Тина Николаи откако почнала да работи на селекција на кадри, забележала дека многу луѓе носат погрешна биографија.
Таа наведува дека луѓето не знаат „да се продадат“ и на пазарот да ги престават своите достигнувања.
Токму од таа причина во 2010 година основала фирма која се вика Résumé Writers’ Ink.
Николаи прочитала над 40.000 биографии и ги издвоила најчестите грешки.
Вели дека многу луѓе се невнимателни и не обрнуваат внимание на детали.
Ако биографијата е многу долга, тогаш е здодевна за читање.
Се користат многу звучни зборови како тимски играч, комуникативен и слично.
Има и биографии кои се многу формални, што не може луѓето да ги одвои од другите.