Промовирани огласи »

Во богатите и земјите со среден приход кои ја создаваат ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој), средната вредност на приходот на жената која работи цело работно време е 85% од приходите на мажот. Ова не е, како што многумина претпоставуваат, поради тоа што работодавачите им плаќаат на жените помалку отколку што би платиле на маж на истото работно место. Податоците од 25 земји собрани од Корн Фери, консултантска куќа, покажуваат дека жените заработуваат 98% исто како и мажите кои ја работат истата работа за истиот работодавач. Вистинската причина е двојна. Жените ги надминуваат мажите во позиции со пониски плати и мали шанси за промоција. И мажите и жените се поделени помеѓу професии и индустрии; оние каде доминираат жените плаќаат помалку.

Само пет од изршните директори во G7 земјите се жени. Низ Европската Унија супервизорите поверојатно е да се мажи, дури и кога повеќете кои работат за нив се жени. Близу 70% од работоспособните жени во ЕУ се во професии каде најмалку 60% од работниците се жени. Четирите најпопуларни работи кои ги извршуваат Американските жени - професор, медицинска сестра, сектретарка и здрствен помагач - се скоро сите 80% жени. 

Професиите доминирани од жени имаат понизок статус и приход. Наставниците во основните школи во ОЕЦД земјите заработуваат 81% од просекот за работни места со диплома. Медицинските сестри заработуваат помалку од полицајците; хигиеничаркие помалку од чуварите. Ниските примања на жените посочуваат кон тоа дека по развод или постанување вдовица, жените често осиромашуваат. BHP Billiton, рударска компанија, дошла до заклучот дека областите кои се раководени од жени се побезбедни. 

Родовата разлика во плати ќе се намали ако мажите се преместат во работни места доминирани од жени и обратно. Но, во Америка ваквата родова интеграција мирувала една деценија откако постојано се зголемувала повеќе од две децении. Студија во 12 Европски држави довела до заклучок дека помеѓу 1995 и 2010 уделот на женски работници во повеќето професии се променил. Сличен модел бил откриен и во Австралија.

Два патишта се разминуваат

Мажите и жените имаат право на слобода во изборот на студии и дискриминација на работното место е забранета со децении. Но има многу докази за работната поделба и за различниот пат во кариерата на мажите и жените кои не можат да бидат објаснети единствено со постоењето на различни желби. 

Ниту изборот на индустрија ниту недостатокот на индустрија може да објаснат зошто бројот на жените кои се качуваат по скалата на успехот во кариерата се намалува, дури и во индустриите во кои жените доминираат. Односот на бизнис и менаџмент дипломи добиени од жени расте многу брзо, но бројот на жени вработени на работни позиции кои одговараат на оваа диплома не. 

Истражување на почетокот на оваа година во Америка, Австралија, Велика Британија, Франција, Германија и Скандинавските земји од The Economist и YouGov, покажа мерливи вредности за тоа колку децата влијаат на работните часови. Од жените со деца, 44-75% се вратиле на работа по станувањето мајки, со работење помалку работни часоци или промена на помалку одговорна позиција, дури и работни места кои бараат помалку патување или прекувремено работење. 

Многу од жените и се префрлуваат на работни места кои бараат пониско образование или искуство. Близу третина од работоспособните жени во Велика Британија се изјасниле дека биле преквалификувани за нивните работи, споредбено со помалку од четвртина од мажите. Во Америка само 15% од жените со дипломи во научните области, биле вработени според нивното образование во 2011, во споредба со 31% од мажите. 

Во 1970-тите Скандинавските земји биле први кои понудиле породилно отсуство кое можело да биде поделено меѓу родителите на начин како им одговара нив. Но малку мажи земале удел во тоа. Во денешни услови во Шведска и Норвешка, скоро 90% од татковците земаат породилно отсуство. Во Германија двомесечениот бонус кој им следува на татковците кои ќе земат дел од породилното отсуство, го зголемил бројот на татковци кои го користата породилното искуство од 21% на 34 во период помеѓу 2008 и 2014 година.

Со оглед на тоа што машките и женските аспирации се спојуваат, одговорите на овие прашања разработени со истражувањата може да се многу слични. 

Промовирани огласи »

Секоја минута по две лица умираат во сообраќајна незгода, годишно повеќе од еден милион лица животот го губат во сообраќајни несреќи, 50 милиони се повредени, па може да се заклучи дека најголемиот убиец на 21 век е брзото и несовесно управување на возилото. Возачите сакаат да ја нагазат педалата за гас, особено оние помладите, кои во градските средини, но и на патиштата и автопатите низ државата возат со многу поголема брзина од дозволената, а за жал тоа многупати ги чини и живот. Едни едуцираат, а други казнуваат, но очигледно ниту тоа не е доволно за да се промени свеста кај граѓаните за ризикот од брзото и несовесно возење. Секоја жртва е загуба за семејството, заедницата и општеството и токму затоа сите треба да учествуваме да го промениме овој тренд.

