Промовирани огласи »

Компанијата „Скопје Ист Гејт” ќе го гради првиот модерен повеќенаменски комплекс составен од трговски центар, станбен комплекс и канцелариски парк на земјиште со површина од 155.000 м2.

Атрактивниот комплекс ќе биде лоциран на само 1,5 км од центарот на Скопје, во општина Гази баба, на раскрсница на две главни сообраќајници, долж просторот помеѓу булеварот Александар Велики и улица Беласица.

Вкупната инвестиција во период од 5-7 години се планира да изнесува повеќе од 300 милиони евра, создавајќи илјадници нови работни места и можности.

Прво ќе се изгради трговскиот центар, а станбениот комплекс и канцеларискиот парк ќе бидат изградени во текот на следните 5-7 години. Со ‘’Скопје Ист Гејт” Скопје добива нов лик, а граѓаните од источниот дел од градот добиваат услови за многу поквалитетен живот, по терк на развиените европски градови.

Овој комплекс на пазарот на недвижности ќе донесе повеќе од 250.000 м2 нова бруто изградена површина, која се проценува како најголема приватна инвестиција од овој тип во Македонија. Плановите за развој вклучуваат изградба на најголемиот трговски центар во Македонија, на бруто површина за издавање од 45.000 м2, станбен комплекс и канцелариски парк. Трговскиот центар ќе има 2 нивоа, со околу 2500 подземни паркинг места. Особено внимание ќе се посвети на  унапредувањето на урбаното еко-живеење. Планот на комплексот предвидува  градини и зелени површини по пример на модерните архитектонски тенденции.

Со оглед на успехот на Скопје Сити Мол и идентификуваната потреба малопродажните брендови да ја продолжат својата експанзија во Македонија, беше одлучено дека е одлична инвестициска можност да се изгради нов поголем трговски центар во Македонија. “Скопје Ист Гејт” планира да го развие новиот трговски центар во соработка со уште еден инвеститор. Со изградба ќе се започне есента 2018 година, а трговскиот центар се очекува да се отвори кон крајот на 2020 година. Локацијата и големината на новиот трговски центар се одлична можност за привлекување на нови малопродажни брендови во Македонија, покрај веќе присутните на пазарот. Заедно со трговскиот центар се планира да се изгради и станбен простор со повеќе од 100.000 м2 бруто површина за домување, кој ќе биде завршен во текот на следните 5 години.

Мнозински акционер во Скопје Ист Гејт е Balfin Group, групацијата која го изгради трговскиот центар Скопје Сити Мол (37.000 м2) историски најголемата капитална трансакција на пазарот на недвижности во Македонија, кој беше продаден на странски инвеститор минатата година.

Balfin Group е една од најголемите регионални компании, присутна во 9 земји во светот со инвестиции во трговски центри, комерцијални и станбени недвижности и бројни малопродажни ланци на продавници.

Промовирани огласи »

Во богатите и земјите со среден приход кои ја создаваат ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој), средната вредност на приходот на жената која работи цело работно време е 85% од приходите на мажот. Ова не е, како што многумина претпоставуваат, поради тоа што работодавачите им плаќаат на жените помалку отколку што би платиле на маж на истото работно место. Податоците од 25 земји собрани од Корн Фери, консултантска куќа, покажуваат дека жените заработуваат 98% исто како и мажите кои ја работат истата работа за истиот работодавач. Вистинската причина е двојна. Жените ги надминуваат мажите во позиции со пониски плати и мали шанси за промоција. И мажите и жените се поделени помеѓу професии и индустрии; оние каде доминираат жените плаќаат помалку.

Само пет од изршните директори во G7 земјите се жени. Низ Европската Унија супервизорите поверојатно е да се мажи, дури и кога повеќете кои работат за нив се жени. Близу 70% од работоспособните жени во ЕУ се во професии каде најмалку 60% од работниците се жени. Четирите најпопуларни работи кои ги извршуваат Американските жени - професор, медицинска сестра, сектретарка и здрствен помагач - се скоро сите 80% жени. 

Професиите доминирани од жени имаат понизок статус и приход. Наставниците во основните школи во ОЕЦД земјите заработуваат 81% од просекот за работни места со диплома. Медицинските сестри заработуваат помалку од полицајците; хигиеничаркие помалку од чуварите. Ниските примања на жените посочуваат кон тоа дека по развод или постанување вдовица, жените често осиромашуваат. BHP Billiton, рударска компанија, дошла до заклучот дека областите кои се раководени од жени се побезбедни. 

Родовата разлика во плати ќе се намали ако мажите се преместат во работни места доминирани од жени и обратно. Но, во Америка ваквата родова интеграција мирувала една деценија откако постојано се зголемувала повеќе од две децении. Студија во 12 Европски држави довела до заклучок дека помеѓу 1995 и 2010 уделот на женски работници во повеќето професии се променил. Сличен модел бил откриен и во Австралија.

Два патишта се разминуваат

Мажите и жените имаат право на слобода во изборот на студии и дискриминација на работното место е забранета со децении. Но има многу докази за работната поделба и за различниот пат во кариерата на мажите и жените кои не можат да бидат објаснети единствено со постоењето на различни желби. 

Ниту изборот на индустрија ниту недостатокот на индустрија може да објаснат зошто бројот на жените кои се качуваат по скалата на успехот во кариерата се намалува, дури и во индустриите во кои жените доминираат. Односот на бизнис и менаџмент дипломи добиени од жени расте многу брзо, но бројот на жени вработени на работни позиции кои одговараат на оваа диплома не. 

Истражување на почетокот на оваа година во Америка, Австралија, Велика Британија, Франција, Германија и Скандинавските земји од The Economist и YouGov, покажа мерливи вредности за тоа колку децата влијаат на работните часови. Од жените со деца, 44-75% се вратиле на работа по станувањето мајки, со работење помалку работни часоци или промена на помалку одговорна позиција, дури и работни места кои бараат помалку патување или прекувремено работење. 

Многу од жените и се префрлуваат на работни места кои бараат пониско образование или искуство. Близу третина од работоспособните жени во Велика Британија се изјасниле дека биле преквалификувани за нивните работи, споредбено со помалку од четвртина од мажите. Во Америка само 15% од жените со дипломи во научните области, биле вработени според нивното образование во 2011, во споредба со 31% од мажите. 

Во 1970-тите Скандинавските земји биле први кои понудиле породилно отсуство кое можело да биде поделено меѓу родителите на начин како им одговара нив. Но малку мажи земале удел во тоа. Во денешни услови во Шведска и Норвешка, скоро 90% од татковците земаат породилно отсуство. Во Германија двомесечениот бонус кој им следува на татковците кои ќе земат дел од породилното отсуство, го зголемил бројот на татковци кои го користата породилното искуство од 21% на 34 во период помеѓу 2008 и 2014 година.

Со оглед на тоа што машките и женските аспирации се спојуваат, одговорите на овие прашања разработени со истражувањата може да се многу слични. 

Промовирани огласи »

Секоја минута по две лица умираат во сообраќајна незгода, годишно повеќе од еден милион лица животот го губат во сообраќајни несреќи, 50 милиони се повредени, па може да се заклучи дека најголемиот убиец на 21 век е брзото и несовесно управување на возилото. Возачите сакаат да ја нагазат педалата за гас, особено оние помладите, кои во градските средини, но и на патиштата и автопатите низ државата возат со многу поголема брзина од дозволената, а за жал тоа многупати ги чини и живот. Едни едуцираат, а други казнуваат, но очигледно ниту тоа не е доволно за да се промени свеста кај граѓаните за ризикот од брзото и несовесно возење. Секоја жртва е загуба за семејството, заедницата и општеството и токму затоа сите треба да учествуваме да го промениме овој тренд.

Повеќето европски држави имаат инсталирано систем за видеонадзор на патиштата, а најсвеж таков пример ни доаѓа од соседна Република Србија, каде од неодамна е инсталиран ваков систем на патиштата. Податоците кои се изнесени во јавноста од страна на Министерството за внатрешни работи на Србија се застрашувачки, каде за само два дена минатиот месец казнети се 7.820 несовесни возачи за пречекорување на максималната брзина од 120 километри на саат помеѓу две наплатни рампи на делницата од автопатот Шид – Шимановац. Тоа значи дека на секој час во тие два дена казнети се скоро 163 возачи. Сигурносните камери забележале и возачи кои возилата ги управувале и со повеќе од 240 километри на саат.

Според информациите до кои дојдовме, и во Република Македонија во напредна фаза е спроведување на таков проект, од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Претседателот на оваа институција вели дека во план е реализација на ваков проект кој во првата фаза ќе има само едукативна улога, согласно надлежностите на институцијата.


Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата на својата последна седница донесе одлука за реализација на Проект за следење на состојбата на патиштата со помош на камери. Следејќи ја европската пракса решивме ваков пилот-проект да реализираме и во Македонија, потенцираше Стаменковски.

-Проектот има за цел да ги утврди и следи најчестите грешки кои ги прават учесниците во сообраќајот, а истовремено да утврди колку често тие се случуваат, кои се причините за ваквите грешки и како тие влијаат на безбедноста на сообраќајот на патиштата. Тој ќе биде поделен во две фази. Во моментов се изготвува анализа за тоа како ќе се реализира проектот. Според нашите очекувања првата фаза ќе започне со реализација до крајот на оваа година, а втората на почетокот на 2018 година. Очекуваме до почетокот на идното лето проектот да биде комплетно функционален и да ги лови грешките на учесниците во сообраќајот и истовремено да ги едуцира сите учесници во сообраќајот.
Ова е веќе прифатена пракса насекаде во светот, а особено во Европа. Во оваа фаза проектот ќе има само едукативна цел, а со тоа уште еднаш ќе ги потврдиме заложбите на РСБСП да се реализираат проекти кои имаат едукативна и превентивна цел кои се е многу важен сегмент во процесот на градење и подигнување на сообраќајната култура.

На крајот само ќе напоменам дека за реализација на еден ваков важен и значаен проект очекувам поддршка од сите институции и нивна соработка за целосна имплементација и реализација на проектот, истакна Стаменковски.
Инаку, согласно сообраќајната статистика бројката на жртви во сообраќајни несреќи бележи пад во споредба со онаа од 2016 година. Неофицијално, падот е за околу 10% споредено со лани.

Промовирани огласи »

Овој викенд, поточно во сабота кон недела на полноќ (27 кон 28 октомври) започнува зимското сметање на времето. Ќе ги поместиме стрелките на часовникот за еден час наназад., што значи дека времето во три часот ќе се смета како два часот. Зимското сметање на времето во Европа ќе трае до последниот викенд во март кога започнува летното сметање на времето. 

Поместувањето на стрелките во Западна Европа е воведено на почетокот на 1970тите години со образложение дека се „продолжува“ денот, се подобрува приспособувањето на луѓето, се заштедува потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста и работниот ден станува поефикасен.

Поместувањето на времето во поголемиот дел се извршува ноќта меѓу сабота и недела за да не предизвика поголеми проблеми за луѓето кои одат на работа. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »