Промовирани огласи »

Нема ниту еден лет – целосно затворен скопскиот аеродром поради магла

Маглата направи проблеми

Густа магла сосема го затвори Скопскиот аеродром. Од саботата попладне по 16 часот ниту еден авион не успеа да слета поради намалената видливост која во текот на ноќта падна и под 100 метри и беа откажани 8 полетувања кон различни дестинации.

Денеска се откажани утринските летови за Загреб на „Кроација ерлајнс“ и Истанбул на “Туркиш ерлајнс“, а неизвесно е и дали ќе се реализираат и утринските летови на „Визер“ бидејќи сите четири авиони што се во базата во Скопје ноќеска не можеа да се вратат дома и беа пренасочени кон аеродроми во регионот. Дури и ако маглата се дигне, денеска може да се очекуваат доцнења по неколку часа и сериозно пореметување во редот на летање.

Патниците се советуваат да се консултираат со компаниите од кои имаат купено карти за промени на резервациите и евентуални компензации.

Целиот текст на СДК.мк со клик ТУКА.

Промовирани огласи »

Кариерен дневен хороскоп за 26 јануари!

Дознајте што ве очекува на кариерен план денес!

Прочитајте го дневниот хороскоп за 26 јануари 2025 година и дознајте што ви кажуваат ѕвездите кога е во прашање вашата кариера. 

Еве како изгледа вашиот дневен кариерен хороскоп:

Овен: Денес ќе бидете полни со енергија и решителност за да ги завршите вашите обврски. Вашата динамичност ќе инспирира и мотивира други, но внимавајте да не се пренатоварите со задачи. Ова е одличен ден за започнување нови проекти и преземање лидерска улога. Останете фокусирани и уверени во вашите способности.

Бик: Денес ќе се фокусирате на стабилноста и долгорочните цели. Вашата трпеливост и упорност ќе ви помогнат да ги надминете сите предизвици. Ова е добар ден за завршување на заостанати задачи и планирање на идни проекти. Вашата практичност ќе биде клучна во донесувањето успешни одлуки.

Близнаци: Денес ќе блеснете со вашата комуникациска вештина и способност за брзо размислување. Ќе имате можност да воведете свежи идеи и да ги презентирате со самодоверба. Колегите ќе го ценат вашиот ентузијазам, но внимавајте да не се распрснете на премногу задачи одеднаш. Фокусирајте се на приоритетите за да постигнете најдобри резултати.

Рак: Денес ќе се чувствувате особено мотивирани да ги завршите вашите обврски. Вашата интуиција ќе ви помогне да донесете вистински одлуки, особено во сложени ситуации. Колегите ќе го ценат вашиот внимателен пристап и поддршка. Искористете го денот за да поставите јасни приоритети и да се посветите на важните задачи.

Лав: Денес ќе бидете во центарот на вниманието на работното место. Вашата харизма и лидерски способности ќе инспирираат други и ќе ви донесат поддршка од колегите. Искористете ја оваа енергија за да преземете иницијатива и да го водите тимот кон успех. Внимавајте на деталите и не дозволувајте гордоста да ве спречи да побарате помош ако е потребно.

Девица: Вашата прецизност и аналитички пристап денес ќе ви помогнат да ги решите сложените задачи со леснотија. Колегите ќе се потпираат на вашата организациска способност, што ќе ја зацврсти вашата репутација. Ова е одличен ден за средување на детали и завршување на важни проекти. Останете фокусирани и доверете се на вашите способности.

Вага: Денес ќе се истакнете со вашата дипломатичност и способност за соработка. Ќе бидете клучниот фактор за решавање конфликти и одржување на хармонија во тимот. Ова е одличен ден за преговори и презентирање идеи. Внимавајте на балансот меѓу вашите лични и професионални приоритети.

Скорпија: Вашата посветеност и интензивен фокус денес ќе ви донесат значителен напредок. Ќе се истакнете во задачите што бараат истражување и детална анализа. Колегите ќе ја почитуваат вашата страст и решителност. Останете отворени за нови идеи и внимавајте да не се преоптоварите со премногу одговорности.

Стрелец: Денес ќе бидете полни со оптимизам и ентузијазам, што ќе ве води кон нови можности. Вашата визија и храброст ќе инспирираат други да се приклучат на вашите идеи. Ова е одличен ден за планирање долгорочни проекти и преземање нови предизвици. Внимавајте на деталите и не брзајте со одлуките.

Јарец: Вашата дисциплина и практичен пристап денес ќе бидат клучни за постигнување успех. Ќе се посветите на важни задачи и ќе покажете лидерски способности. Колегите ќе ја ценат вашата одговорност и стабилност. Искористете го денот за планирање и поставување јасни цели за иднината.

Водолија: Денес ќе бидете во тек со новите технологии и иновации, што ќе ви помогне да донесете креативни решенија на работното место. Вашиот уникатен пристап ќе биде ценет од колегите, а вашите идеи ќе ги привлечат внимание. Останете фокусирани на целите и не се плашете да ги претставите вашите оригинални предлози.

Риби: Денес вашата емпатија и тимска работа ќе бидат ваши најголеми предности. Ќе успеете да создадете позитивна атмосфера во работата и да помогнете во решавањето на проблеми. Вашиот интуитивен пристап ќе ви овозможи да се ориентирате брзо и ефикасно во новите ситуации. Искористете го денот за да градите добри односи со колегите.

