Промовирани огласи »

Во 2025 година, трендовите за вработување се фокусирани на експанзијата на индустрии како вештачка интелигенција (AI) и машинско учење (ML), кои бележат раст од 36%. Други значајни индустрии со пораст се нафтената и гасната индустрија (13%), FMCG (12%), и здравството (12%). Според извештаите, AI-умеењата стануваат клучни, со организации што даваат приоритет на кандидати со техничко знаење и капацитет за брзо учење. Компании како Magellanic Cloud и Happiest Minds Technologies инвестираат во обука за AI, нагласувајќи важноста на адаптабилноста и континуираното надградување.

Критични вештини за 2025 година вклучуваат програмски јазици како Python, R, и TensorFlow, познавање на NLP и невронски мрежи, како и способности за обработка на големи податоци (Hadoop, Spark) и аналитички алатки (Tableau, Power BI). Побарувачката за AI етика исто така расте, со акцент на управување со AI, откривање пристрасности и законите за приватност на податоци. Во секторот за компјутерска визија, експертизата во OpenCV и 3D моделирање станува значајна, додека AI продукт менаџментот бара стратешко размислување и проектно управување.

Миграцијата на вработените во IT секторот е на врвот, со 82% од професионалците што планираат да ги сменат своите работни места во април, што создава притисок врз HR тимовите. Одложувањата во циклусите за оценување на перформансите, особено од октомври-декември, придонесуваат за несигурност кај компаниите. Градови како Бенгалуру се водечки за AI работни места, додека Ченај, Хајдерабад и Коимбатор покажуваат значителен раст во вработувањето. За професионалците, унапредувањето на вештините и ажурирањето на CV-то се неопходни за да останат конкурентни.

Промовирани огласи »

Менталното здравје е еден од најважните, но често занемарени аспекти на нашето секојдневие, особено на работното место. Притисокот, динамиката и високите очекувања можат да доведат до стрес и исцрпеност, што директно влијае на продуктивноста и благосостојбата на вработените.
 

Затоа ја спроведуваме оваа анкета со цел да дознаеме како менталното здравје влијае на работната средина, кои се најчестите предизвици и каква поддршка е потребна. Вашите одговори ќе ни помогнат да ги идентификуваме реалните потреби и да создадеме практични решенија за подобрување на менталната благосостојба.

Анкетата е наменета за сите кои сакаат да придонесат кон подобро разбирање и управување со менталното здравје без разлика дали сте менаџер, HR професионалец, или вработен кој сака позитивни промени.

Вашиот глас ќе биде дел од основата за дискусија на нашата работилница за ментално здравје, што ќе се одржи на 30.01.2025 во хотел Панорамика, Скопје.

👉 Пополнете ја анкетата ТУКА

🎟 Купете карти за работилницата ТУКА

Придружете ни се и помогнете да изградиме работни места каде менталното здравје е приоритет!

Промовирани огласи »

Поскапувањето на становите во Македонија никако да запре. Според податоците на Народната банка само во последниот квартал од 2024 година цената на становите пораснала за 10,6%. Но ова не е исклучок. Цената е во постојан пораст во текот на целата година па така имаме пораст од 4,6%, во првиот квартал, во вториот од 11,5%, а во третиот 8%.

Драстичното поскапување на становите започна пред речиси 3 години каде кон крајот на 2021 година порастот изнесуваше 11.3% за да продолжи во текот на цела 2022 година каде ја достигна кулуминацијата од 21,3%.

Во Скопје, просечната највисока цена на квадратен метар лани изнесувала 1.680 евра. Во декември просечната цена на становите во општина Центар изнесувала 1.919 евра, во Карпош 1.852, а во Аеродром 1.696 евра.

Во последните години растат и цените на становите во другите градови во земјава како што и расте интересот за градење.

Промовирани огласи »

Дознајте што ве очекува на работилницата за ментално здравје, која ќе се одржи на 30 јануари 2025 во хотел Панорамика, Скопје. Со водство на нашите искусни говорнички, Розалија Секулоска - магистер психолог и психотерапевт, и Цветанка Штерјова Бурзевска - психолог и гешталт арт психотерапевт, ќе се фокусираме на најважните аспекти на менталното здравје.


Настанот ќе понуди практични стратегии, алатки и активности што ќе ви помогнат да го ставите менталното здравје – и вашето и на вашиот тим – во центарот на секојдневното работење

Во продолжение, ви ја споделуваме целосната агенда за работилницата:

08:30-09:00 – РЕГИСТРАЦИЈА
09:00-09:30 - ВОВЕД

ICE BREAKER - почетна вежба и запознавање

9:30-10:30 Разбирање на стресот на работното место

Психологија на стресот

  • Дефинирање на стресот на работното место
  • Истражување на физиолошките, емоционалните и бихејвиоралните ефекти
  • Истакнување на влијанието на стресот врз продуктивноста и динамиката на тимот

Групна Активност - Вежба за мапирање на стрес

10:30-11:15 - КАФЕ ПАУЗА

11:15-12:15 Психолошки стратегии за поддршка на вработените

Идентификување на знаци на стрес кај вработените

  • Бихејвиорални, емоционални и физички показатели
  • Рана интервенција:
  • Како да препознаете кога е потребна поддршка
  • Практични интервенции
  • Техники за активно слушање за професионалци за човечки ресурси
  • Обезбедување психолошка прва помош
  • Создавање култура на отворена комуникација

групна Активност - Сценарија за играње улоги / mindfulness

12:15-12:45 Изградба на рамка за поддршка

  • Создавање флексибилни и „здрави“ работни средини
  • Нудење ресурси и резилиентност за ментално здравје и советување
  • Спроведување на редовни проценки на стресот

Групна Активност - Креирање на акционен план

12:45-13:30 - Q&A И СЛЕДНИ ЧЕКОРИ

Сите заинтересирани за работилницата можете да ги набавите вашите карти ТУКА, а за повеќе информации контактирајте не на 077 888 722 или пак на [email protected]  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »