Во книгата „Предноста на среќата“, авторот Шон Анкор изложил група на научни докази докажувајќи дека „среќата е претходникот на успехот, не резултатот“. Истражувањата покажуваат дека среќата која е присутна во перформансот на вработените, резултира со натпреваручки дух кон кого целат многу од комапниите.
Но, и покрај тоа што податоците покажуваат зошто култивирањето на среќна култура е паметна растечка стратегија, многу бизниси имаат потешкотии во имплементирањето и во начините како да го изработат тоа. Како резултат, премногу компании завршуваат со поседување култура која зема повеќе вредности отколку што придонесува.
Што навистина ги прави вработените среќни на работното место
Во истражување изработено од креаторите во Dapulse - креирање алатка за соработка која ќе им помага на останатите тимови да работат во транспарентна култура, креаторите поставиле едно едноставно прашање на 10,000 од нивните корисници:
Што е тоа што ве прави среќен на работното место?
Одговорите се следниве - од десет можни одговори понудени на корисниците за да рангираат во однос на што е она што ги прави најсреќни, платата била последна. На исто место била со делот за менаџер, како и за генералното работење на вработените. Нормално е дека е потребна одредена сума на пари за да живеат и преживеат луѓето и тоа е многу важно, но покрај тоа, луѓето бараат различни нешта од работното место.
Она што е забележано за кои атрибути ги правеле вработените најсреќни се работење за компанија која е најдобра во нејзиниот сектор, која подржува иновации и која ја поседува оној вид на култура во кои тие би сакале да работат.
Креаторите на Dapulse, велат дека постои многу поедноставен начин за зголемување на среќата на вашите вработени:
Преку нашата работа ние сме забележале различни видови на придонеси нудени од страна на работодавците, како што се канцеларискиот простор или подолг годишен одмор или храна и слично. Но, на крајот на краиштата оној заклучок до кој постојано доаѓаме е дека е најважно како вие лично се чувствувате дека вашата работа е ценета и токму ова е тоа што ги прави вработените најсреќни. Придонесите не секогаш се од суштинско значење. Тука се работи за основно ниво на човечност, чувството дека она што го работите е вреднувано, препознаено и ценето од страна на работодавците.
Како да креирате среќна работна култура
Вештите лидери знаат дека нивниот тим е нaјважниот ресурс. Но тие исто така се трудат и нивниот тим да го знае тоа. Затоа и се трудат да му покажат на тимот дека е ценет и дека нивната работа е вреднувана. За некои, ова значи осигурување дека секој вработен знае како неговата/нејзината работа придонесува за подобрување на животот на потрошувачите на кои им служат. Тие се способни јасно да видат како нивната работа се вклопува во големата слика, односно во она што компанијата се обидува да го оствари.
Ова значи дека компанијата се осигурува дека сите вработени треба да добијат шанса директно да се поврзат со потрошувачите и да добијат појасна слика зошто мисијата на компанијата е значајна. Во продолжение, успешните лидери се трудат постојано да им честитаат на вработените за добро завршена работа. Еден начин за ова да се оствари е состанок кој ќе се одржува еднаш неделно и каде целиот тим се собира заедно за да ја осознае добро завршената работа на секој член од тимот.
Има многу начини на кој може да се создаде култура на среќа во вашата компанија, единствено што е потребно е да го направите ова приоритет и така, ќе креирате многу попродуктивен тим кој ќе е задоволен и среќен за време на работните часови.