Промовирани огласи »

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски најави дека конечно ќе се воспостави директна линија од Скопје до Амстердам. Тоа според него е огромна можност за туризмот во Македонија. Другата вест која ја сподели Николоски е дека авиокомпанијата Изиџет формално поднела документи во министерството за Скопје-Париз до аеродромот “Орли”, кој што е најблиску до центарот на Париз.

Тој потенцираше дека во наредниот период се очекува да бидат потврдени уште 3-4 дестинации до кои ќе се лета од македонските аеродроми. Во однос на состојбата во која како министер ги затекнал аеродромите во државата, тој истакна: 

Во услови каде приштинскиот аеродром го заминува скопскиот, а охридскиот ќе добие сериозна конкуренција во аеродромот во Валона кој што се гради во моментов, како и во помалите грчки аеродроми во северниот дел на Грција, сфатив дека мора да направиме драстична промена. Таа промена ја направивме со политиката на субвенционирање на летови, каде што прво субвенциите ќе одат по патник кој што доаѓа во Македонија, а не по патник кој што заминува од државата, како што правела претходната власт. Второ, драстично се зголемени субвенциите, и за охридскиот аеродром се повисоки од скопскиот, со цел привлекување на туристи. Тоа ги даде првите резултати и веќе имаме 8 нови линии. Од Скопје ќе се лета до Дубаи, Барселона, Лион и Штутгарт, а од Охрид како дестинации се потврдени Базел и главниот аеродром во Истанбул”, истакна Николоски, кој додаде дека поврзувањето со овој аеродром во Истанбул веќе донесе и резервации на карти од Сиднеј, Вашингтон, Торонто и други светски метрополи до Охрид, потенцираше вицепремиерот Николоски.

Промовирани огласи »

Во 2025 година, трендовите за вработување се фокусирани на експанзијата на индустрии како вештачка интелигенција (AI) и машинско учење (ML), кои бележат раст од 36%. Други значајни индустрии со пораст се нафтената и гасната индустрија (13%), FMCG (12%), и здравството (12%). Според извештаите, AI-умеењата стануваат клучни, со организации што даваат приоритет на кандидати со техничко знаење и капацитет за брзо учење. Компании како Magellanic Cloud и Happiest Minds Technologies инвестираат во обука за AI, нагласувајќи важноста на адаптабилноста и континуираното надградување.

Критични вештини за 2025 година вклучуваат програмски јазици како Python, R, и TensorFlow, познавање на NLP и невронски мрежи, како и способности за обработка на големи податоци (Hadoop, Spark) и аналитички алатки (Tableau, Power BI). Побарувачката за AI етика исто така расте, со акцент на управување со AI, откривање пристрасности и законите за приватност на податоци. Во секторот за компјутерска визија, експертизата во OpenCV и 3D моделирање станува значајна, додека AI продукт менаџментот бара стратешко размислување и проектно управување.

Миграцијата на вработените во IT секторот е на врвот, со 82% од професионалците што планираат да ги сменат своите работни места во април, што создава притисок врз HR тимовите. Одложувањата во циклусите за оценување на перформансите, особено од октомври-декември, придонесуваат за несигурност кај компаниите. Градови како Бенгалуру се водечки за AI работни места, додека Ченај, Хајдерабад и Коимбатор покажуваат значителен раст во вработувањето. За професионалците, унапредувањето на вештините и ажурирањето на CV-то се неопходни за да останат конкурентни.

Промовирани огласи »

Менталното здравје е еден од најважните, но често занемарени аспекти на нашето секојдневие, особено на работното место. Притисокот, динамиката и високите очекувања можат да доведат до стрес и исцрпеност, што директно влијае на продуктивноста и благосостојбата на вработените.
 

Затоа ја спроведуваме оваа анкета со цел да дознаеме како менталното здравје влијае на работната средина, кои се најчестите предизвици и каква поддршка е потребна. Вашите одговори ќе ни помогнат да ги идентификуваме реалните потреби и да создадеме практични решенија за подобрување на менталната благосостојба.

Анкетата е наменета за сите кои сакаат да придонесат кон подобро разбирање и управување со менталното здравје без разлика дали сте менаџер, HR професионалец, или вработен кој сака позитивни промени.

Вашиот глас ќе биде дел од основата за дискусија на нашата работилница за ментално здравје, што ќе се одржи на 30.01.2025 во хотел Панорамика, Скопје.

👉 Пополнете ја анкетата ТУКА

🎟 Купете карти за работилницата ТУКА

Придружете ни се и помогнете да изградиме работни места каде менталното здравје е приоритет!

Промовирани огласи »

Поскапувањето на становите во Македонија никако да запре. Според податоците на Народната банка само во последниот квартал од 2024 година цената на становите пораснала за 10,6%. Но ова не е исклучок. Цената е во постојан пораст во текот на целата година па така имаме пораст од 4,6%, во првиот квартал, во вториот од 11,5%, а во третиот 8%.

Драстичното поскапување на становите започна пред речиси 3 години каде кон крајот на 2021 година порастот изнесуваше 11.3% за да продолжи во текот на цела 2022 година каде ја достигна кулуминацијата од 21,3%.

Во Скопје, просечната највисока цена на квадратен метар лани изнесувала 1.680 евра. Во декември просечната цена на становите во општина Центар изнесувала 1.919 евра, во Карпош 1.852, а во Аеродром 1.696 евра.

Во последните години растат и цените на становите во другите градови во земјава како што и расте интересот за градење.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »