Патот до успехот не е секогаш брз, овие 3ца мажи кои се одлични претставници на своите правци во своите млади години сепак не биле воопшто познати:
Силвестер Сталоне
Што точно знаеме за Сталоне? Претпоставувате дека тој бил отсекогаш познат и успешен? Грешка сте. Во своите дваесетти години, Силвестер Сталоне се бавел со снимање на нискобуџетни порно филмови, со цел да заработи за кирија и храна.
Тој, во почетокот на своите триесетти години се затворил во својата куќа и ја напишал приказната за еден од најпознатите боксери на денешницата.
Леонард Коен
Еден од најпознатите кантавтори и писатели, Леонард Коен не бил отсекогаш популарен. Леонард, во својата младост создавал дела кои не биле толку успешни, но подоцна во своите триесетти години тој почнал да пишува поезија поради која станал своеврстен заштитен знак на својата држава – Канада.
Ван Гог
Иако Ван Гог е еден од најдобрите уметници на сите времиња, неговиот креативен период започнал доцна во животот. Тој, сè до својата 28-ма година не земал четка во рака, а дури во своите триесетти години Ван Гог почнал да создава бројни дела по кои денес е познат и поради кои е славен.