Промовирани огласи »

Паметните часовници ќе спасуваат животи, отсега автоматски повик до 112

Се унапредува системот

Центарот за управување со кризи (ЦУК) продолжува да ги следи технолошките напредоци и да го надградува системот за итни повици, а новитетите вклучуваат автоматски повици од „паметни часовници“. Според ЦУК, ова е дел од постојаното подобрување на единствениот број за итни случаи 112, кој веќе е достапен на целата територија на државата.

Во март 2022 година беше пуштен во употреба системот 112, кој нуди повеќе предности за граѓаните. Како дел од неговите нови можности, најновата надградба овозможува автоматски повик до 112 преку „паметен часовник“, при детекција на губење на пулс. Ова значи дека, ако некој падне или има сериозни здравствени проблеми, часовникот веднаш ќе алармира ЦУК и ќе го достави точниот GPS локациски податок, без потреба од интервентно повикување.

Системот на 112, кој е интегриран со различни служби за итни случаи како полицијата, противпожарната заштита и итната медицинска помош, обезбедува побрзо време за одговор, што е од клучно значење во случаи на животна опасност, велат од ЦУК.

ЦУК исто така нагласува дека системот е способен да прима и праќа текстуални пораки со координати (GPS) од мобилни уреди, како и да врши директна врска со возила опремени со „и-кол“ модул, кој автоматски ќе алармира ЦУК при сериозни сообраќајни несреќи, истовремено испраќајќи координати на локацијата.

Покрај тоа, системот е осмислен за да биде што повеќе достапен и за лица со посебни потреби, како што се глувонемите лица, кои ќе можат да испраќаат текстуални пораки со координати, наместо да зборуваат.

Како што додаваат од Центарот, со овој систем, кој постојано се надоградува, граѓаните ќе можат да добијат навремена и точна помош во секој случај на итност.

Промовирани огласи »

„Стандард и Пурс“: Инфлацијата забавува од 20 отсто на 3,5 отсто, земјата е со низок надворешен долг и поднослив каматен товар

„Стандард и Пурс“ го задржа кредитниот рејтинг ББ- за Македонија

Македонската економија годинава ќе порасне 2,9% и ќе се стабилизира на околу 3% до 2027 година – посочува кредитната агенција „Стандард и Пурс“, која го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ- со стабилни изгледи. Ова е спротивно на очекувањата на Владата дека економијата годинава ќе расте со 3,7%. Од Агенцијата посочуваат дека е можен притисок за остварување на буџетскиот дефицит кој за годинава е проектиран на 4 проценти од БДП.

Притисок врз остварување на проектираниот буџетски дефицит може да претставуваат меѓу другото остварувањето на пониски стапки на раст од проектираното, помалата наплата на даноците, сивата економијата, како и зголемување на трошоците за инвестициите, велат од „Стандард и пурс“.

Агенцијата очекува стапката на инфлација да остане во просек од 3,5% како резултат на растот на цените на храната.

Посочуваат дека е потребна засилена фискална консолидација и спроведување на структурните реформи кои може да донесат значителен напредок за земјата.

И универзитетскиот професор Борче Треновски во емисијата Бизнис 21 посочи дека Државната развојна стратегија покажува дека без спроведување на структурните реформи нема напредок.

Но она што е особено важно се покажа дека ако не направиме промени нашиот раст ќе се движи од 2 до 2,5 проценти. Значи ако останеме во тековната ситуација. Се разбира ако има инвестициони циклуси, вбризгување на средства ќе мрдне, меѓутоа долгорочниот развој зборуваме нема. Ако ги направиме овие промени тој се дуплира, ако ги вклучиме сите овие столбови кои се дефинирани тука. Значи имате дуплиран развој, имаме зголемување на 30 до 40 проценти на јавните приходи на буџетот, она што го зборувавме. Значи и буџетот и развојот човеков и очекуваното траење на животот ќе се зголеми за неколку години. Дури тоа се мери и дека луѓето ќе живеат подобрo, рече Треновски.

Македонската економија годинава ќе порасне 2,9% и ќе се стабилизира на околу 3% до 2027 година – посочува кредитната агенција „Стандард и Пурс“, која го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ- со стабилни изгледи. Ова е спротивно на очекувањата на Владата дека економијата годинава ќе расте со 3,7%. Од Агенцијата посочуваат дека е можен притисок за остварување на буџетскиот дефицит кој за годинава е проектиран на 4 проценти од БДП.

Притисок врз остварување на проектираниот буџетски дефицит може да претставуваат меѓу другото остварувањето на пониски стапки на раст од проектираното, помалата наплата на даноците, сивата економијата, како и зголемување на трошоците за инвестициите, велат од „Стандард и пурс“.

Агенцијата очекува стапката на инфлација да остане во просек од 3,5% како резултат на растот на цените на храната.

Посочуваат дека е потребна засилена фискална консолидација и спроведување на структурните реформи кои може да донесат значителен напредок за земјата.

И универзитетскиот професор Борче Треновски во емисијата Бизнис 21 посочи дека Државната развојна стратегија покажува дека без спроведување на структурните реформи нема напредок.

Но она што е особено важно се покажа дека ако не направиме промени нашиот раст ќе се движи од 2 до 2,5 проценти. Значи ако останеме во тековната ситуација. Се разбира ако има инвестициони циклуси, вбризгување на средства ќе мрдне, меѓутоа долгорочниот развој зборуваме нема. Ако ги направиме овие промени тој се дуплира, ако ги вклучиме сите овие столбови кои се дефинирани тука. Значи имате дуплиран развој, имаме зголемување на 30 до 40 проценти на јавните приходи на буџетот, она што го зборувавме. Значи и буџетот и развојот човеков и очекуваното траење на животот ќе се зголеми за неколку години. Дури тоа се мери и дека луѓето ќе живеат подобро, рече Треновски.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »