Возачи на виљушкар

За компанијата: Ние сме водечка компанија за леење на одливци од алуминиум, произведени со високотехнолошки и еколошки одржливи производни процеси. Нашата мисија се гради врз основ на 75-годишна традиција, знаење, иновации... повеќе за компанијата »

Главни задачи на избраните кандидати ќе бидат:


- внатрешен транспорт

- магацинско средување

- правилен утовар и растовар на производите во согласност со прописите

- контролирање на состојбата на вилушкарите и уредите на нив

- грижа за редот на секое складиште посебно и грижа за работното место

- почитување на прописите од областа безбедност при работа и екологија

- извршување други задачи во согласност со обученоста на работникот и упатствата од работодавачот 

Од кандидидатите очекуваме:

•  Средно образование 

•  Просторна ориентација, трпеливост и самоконрола, како и самоиницијативност

•  Одлично запознавање со правилата за безбедност и заштита при работа

•  Возачка дозвола Б категорија

•  Искуство со работа со виљушкар неопходно

Позицијата бара користење на заштитна опрема, 40h неделно/ 8h дневно. Локација: ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид – производни капацитети.

Напомена:

 Фирмата обезбедува стручна обука за управување во виљушкарот, безбедноста при управувањето и начинот на работа.


На избраните кандидати им нудиме:

  • компетитивни месечни примања согласно искуството од областа, едукација и напредување
  • покриени трошоци за превоз до и од работа, обезбеден топол оброк
  • исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
  • бонуси за работна успешност
  • исплата на новогодишен надоместок
  • доброволно приватно здравствено осигурување
  • тимски друштвени активности
  • додатни стимулации за лојалност

Аплицирајте на  [најави се за да го видиш е-маилот]   или посетете ја нашата веб страна www.lthcastings.com

Ве очекуваме!

ЛТХ Леарница е работодавач со еднакви можности и ги охрабрува кандидатите од сите средини да аплицираат. Го цениме времето и трудот вложени во секоја апликација, но само квалификуваните кандидати ќе бидат контактирани за интервју. Ви благодариме што размислувате за кариера со нас!

*Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото во рок од 120 дена. Во процесот на селекција, само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани и повикани на интервју

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

вести · настани · интервјуа · колумни · технологија · хороскоп · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување » барај останати огласи »