Компанијата ПРИМА.МК ДОО е во потрага по Правник во сектор Правo и Логистика
ПРИМА.МК е дел од интернационалната корпорација ПРИМА ГРУП, специјализирана за увоз и дистрибуција на водечки тутунски производи https://primamk.com/mk/%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%BC%D0%B0-%D0%BC%D0%BA-mkd/
Одговорности и задачи од Правниот дел:
- Изготвување на правни акти на организациско ниво (договори за деловна соработка, спогодби за раскинување, измени опомени и сл.)
- Подготовка на документација која е поврзана со сите јавни институции во делокругот на работењето на компанијата согласно законските одредби
- Подготовка на документација за пред надлежни Нотари, Адвокати и Судови
- Секојдневно следење на Службен Весник за објавени огласи и прописи поврзани со делокругот на работење на компанијата
- Давање на анализа на закони и законски прописи
- Прием, подготовка и достава на административни материјали/документи поврзани со тековно работење.
- Обезбедување на документи од државни органи и надлежни институции
- Извршување на други задачи во согласност со стручната спрема.
- Подготовка на целокупна документација поврзана со тужби пред надлежни органи
Одговорности и задачи во делот на Вработените
- Пријава и одјава на вработени
- Изработка на договори за работа, спогодби, решенија и се поврзано со досие на еден вработен
- Водење евиденција за одмор на вработените
- Подготвување на интерни акти поврзани со работењето на компанијата и вработените
- Водење евиденција и изработка на документација за Безбедност и Здравје При работа
Одговорности и задачи во делот Логистика
- Комуникација со шпедиција, царинската управа, народна банка и ДХЛ
- Изготвување на документација поврзана со испраќање на акцизни марки во фабриките кај производителот
Ве молиме испратете и биографија на македонски јазик на следнава емајл адреса [најави се за да го видиш е-маилот] Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.
Известување-за-приватност-за-кандидати-за-вработување-.pdf (primamk.com)
Останати огласи »