Промовирани огласи »

Идната  недела, ноќта меѓу сабота и недела меѓу 28 и 29 октомври почнува зимското сметање на времето така што стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час назад.

Во 3 часот по полноќ стрелките на часовникот треба да се вратат на 2 часот. 

Зимското сметање на времето почнува последниот викенд во октомври и трае до последниот викенд на март.

Поместувањето на стрелките во Западна Европа е воведено во почетокот на 1970-тие години со образложение дека со тоа се „продолжува“ денот. На овој начин се овозможува заштеда во потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста, се подобрува приспособувањето на луѓето и работниот ден е поефикасен.

Се смета дека периодот на дневната светлина од раните утрински часови ќе се „премести“ навечер.

Преминувањето на летно и зимско сметање на времето првпат е забележано во 1916 година во земјите на северна Европа, а досега воведено е во околу 70 земји, од кои повеќето се на северната хемисфера.

Стрелките не се поместуваат секаде во светот во исто време. Така, САД и Канада во 2007 година воведоа зимското сметање на времето да почнува во првата недела во ноември и да завршува во втората недела во март.

Поместувањето на времето во поголемиот дел случаи се извршува ноќта меѓу сабота и недела за да не предизвика поголеми проблеми за луѓето кои одат на работа.

Русија целосно го укина зимското сметање на времето во 2011 година, а Исланд е единствената европска земја која не воведе зимско и летно сметање на времето.

Сепак, некои астрономи се против поместувањето на стрелките и вештачкото „продолжување“ на денот, затоа што се убедени дека природата не треба да се „мачи“, па дури и ако се правда со економски пресметки.

Промовирани огласи »

Еден показател за тоа каков менаџер е некој, е неговата желбата за доминантност во се и сешто. Можеби ќе кажете секој добар менаџер треба да биде инволвиран во се, меѓутоа всушност според многу истражувања тоа не е така!

Симон Синек е маркетинг консултант, мотивационен говорник и автор на повеќе бестселери, вклучувајќи го и неодамнешниот – “Лидерите јадат последни” (Leaders Eat Last). Според Синек, добрите лидери бараат да бидат исклучени од мејловите на својот тим. Со други зборови, добрите лидери им веруваат на своите луѓе дека ќе се “изборат” со проблемите на кои тие наидуваат.

Што е она што го прават лошите менаџери?

Лошите лидери бараат да бидат вклучени во мејловите кои се испраќаат помеѓу вработените бидејќи сакаат сè да држат под контрола. Тие не само што се параноични, туку и немаат доверба во своите луѓе.

Синек вели дека лошите лидери се оние кои, освен што ги следат сите мејлови, настојуваат да бидат вклучени во секој разговор без разлика на неговата важност. Нема поголем знак дека не им верувате на своите вработени од тоа секогаш да барате да бидете вклучени и да одговарате на секој можен мејл.

Уште една лоша страна на ваквото лидерство е тоа што вработените чувствуваат потреба постојано да го проверуваат мејлот, сметајќи дека мораат да се вклучат во секој разговор бидејќи ако тоа не се случи, шефот ќе ги смета за недоволно активни и незаинтересирани. Тоа, од друга страна им го одзема вниманието од работите кои се навистина важни.

Како да се справите со оваа желба за доминантност?

За почеток, бидете исклучени од мејловите помеѓу вашите вработени. Кажете им дека нема да бидете достапни следниот период и назначете некој надлежен. Посочете им дека верувате во нив и нивната способност да се справат со проблемите без вас.

Нема подобар начин од тоа да направите луѓето да се чувствуваат дека им верувате. Тие ќе се почуствуваат важни и компетентни а придобивките од оваа постапка ќе ги забележите за многу краток период.

Промовирани огласи »

Загрепчанката Ана Марија Хота меѓу првите заминала со семејството во Ирска и со плата која е три пати поголема не планира да се врати.

Нејзината ирска приказна почнала во 2013 година, кога со сопругот и децата од Загреб се преселила во Даблин, и со тој потег била меѓу првите хрватски семејства кои во потрага по подобри животни услови дошле во овој град.

„Бевме заинтересирани дали животот во Даблин бил толку сјаен и како изгледа просечен ден“, вели таа.

Оваа блогерка е заљубена во Даблин и неговата лежерност, а како би ги охрабрила оние кои тукушто се доселиле, почнала да пишува блог, поради кој станала светски популарна.

Редовите на блогот се испишани со инспиративни, позитивни мисли туристички насоки, како и совети како да се асимилирате на нов живот, во овој случај, во Даблин.

Почнав да пишувам блог сосема случајно, на убедување на неколку непознати пријатели од Фејсбук. Со оглед на тоа дека отидов во првиот бран на нови иселеници, никој уште не знаел каква е навистина ситуацијата кога се отселите во некоја друга членка на ЕУ, тоа беа луѓе кои сакаа информации; вели таа.

Блогот станал популарен со голема брзина,  а како вели, таа почнала да прима пораки на поддршка,  па и инетересот на медиумите брзо пораснал.

Планирав да напишам само неколу постови, но секогаш повторно ме поттикнуваа луѓе кои ми пишуваа колку им помогнав, променив животот, па тоа ме одржуваше, рекла блогерката, потврдувајќи како во последните 4 години одговорила на повеќе од 20 000 пораки.

Ана Марија по професија е фризерка, а во „Ајриш Тајмс“ ја именувале за една од најдобрите стилистки во градот.  Како што потврдила, во Ирска заработува речиси три пати поголема плата во однос на просечната во Хрватска.

Работното време и е од 10 до 19 часот, со пауза за ручек од еден час. Доста се работи, но после работа има време за шетање, и пијачка, што е стар обичај кај Ирците кои се многу дружељубиви.

Слободна сум за викенд, а тогаш секогаш излегувам со семејството, патуваме во природа. Животот овде е навистина хармоничен, а условите за работа се идеални, убедлива е оваа блогерка.

Како маани ги издвоила големата стапка на криминал и наркомани кои неретко циркулираат на улиците во Даблин, па советувала дека за угоден престој најдобро е да изберете мирно и безбедно село.

Освен тоа, стапките на изнајмување се многу високи, па под 600 евра месечно пристоен стан не може да се изнајми.

А на прашањето дали има желба да се врати во татковината , Ана Марија вели:

Искрено не планирам да се вратам во Хрватска и овде сум многу задоволна. Ако некогаш се  вратам, тоа ќе биде во староста, на море. Хрватска, а и сите земји од Балканот мора да станат многу поинакви земји, поправедни, успешни, мултикултурни, со помалку злоба и завист, и мешања во туѓ живот, рекла таа.

Промовирани огласи »

Погледнете го видеото и присетете се’ со што сте плаќале порано.

Некои од вас се сеќаваат, а некои целосно ги заборавиле старите банкноти и монети. На Јутјуб се појави видео на кое се прикажани сите банкноти и монети од 1992 до 2016 година, како и новите банкноти од 200 и 2000 денари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »