КАРИЕРА.мк месец јануари го посвети на кампања за задржување на менталното здравје која ја заврши со одличен настан на 30.1.2025 во хотел Панорамика, каде преку 60 претставници од најдобрите компании во државата дискутираа учеа и споделуваа идеи за тоа како да се пристапи кон разрешување на најголемата дилема на денешницата, како да направиме убав баланс меѓу работните обврски и нашите приватни животи во ова модерно и брзо време. Работилницата беше под водство на нашите искусни говорнички, Розалија Секулоска - магистер психолог и психотерапевт, и Цветанка Штерјова Бурзевска - психолог и гешталт арт психотерапевт и за истата можете да погледнете детали ТУКА.
Во однос на истражувањето кое беше спроведено онлајн, беа вклучени 520 доброволци испитаници, работоспособно население од државата.
На прашањето - како би го оцениле своето ментално здравје (од 1 до 10) резултатите тежнеат кон повисоките бројки.
Како најчеста оценка се издвојува 8, со 20.2% од одговорите.
.jpg)
Над 35% од испитаниците се изјавиле дека најголемиот извор на стрес доаѓа од работата, исто така над 30% изјавиле дека немаат проблем да зборуваат за стресот и анксиозноста на работното место без да бидат осудени за истото.
.jpg)
.jpg)
Над 35% од испитаниците имаат добра комуникација со своите колеги на хоризонтално ниво, а скоро 40% биле некогаш или повремено изложени на мобинг на работното место.
 - Copy 1.jpg)
.jpg)
Еден од најинтересните податоци од истражувањето покажува дека дури 42% од испитаниците би се сложиле на 20% помала плата само за да избегнат големи стресови на своето работно место. Овој податок гласно говори за свесноста на луѓето за влијанието и директната поврзаност на задржувањето на менталното здравје и нивниот приватен живот.
.jpg)
Најголем број на испитаниците сметаат дека казните на работното место треба да се применуваат заради одржување на дисциплината, 29% од нив сметаат дека треба да се користат но поретко, додека пак 33% сметаат дека користењето на метод за казнување е неприфатлив но понекогаш неминовен.
.jpg)
За крај над половина од испитаниците изјавиле дека се чувствуваат прегорено или со burn out синдром често или повремено, на ова прашање само 4% одговориле дека никогаш не се соочиле со овој синдром.
.jpg)
Како заклучок од ова истражување можеме да издвоиме дека фасцинантни се бројките за влијанието на статусот на нашето ментално здравје врз нашите животи. Тимот на КАРИЕРА.мк продолжува со поддршка и имплементација на стратегии за справување со потешкотиите на модерните предизвици кои ни ги носи секојдневното долгочасовно работење и опкружување преку специјално дизајнирани работилници на корпоративно ниво во договор и на барање со компаниите кои се подготвени да пристапат на оваа тема сериозно и значајно да го подобрат менталното здравје на своите вработени преку интересни и добро познати механизми.
За песонализирани барања за креирање на корпоративни работилници од овој тип слободно пишете ни на contact@kariera.mk
Тагови: Кариера Онлајн