќи ЕМДР техника за работа со трауми, Фрактално цртање ( дел од Арт терапијата) за работа со деца и возрасни, Системски семејни констелации и многу други. Член е на Комората на Психолози на Р.С. Македонија. Има напушано две книги :"Моќ наречена надеж" и " Креативно решавање на забрани низ мандалата". Работи со деца и возрасни16+ години. Често гостува на медиумите и активно учествува во кампањи со цел кревање на свесноста за менталното здравје.

Цветанка Штерјова Бурзевска

Психолог, гешталт советник и психотерапевт, практичар и тренер по арт терапија, на магистарски студии по Клиничка и Советодавна Психологија и на мастер студии по Арт терапија (Шпанија), основач на метод за работа со Сеќавања преку Гешталт Арт Терапија, практичар за свесност (mindfulness), активна членка на ЕФАТ (Европска федерација за уметничка терапија www.arttherapyfederation.eu) (2020) - дел од Комитетот за комуникација на ЕФАТ (одбор од 5 члена - одговорна за Денови на Арт терапија во Европа) (2021), професионален член на IEATA ( International Expressive Arts Therapies Association www.ieata.org ) (2022 година), професионален член на Европска Асоцијација на Гешталт терапевти, практичар и едукатор на Протоколот на работа со Третман на Траума преку Арт терапија.

Во текот на работилницата, ќе разговараме за стратегии како:

  • Човечноста да стане водечки принцип во секојдневната работа
  • Да изградите тим кој ќе биде отпорен на стрес
  • Да создадете динамика на работа базирана на разбирање и соработка а притоа да може да спроведувате и соодветни техники на наградување и казнување
  • Како полесно да успееме да ги пребродиме потешкотиите во нашиот кариерен ангажман без притоа силно да влијаат на нашите приватни животи?

И уште многу популарни теми на агендата за кои ретко зборуваме а секојдневно ни создаваат потешкотии во нормалнато функционирање!

Ставете го вашето ментално здравје и менталното здравје на вашиот тим во преден план!

Настан за сите професионалци кои водат тимови и за сите оние кои се спремни да поработат на своето ментално здравје и ги ускладат своите приватни и бизнис обврски во овој брз и модерен свет.

📍 Скопје, Хотел Панорамика
📅 30.01.2025

🎟️ Early Bird цена: 3.000 денари + ДДВ

📩 Обезбедете го вашето место ТУКА

Или за карти на фактура пишете ни на [email protected]

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »