Промовирани огласи »

Тимот на проектот на УСАИД за Социјална инклузија преку технологија, имплементиран од иВоте Фондација е организатор на настанот за потпишување на меморандумот за поддршка на практикантската работа на учесниците во проектот, кој ќе се оддржи на 26-ти октомври (четврток) во периодот од 12:00 до 14:00 часот во хотел ТЦЦ Гранд Плаза  во Скопје. 

На настанот ќе се обратат Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, директорот на Државен инспекторат за труд, Алајдин Хавзиу и претставникот на УСАИД, Едвард Гонзалес. 

По завршувањето на официјалниот дел од средбата, ќе има кафе пауза на која потенцијaлните практиканти ќе можат во неформална атмосфера да се запознаат со компаниите заинтересирани да примат практиканти. 

Промовирани огласи »

Многу компании немаат волја за да ги користат социјалните медиуми за нивниот бизнис затоа што се ограничени со време и маркетинг ресурси. Постои и прашањето на дали воопшто се исплаќа и одговорот е да!

Посветувањето само неколку часа неделно на социјалните медиуми може да и помогне на компанијата да ја зголеми свеста за нивното постоење, зголемување на кредибилитетот, зајакнување на врската со потрошувачот, градење на лојалност кон брендот и растење на бизнисот.

Всушност, денес е тешко да се преценува важноста на социјалните медиуми во бизнисот. Ако нашите блиски пријатели или колеги на кои им веруваме користат одреден производ и истиот им се допаѓа, ние претпоставуваме дека ќе ни се допаѓа и нас. Овие таканаречени „разговори“ се случуваат се почесто на LinkedIn, Facebook, Twitter и останатите социјални медиуми многу пред прашањата и продажбата. Да се биде дел од разговорот кое проектира пристапност и кредибилитет е моќна маркетинг алатка. Исто така, слушањето на тие разговори и забележувањето на кажаното, препорачаното па дури и критикуваното може да бидат еднакво моќни и да служат за дополнително да се информирате. 

Пред да почнете со користење на социјалните медиуми за маркетинг, важно е да имате ефективен веб сајт бидејќи секоја социјална мрежа ќе ги носи корисниците токму до него. 

Создадете план

Клучно е да креирате план и да бидете реални за времето што го имате на располагање и колку социјални медиуми може да користете, затоа што можно е да ви бидат премногу. 

  • Доколку имате време блогирајте - ова е одлична комуникациска алатка за зголемување на кредибилитето на теми кои ве интересираат.
  • Доколку времето ви е премалку вработете професионалец - хонорарните новинари или специјалист за човечки односи, кој може да ја врши работата наместо вас. 

Важно е да запони дека со социјалните медиуми константноста е клучна. Избегнувајте да бидете активни една недела активно, па потоа еден месец да сте неактивни бидејќи делувате несериозно во очите на корисниците. 

Социјални медиуми 

Facebook, LinkedIn и Twitter се одлични медиуми за бизнис. На кој медиум ќе го посветите вашето време зависи единствено од вашата база на потрошувачи. 

  • Facebook ви ја нуди најголемата мешавина на демографии од сите социјални медиуми, но е посебно популарна кај возрасните кои имаат години од 25-54. 
  • LinkedIn се смета за најдобриот B2B социјален медиум бидејќи е најлесниот за поврзување со професионални бизнисмени. Приоритет на LinkedIn е градењето врски и понудата на група или повеќе групи за скоро секоја можна индустрија која постои. 
  • Twitter е одлична за споделување вести, содржина и фотографии и сите ваши постови може да бидат видени од многу луѓе. Еден едноставен и интересен начин за поврзување со корисниците се анкетите кои може да ги пишувате во твитовите и на тој начин, да се поврзувате со вашите корисници и да им овозможите тие да го искажат своето мислење.

Размислувајте како на коктел забава

Кога сте на коктел забава со колегите, не зборувате постојано за вас и за тоа колку сте добри во вашата работа или за вашата компанија или да ги озборувате конкурентите затоа што тоа се одразува лошо на вас  и на лично и на професионално ниво. Исто така и не зборувате постојано само за работата.

Истото важи и за социјалните медиуми. Покрај овој совет, подобро би било доколку немате целосна и проверена информација за нешто да не зборувате воопшто, како и поретко или воопшто не постирајте вести за политика, религија и сите останати поларизирани теми. Задржете се на она што сметате дека ќе е важно да го прочитаат вашите корисници како и индустриите слични на вас. 

Престанете да се грижите

Неретко луѓето се загрижени за користењето на социјалните медиуми затоа што се исплашени дека разговорите со корисниците и бројот на следачи на социјалните медиуми ќе ги открие нивните бизнис врски и корисници на конкурентите. Реалноста е дека ако вашите врски со потрошувачите и партнерите не се доволно силни за да издржат еден напад од конкурентот кој ги открил бидејќи ве следат на социјалните мрежи - прашање е само на време пред конечно да ги изгубите.  

Социјалните медиуми го имаат спротивниот ефект - ја подобруваат стапката на задржување на потрошувачите и ги прават компаниите подостапни и реални. Со присуството на социјалните медиуми, го правите полесен целиот процес на поврзување со вашите корисници и градите лојалност со нив. 

Промовирани огласи »

Преговарањето е едно од оние нешта кон кои многу луѓе имаат одбивност. Без разлика дали е тоа стравот од соочувањето или едноставно сознанието дека тие не заслужуваат да победат, многу луѓе одбегнуваат ситуации кои бараат да се преговара или брзаат да заврши целиот процес, прифаќајки лоши услови со кои воопшто не се согласуваат само за да заврши преговарањето. 

Не секогаш тоа треба да биде случај. Ако се потрудите да ги разберете тактиките кои професионалните преговарачи ги користат, возможно е да започнете да гледате на преговарањето од сосема друг агол со малку поголема самодовреба и своевремено, да го добиете она што го сакате. Независно од ситуацијата, како на пример купување кола или барање на покачување на плата, некои од тактиките на преговарање кои може да ги искористите се следниве:

  • Именување на првата цена - Во моментот кога ќе забележите дека на другата страна вие сте повеќе потребен отколку тие вам, тогаш почнува вистинското преговарање. Во огромна предност сте тогаш за да ја именувате првата цена. Ова создава таканаречен „ефект на засилување“, бидејќи именувата цена ќе влијае значајно на текот на преговорите. Ако другата страна ви нуди цена која е превисока/прениска за вас, вие може да претпоставите дека другата страна само се обидува да ве провери, а не всушност да преговара со вас. Вашиот најдобар потег е да го отповикате ова нудење, односно да се изјасните дека понудената цена е навредлива за вас и дека не е вредна за размислување. Со овој потег, вие всушност креирате ситуациа во која нивната цена никогаш не постоела и може да ги отпочните одново преговарањата и да завршат во ваша корист. 
  • Менување на темата - Преговарањата не секогаш се одвиваат околу една тема, често повеќе различни теми треба да бидат дефинирани. Една од тактиките на преговарање е менувањето помеѓу различни теми во даден момент. Подобар пример за разјаснување на оваа тактика е купувањето на автомобил. Да претпоставим дека вие одбивате да вложите повеќе од продажната цена на автомобилот и сакате да го прекинете преговарањето. Токму тогаш, продавачот ќе ве врати во преговарањето за да ја дискутирате месечната рата која вие мислите дека може да си ја дозволите.  Додека да се вратите повторно на цената, можно е да се најдете во ситуација дека се повеќе сте решен на компромис отколку претходно. Причината за ова е колку подлабоко навлегувате во преговарањето, толку поголеми се шансите дека ќе го завршите

  • Тактика наречена „лажен приритет“ -  Оваа тактика вклучува едната страна да создаде ситуација каде одредено прашање е од клучна важност за неа, иако во реалноста не е. Ова се изведува така што подоцна страната ќе се предаде по ова прашање, но во меѓувреме се надева дека другата страна, сметајќи дека ова е навистина важно за вас, ќе се откаже од нешто друго вредно за нив во замена за вашето барање. Едиственото нешто што може да се направи претходно е прикриено истражување на позицијата на другата страна за да се добие идеја што навистина им слаба и јака страна на нив. 
  • Повисокиот авторитет - Со оваа тактика, во даден момент за време на преговарањето едната страна ќе се изјасни дека тие го немаат авторитетот за да донесуваат одлука за дадената цена и дека мора да се консултираат со претпоставениот. Оваа тактика служи за две цели. Прво, го забавува процесот на преговарање, со претпоставка дека другата страна ќе потклекне и ќе прифати полош договор. Втората опција му дозволува на назначениот преговарач да остане „доброто момче“. Тоа значи дека ќе мора да го развиете трпението на вистински преговарач. Во идеални услови, вие сакате да ја направете другата страна да посака преговарањето да биде готово. Најдобро е да го посветите цел ден на ова преговарање, да се обезбедите со вода и да запомнете дека плус еден час од вашето време може да значи многу. 
  • Сознајте ја вашата BATNA - BATNA e англискиот акроним за „The best alternative to a negotiated agreement“ односно во превод „Најдобрата алтернатива на преговарaчки договор“ или она што може да го добиете доколку преговарањето пропадне. Ако во било кој момент од преговарањето чувствувате дека нема да добиете подобар договор од вашата BATNA, вие треба да престанете со преговарање и да си заминете. И ако може да добиете нешто подобро од вашата BATNA, вие најверојатно би го прифатиле. Доколку ја имате јасно дефинирано вашата BATNA и имате добра идеја за најдобрата алтернатива на другата страна, тоа е најверојатно единствената најважна работа што може да ја поседувате како аргумент. Најдобро за вас е да истражувате пред преговарањето и да дојдете подготвени. 
  • Тактика наречена „задоцнет интерес“ - Ова е таканаречена една подла тактика, која се случува кога преговарањето веќе е при крај, но едната страна отвара некое веќе завршено прашање или додава некое ново. Целта е евентуално другата страна да се откаже и да прифати што и да е само за да завршат преговорите. Она што треба да се направи тука е да им го отповикате повикот. Ако било од суштинско значење прашањето, ќе било дискутирано на почетокот на преговорите, а не пред завршувањето. 

Промовирани огласи »

Најголемата домашна конференција која во фокусот ги има маркетингот и дигиталните комуникации AllWeb, ќе се одржи на 17 ноември во Скопје. На конференцијата ќе се разговара за најактуелните теми и предизвици од областа на дигиталниот маркетинг, креирање на содржина и е-трговија. AllWeb има веќе две успешни конференции кои се одржале во Тирана, Албанија.

Дел од говорниците се веќе познати: Хајмо Хамер од Kraftwerk кој го нарекуваат „Австристиот господин дигитал“ и кој има работено за повеќе од 2000 кампањи за огласување и за клиенти како Coca-Cola, Redbull и Domino`s Pizza, Матеј Лончарич од Joomboos, експерт за работа со YouTube инфлуенсери, кој ќе говори за создавањето и работењето со YouTube ѕвезди и на барање на публиката, еден од говорниците ќе биде и Дејв Бирс, поранешниот директор на OgilvyOne, McCann Worldgroup and Poke и плус, со неговите нови проекти openforideas.org и rightthinking.co.

Дарко Булдиоски, програмскиот директор на конференцијата ја дал следнава изјава:

AllWeb и годинава ќе понуди квалитетни и инспиративни говорници. Среќни сме што може да најавиме уште двајца врвни говорници со кои годинешнава програма уште повеќе добива на тежина. Отвараме нова голема и важна тема - е-трговија. Преку неа и останатите теми ќе се обидеме на компаниите да им одговориме како најдобро да пливаат во денешното сложено маркетинг опкружување каде Интернетот се повеќе доминира.

Влезниците за конференцијата се веќе во продажба, а актуелни се Early Bird влезниците кои се со 50 евра пониска цена од регуларните и можат да се купат најдоцна до 30.10 преку allweb.mk. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »