Промовирани огласи »

Патот до успехот не е секогаш брз, овие 3ца мажи кои се одлични претставници на своите правци во своите млади години сепак не биле воопшто познати:

Силвестер Сталоне

Што точно знаеме за Сталоне? Претпоставувате дека тој бил отсекогаш познат и успешен? Грешка сте. Во своите дваесетти години, Силвестер Сталоне се бавел со снимање на нискобуџетни порно филмови, со цел да заработи за кирија и храна.

Тој, во почетокот на своите триесетти години се затворил во својата куќа и ја напишал приказната за еден од најпознатите боксери на денешницата.

Леонард Коен

Еден од најпознатите кантавтори и писатели, Леонард Коен не бил отсекогаш популарен. Леонард, во својата младост создавал дела кои не биле толку успешни, но подоцна во своите триесетти години тој почнал да пишува поезија поради која станал своеврстен заштитен знак на својата држава – Канада.

Ван Гог

Иако Ван Гог е еден од најдобрите уметници на сите времиња, неговиот креативен период започнал доцна во животот. Тој, сè до својата 28-ма година не земал четка во рака, а дури во своите триесетти години Ван Гог почнал да создава бројни дела по кои денес е познат и поради кои е славен.

Промовирани огласи »

Европските метрополи  на различни начини се борат против загадувањето на воздухот и сообраќајните гужви. 

Лондон наплаќа на автомобилите кои ќе влезат во централното градско подрачје, а Хамбург работи на тоа до 2030 година да ги отстрани автомобилите. 

Но, Милано смисли поинаков начин да ги натера граѓаните да не возат автомобили во центарот  на градот. 

Милано одлучи да ги натера граѓаните да користат јавен превоз бесплатно. 

"Park Your Car and Go Public!" е наречена кампањата. Во автомобилите се вградува систем кој дава податок колку често тој се користи. 

Ако автомобилот е паркиран од 7.30 до 19.30 часот, тогаш сопственикот добива парична награда. 

Не е во прашање голема сума, туку 1.5 евра колку што е потребно дневно за јавен превоз. 

Оваа кампања има за цел чисти градови. 

Промовирани огласи »

Во книгата „Предноста на среќата“, авторот Шон Анкор изложил група на научни докази докажувајќи дека „среќата е претходникот на успехот, не резултатот“. Истражувањата покажуваат дека среќата која е присутна во перформансот на вработените, резултира со натпреваручки дух кон кого целат многу од комапниите. 

Но, и покрај тоа што податоците покажуваат зошто култивирањето на среќна култура е паметна растечка стратегија, многу бизниси имаат потешкотии во имплементирањето и во начините како да го изработат тоа. Како резултат, премногу компании завршуваат со поседување култура која зема повеќе вредности отколку што придонесува. 

Што навистина ги прави вработените среќни на работното место

Во истражување изработено од креаторите во Dapulse - креирање алатка за соработка која ќе им помага на останатите тимови да работат во транспарентна култура, креаторите поставиле едно едноставно прашање на 10,000 од нивните корисници:

Што е тоа што ве прави среќен на работното место?

Одговорите се следниве - од десет можни одговори понудени на корисниците за да рангираат во однос на што е она што ги прави најсреќни, платата била последна. На исто место била со делот за менаџер, како и за генералното работење на вработените. Нормално е дека е потребна одредена сума на пари за да живеат и преживеат луѓето и тоа е многу важно, но покрај тоа, луѓето бараат различни нешта од работното место. 

Она што е забележано за кои атрибути ги правеле вработените најсреќни се работење за компанија која е најдобра во нејзиниот сектор, која подржува иновации и која ја поседува оној вид на култура во кои тие би сакале да работат. 

Креаторите на Dapulse, велат дека постои многу поедноставен начин за зголемување на среќата на вашите вработени:

Преку нашата работа ние сме забележале различни видови на придонеси нудени од страна на работодавците, како што се канцеларискиот простор или подолг годишен одмор или храна и слично. Но, на крајот на краиштата оној заклучок до кој постојано доаѓаме е дека е најважно како вие лично се чувствувате дека вашата работа е ценета и токму ова е тоа што ги прави вработените најсреќни.  Придонесите не секогаш се од суштинско значење. Тука се работи за основно ниво на човечност, чувството дека она што го работите е вреднувано, препознаено и ценето од страна на работодавците. 

Како да креирате среќна работна култура

Вештите лидери знаат дека нивниот тим е нaјважниот ресурс. Но тие исто така се трудат и нивниот тим да го знае тоа. Затоа и се трудат да му покажат на тимот дека е ценет и дека нивната работа е вреднувана. За некои, ова значи осигурување дека секој вработен знае како неговата/нејзината работа придонесува за подобрување на животот на потрошувачите на кои им служат. Тие се способни јасно да видат како нивната работа се вклопува во големата слика, односно во она што компанијата се обидува да го оствари.

Ова значи дека компанијата се осигурува дека сите вработени треба да добијат шанса директно да се поврзат со потрошувачите и да добијат појасна слика зошто мисијата на компанијата е значајна. Во продолжение, успешните лидери се трудат постојано да им честитаат на вработените за добро завршена работа. Еден начин за ова да се оствари е состанок кој ќе се одржува еднаш неделно и каде целиот тим се собира заедно за да ја осознае добро завршената работа на секој член од тимот. 

Има многу начини на кој може да се создаде култура на среќа во вашата компанија, единствено што е потребно е да го направите ова приоритет и така, ќе креирате многу попродуктивен тим кој ќе е задоволен и среќен за време на работните часови. 

Промовирани огласи »

Мартина Томашевиќ од Вараждин, Хрватска  пред помалку од два месеци се иселила во Ирска. 

Вели дека во Хрватска имала добар живот за кој многу Хрвати можат да сонуваат, но и здодеало да размислува што може, а што не може да си дозволи на 10 дена пред да прими плата. 

Додека и последниот чесен човек не замине во Ирска, Германија, Нов Зеланд или Канада ќе се примаат по 50 нови луѓе во измислени министерства, ќе се градат фонтани и ќе се плаќа данок на она што ни е неопходно за достоинствен живот - вели таа. 

Откако стигнала во Ирска, Томашевиќ раскажува дека се препородила затоа што работа има како во бајките, платите се добри, стандардот висок. 

Работа добив врз основа на знаење и вештините кои ги поседувам. Не ми беше потребна партиска книшка. Никој не ми зема пола плата за да вработува роднини- додава Томашевиќ. 

За луѓето во Ирска вели дека се срдечни и расположени за да помогнат. 

  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »