Многу компании немаат волја за да ги користат социјалните медиуми за нивниот бизнис затоа што се ограничени со време и маркетинг ресурси. Постои и прашањето на дали воопшто се исплаќа и одговорот е да!
Посветувањето само неколку часа неделно на социјалните медиуми може да и помогне на компанијата да ја зголеми свеста за нивното постоење, зголемување на кредибилитетот, зајакнување на врската со потрошувачот, градење на лојалност кон брендот и растење на бизнисот.
Всушност, денес е тешко да се преценува важноста на социјалните медиуми во бизнисот. Ако нашите блиски пријатели или колеги на кои им веруваме користат одреден производ и истиот им се допаѓа, ние претпоставуваме дека ќе ни се допаѓа и нас. Овие таканаречени „разговори“ се случуваат се почесто на LinkedIn, Facebook, Twitter и останатите социјални медиуми многу пред прашањата и продажбата. Да се биде дел од разговорот кое проектира пристапност и кредибилитет е моќна маркетинг алатка. Исто така, слушањето на тие разговори и забележувањето на кажаното, препорачаното па дури и критикуваното може да бидат еднакво моќни и да служат за дополнително да се информирате.
Пред да почнете со користење на социјалните медиуми за маркетинг, важно е да имате ефективен веб сајт бидејќи секоја социјална мрежа ќе ги носи корисниците токму до него.
Создадете план
Клучно е да креирате план и да бидете реални за времето што го имате на располагање и колку социјални медиуми може да користете, затоа што можно е да ви бидат премногу.
- Доколку имате време блогирајте - ова е одлична комуникациска алатка за зголемување на кредибилитето на теми кои ве интересираат.
- Доколку времето ви е премалку вработете професионалец - хонорарните новинари или специјалист за човечки односи, кој може да ја врши работата наместо вас.
Важно е да запони дека со социјалните медиуми константноста е клучна. Избегнувајте да бидете активни една недела активно, па потоа еден месец да сте неактивни бидејќи делувате несериозно во очите на корисниците.
Социјални медиуми
Facebook, LinkedIn и Twitter се одлични медиуми за бизнис. На кој медиум ќе го посветите вашето време зависи единствено од вашата база на потрошувачи.
- Facebook ви ја нуди најголемата мешавина на демографии од сите социјални медиуми, но е посебно популарна кај возрасните кои имаат години од 25-54.
- LinkedIn се смета за најдобриот B2B социјален медиум бидејќи е најлесниот за поврзување со професионални бизнисмени. Приоритет на LinkedIn е градењето врски и понудата на група или повеќе групи за скоро секоја можна индустрија која постои.
- Twitter е одлична за споделување вести, содржина и фотографии и сите ваши постови може да бидат видени од многу луѓе. Еден едноставен и интересен начин за поврзување со корисниците се анкетите кои може да ги пишувате во твитовите и на тој начин, да се поврзувате со вашите корисници и да им овозможите тие да го искажат своето мислење.
Размислувајте како на коктел забава
Кога сте на коктел забава со колегите, не зборувате постојано за вас и за тоа колку сте добри во вашата работа или за вашата компанија или да ги озборувате конкурентите затоа што тоа се одразува лошо на вас и на лично и на професионално ниво. Исто така и не зборувате постојано само за работата.
Истото важи и за социјалните медиуми. Покрај овој совет, подобро би било доколку немате целосна и проверена информација за нешто да не зборувате воопшто, како и поретко или воопшто не постирајте вести за политика, религија и сите останати поларизирани теми. Задржете се на она што сметате дека ќе е важно да го прочитаат вашите корисници како и индустриите слични на вас.
Престанете да се грижите
Неретко луѓето се загрижени за користењето на социјалните медиуми затоа што се исплашени дека разговорите со корисниците и бројот на следачи на социјалните медиуми ќе ги открие нивните бизнис врски и корисници на конкурентите. Реалноста е дека ако вашите врски со потрошувачите и партнерите не се доволно силни за да издржат еден напад од конкурентот кој ги открил бидејќи ве следат на социјалните мрежи - прашање е само на време пред конечно да ги изгубите.
Социјалните медиуми го имаат спротивниот ефект - ја подобруваат стапката на задржување на потрошувачите и ги прават компаниите подостапни и реални. Со присуството на социјалните медиуми, го правите полесен целиот процес на поврзување со вашите корисници и градите лојалност со нив.