Повеќето европски држави имаат инсталирано систем за видеонадзор на патиштата, а најсвеж таков пример ни доаѓа од соседна Република Србија, каде од неодамна е инсталиран ваков систем на патиштата. Податоците кои се изнесени во јавноста од страна на Министерството за внатрешни работи на Србија се застрашувачки, каде за само два дена минатиот месец казнети се 7.820 несовесни возачи за пречекорување на максималната брзина од 120 километри на саат помеѓу две наплатни рампи на делницата од автопатот Шид – Шимановац. Тоа значи дека на секој час во тие два дена казнети се скоро 163 возачи. Сигурносните камери забележале и возачи кои возилата ги управувале и со повеќе од 240 километри на саат.

Според информациите до кои дојдовме, и во Република Македонија во напредна фаза е спроведување на таков проект, од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Претседателот на оваа институција вели дека во план е реализација на ваков проект кој во првата фаза ќе има само едукативна улога, согласно надлежностите на институцијата.


Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата на својата последна седница донесе одлука за реализација на Проект за следење на состојбата на патиштата со помош на камери. Следејќи ја европската пракса решивме ваков пилот-проект да реализираме и во Македонија, потенцираше Стаменковски.

-Проектот има за цел да ги утврди и следи најчестите грешки кои ги прават учесниците во сообраќајот, а истовремено да утврди колку често тие се случуваат, кои се причините за ваквите грешки и како тие влијаат на безбедноста на сообраќајот на патиштата. Тој ќе биде поделен во две фази. Во моментов се изготвува анализа за тоа како ќе се реализира проектот. Според нашите очекувања првата фаза ќе започне со реализација до крајот на оваа година, а втората на почетокот на 2018 година. Очекуваме до почетокот на идното лето проектот да биде комплетно функционален и да ги лови грешките на учесниците во сообраќајот и истовремено да ги едуцира сите учесници во сообраќајот.
Ова е веќе прифатена пракса насекаде во светот, а особено во Европа. Во оваа фаза проектот ќе има само едукативна цел, а со тоа уште еднаш ќе ги потврдиме заложбите на РСБСП да се реализираат проекти кои имаат едукативна и превентивна цел кои се е многу важен сегмент во процесот на градење и подигнување на сообраќајната култура.

На крајот само ќе напоменам дека за реализација на еден ваков важен и значаен проект очекувам поддршка од сите институции и нивна соработка за целосна имплементација и реализација на проектот, истакна Стаменковски.
Инаку, согласно сообраќајната статистика бројката на жртви во сообраќајни несреќи бележи пад во споредба со онаа од 2016 година. Неофицијално, падот е за околу 10% споредено со лани.

Промовирани огласи »

Овој викенд, поточно во сабота кон недела на полноќ (27 кон 28 октомври) започнува зимското сметање на времето. Ќе ги поместиме стрелките на часовникот за еден час наназад., што значи дека времето во три часот ќе се смета како два часот. Зимското сметање на времето во Европа ќе трае до последниот викенд во март кога започнува летното сметање на времето. 

Поместувањето на стрелките во Западна Европа е воведено на почетокот на 1970тите години со образложение дека се „продолжува“ денот, се подобрува приспособувањето на луѓето, се заштедува потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста и работниот ден станува поефикасен.

Поместувањето на времето во поголемиот дел се извршува ноќта меѓу сабота и недела за да не предизвика поголеми проблеми за луѓето кои одат на работа. 

Промовирани огласи »

Гoлeми, средни и мали дoмaшни и стрaнски прoизвoдитeли од oблaстa нa мeтaлургиjaтa, eлeктрoтeхникaтa, енергетиката, нeмeтaлитe, грaдeжништвoтo, обезбедувањето и заштитата ќе учествуваат на 43. Меѓународен саем „Технома 2017“ што ќе се одржува од денеска до 29 октомври во ВИП арената на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Во организација на „Скопски саем“ паралелно со „Технома“ ќе се одржи и 37. Меѓународна изложба на иновации – МАКИНОВА 2017, каде компаниите ќе ги претстават и промовираат своите иновативни производи и методи.

Традиционално, на „Технома 2017“ ќе се претстават и националните економии на многу земји, покраини и региони, а за зголемување на соработката организирани ќе бидат стручни програми и Б2Б средби.

На отворањето на саемот е најавено обраќање на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Работното време на саемот е од 10:00 – 19:00 часот. Цената на редовната влезница е 50 денари, а за организирани групни посети 30 денари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »