Промовирани огласи »

Многу е веројатно дека Google се надева дека ќе го зголеми квалитетот на апликациите во Play store со лансирањето на нова програма која е сосема различна од веќе постоечката. Додека старата програма се фокусирала на пронаоѓање грешки во веб страните и оперативните системи, оваа програма ќе им плаќа на хакерите кога ќе најдат слабости во некои од најдобрите Android апликации. Веднаш по пронаоѓањето, хакерите треба да го прикажат проблемот на програмерите и да работат заедно со нив пред да го предадат извештајот преку платформата наречена HackerOne и да можат да си ја подигнат својата награда. 

Google ветува 1000 долари за секоја грешка која ќе ги исполни критериумите, но хакерите нема да можат да изберат било каква апликација. Општо познато е дека има премногу spam апликација во плејсторот. Моментално, наградата може да ја добијат единствено ако најдат веродостојна грешка во Dropbox, Duolingo, Line, Snapchat, Tinder, Alibaba, Mail.ru и Headspace. Google планира и во иднина да покани уште повеќе програмери за решавање на овој вид проблеми. 

Промовирани огласи »

Во процесот на созревање, многу често ги прифаќаме фактите за животот онака како што другите ни ги кажуваат. Образувај се, вработи се, создади фамилија. Но, со откривањето на еден важен факт, може да живеете еден малку поинаков живот. 

Погледнете го следново видео кое пренесува многу важна порака.

https://www.facebook.com/JayShettyIW/videos/1902010903446699/

Промовирани огласи »

Патот до успехот не е секогаш брз, овие 3ца мажи кои се одлични претставници на своите правци во своите млади години сепак не биле воопшто познати:

Силвестер Сталоне

Што точно знаеме за Сталоне? Претпоставувате дека тој бил отсекогаш познат и успешен? Грешка сте. Во своите дваесетти години, Силвестер Сталоне се бавел со снимање на нискобуџетни порно филмови, со цел да заработи за кирија и храна.

Тој, во почетокот на своите триесетти години се затворил во својата куќа и ја напишал приказната за еден од најпознатите боксери на денешницата.

Леонард Коен

Еден од најпознатите кантавтори и писатели, Леонард Коен не бил отсекогаш популарен. Леонард, во својата младост создавал дела кои не биле толку успешни, но подоцна во своите триесетти години тој почнал да пишува поезија поради која станал своеврстен заштитен знак на својата држава – Канада.

Ван Гог

Иако Ван Гог е еден од најдобрите уметници на сите времиња, неговиот креативен период започнал доцна во животот. Тој, сè до својата 28-ма година не земал четка во рака, а дури во своите триесетти години Ван Гог почнал да создава бројни дела по кои денес е познат и поради кои е славен.

Промовирани огласи »

Европските метрополи  на различни начини се борат против загадувањето на воздухот и сообраќајните гужви. 

Лондон наплаќа на автомобилите кои ќе влезат во централното градско подрачје, а Хамбург работи на тоа до 2030 година да ги отстрани автомобилите. 

Но, Милано смисли поинаков начин да ги натера граѓаните да не возат автомобили во центарот  на градот. 

Милано одлучи да ги натера граѓаните да користат јавен превоз бесплатно. 

"Park Your Car and Go Public!" е наречена кампањата. Во автомобилите се вградува систем кој дава податок колку често тој се користи. 

Ако автомобилот е паркиран од 7.30 до 19.30 часот, тогаш сопственикот добива парична награда. 

Не е во прашање голема сума, туку 1.5 евра колку што е потребно дневно за јавен превоз. 

Оваа кампања има за цел чисти градови. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »