Промовирани огласи »

Овој викенд, поточно во сабота кон недела на полноќ (27 кон 28 октомври) започнува зимското сметање на времето. Ќе ги поместиме стрелките на часовникот за еден час наназад., што значи дека времето во три часот ќе се смета како два часот. Зимското сметање на времето во Европа ќе трае до последниот викенд во март кога започнува летното сметање на времето. 

Поместувањето на стрелките во Западна Европа е воведено на почетокот на 1970тите години со образложение дека се „продолжува“ денот, се подобрува приспособувањето на луѓето, се заштедува потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста и работниот ден станува поефикасен.

Поместувањето на времето во поголемиот дел се извршува ноќта меѓу сабота и недела за да не предизвика поголеми проблеми за луѓето кои одат на работа. 

Промовирани огласи »

Гoлeми, средни и мали дoмaшни и стрaнски прoизвoдитeли од oблaстa нa мeтaлургиjaтa, eлeктрoтeхникaтa, енергетиката, нeмeтaлитe, грaдeжништвoтo, обезбедувањето и заштитата ќе учествуваат на 43. Меѓународен саем „Технома 2017“ што ќе се одржува од денеска до 29 октомври во ВИП арената на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Во организација на „Скопски саем“ паралелно со „Технома“ ќе се одржи и 37. Меѓународна изложба на иновации – МАКИНОВА 2017, каде компаниите ќе ги претстават и промовираат своите иновативни производи и методи.

Традиционално, на „Технома 2017“ ќе се претстават и националните економии на многу земји, покраини и региони, а за зголемување на соработката организирани ќе бидат стручни програми и Б2Б средби.

На отворањето на саемот е најавено обраќање на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Работното време на саемот е од 10:00 – 19:00 часот. Цената на редовната влезница е 50 денари, а за организирани групни посети 30 денари.

Промовирани огласи »

Тина Николаи откако почнала да работи на селекција на кадри, забележала дека многу луѓе носат погрешна биографија. 

Таа наведува дека луѓето не знаат „да се продадат“ и на пазарот да ги престават своите достигнувања. 

Токму од таа причина во 2010 година основала фирма која се вика Résumé Writers’ Ink. 

Николаи прочитала над 40.000 биографии и ги издвоила најчестите грешки. 

Вели дека многу луѓе се невнимателни и не обрнуваат внимание на детали. 

Ако биографијата е многу долга, тогаш е здодевна за читање. 

Се користат многу звучни зборови како тимски играч, комуникативен и слично. 

Има и биографии кои се многу формални, што не може луѓето да ги одвои од другите. 

Промовирани огласи »

Во секојдневниот живот секој кој што мора да пишува мејлови, без разлика дали е бизнисмен, менаџер или продавач, треба да е свесен дека правилно напишаниот мејл може да отвори многу нови врати. 

Можеби да верувате дека „начинот на кој го пишувам мејлот не ја менува пораката внатре“, но, едноставно кажано, ја менува. Начинот на кој се презентирате себеси пред другите луѓе преку вашиот мејл кажува многу за вас и тоа влијае на како другата страна ја разбира вашата порака. Во продолжение ќе прочитате шест совети кои ви ги нуди KARIERA.mk со кои ќе можете да ги направите вашите мејлови попрофесионални.

  • Проверете ја вашата мејл адреса - Ако се уште ја користите вашата мејл адреса од кога сте биле во средно образование пример, [email protected], шансите дека нема да бидете сфатени сериозни се огромни. Направете си мејл кој ќе го содржи само вашето име или презиме, со број или интерпукциски знак ако само вашето име не е достапно. 
  • Проверете ја адресата на која праќате мејл - На пример, ако контактирате ваш колега за маркетинг проект и го праќате мејлот на департманот за човечки ресурси, не на маркетинг, оставате впечаток како да не сте застанале за момент да проверите дали е се во ред со вашиот мејл. 
  • Користете ги инструкциите во мејлот на кој враќате - Ако вашиот претпоставен побара од вас одреден документ, бидете сигурен дека сте го прикачиле во мејлот. Потребни се само неколку секунди последна проверка за да бидете сигурни дека сте и одговориле сите прашања и сте ги извршиле сите барања. 
  • Користете ја вистинската терминологија - Не ги почнувајте вашите мејлови со „Ејј здраво“, нешто како „Добро утро господине Никола“ или „Почитувана госпоѓа Валентина“ би било далеку повеќе пристојно. Истото правило важи и за завршувањето на мејлот - наместо „Чао“, искористете „Со почит“ и ваше име и презиме. Доколку ја знаете личноста со која комуницирате, уште подобро е доколку ја користете правилната терминологија. Ако сте директни, прецизни и јасни со вашите мејлови, ќе создадете многу подобар впечаток за себеси и ќе комуницирате многу поефективно. 
  • Без граматички грешки - Дури и доколку имате јасна идеја за тоа што сакате да постигнете со вашиот мејл, граматичките грешки може да ви го отежнат патот. Проверката може да ви одземе неколку минути, а да го зголеми вашиот кредибилитет и репутација доколку мејлот е без грешка. 
  • Насловот постои со причина - Изненадувачки огромен број на луѓе го оставаат ова место празно. Напишете сеопфатен и јасен наслов кој ќе осигура дека вашиот мејл ќе биде отворен. Насловот се користи за другата страна веднаш да добие слика за што би читала во тој мејл и на тој начин, комуникацијата ќе биде поефикасна.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »