Во богатите и земјите со среден приход кои ја создаваат ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој), средната вредност на приходот на жената која работи цело работно време е 85% од приходите на мажот. Ова не е, како што многумина претпоставуваат, поради тоа што работодавачите им плаќаат на жените помалку отколку што би платиле на маж на истото работно место. Податоците од 25 земји собрани од Корн Фери, консултантска куќа, покажуваат дека жените заработуваат 98% исто како и мажите кои ја работат истата работа за истиот работодавач. Вистинската причина е двојна. Жените ги надминуваат мажите во позиции со пониски плати и мали шанси за промоција. И мажите и жените се поделени помеѓу професии и индустрии; оние каде доминираат жените плаќаат помалку.
Само пет од изршните директори во G7 земјите се жени. Низ Европската Унија супервизорите поверојатно е да се мажи, дури и кога повеќете кои работат за нив се жени. Близу 70% од работоспособните жени во ЕУ се во професии каде најмалку 60% од работниците се жени. Четирите најпопуларни работи кои ги извршуваат Американските жени - професор, медицинска сестра, сектретарка и здрствен помагач - се скоро сите 80% жени.
Професиите доминирани од жени имаат понизок статус и приход. Наставниците во основните школи во ОЕЦД земјите заработуваат 81% од просекот за работни места со диплома. Медицинските сестри заработуваат помалку од полицајците; хигиеничаркие помалку од чуварите. Ниските примања на жените посочуваат кон тоа дека по развод или постанување вдовица, жените често осиромашуваат. BHP Billiton, рударска компанија, дошла до заклучот дека областите кои се раководени од жени се побезбедни.
Родовата разлика во плати ќе се намали ако мажите се преместат во работни места доминирани од жени и обратно. Но, во Америка ваквата родова интеграција мирувала една деценија откако постојано се зголемувала повеќе од две децении. Студија во 12 Европски држави довела до заклучок дека помеѓу 1995 и 2010 уделот на женски работници во повеќето професии се променил. Сличен модел бил откриен и во Австралија.
Два патишта се разминуваат
Мажите и жените имаат право на слобода во изборот на студии и дискриминација на работното место е забранета со децении. Но има многу докази за работната поделба и за различниот пат во кариерата на мажите и жените кои не можат да бидат објаснети единствено со постоењето на различни желби.
Ниту изборот на индустрија ниту недостатокот на индустрија може да објаснат зошто бројот на жените кои се качуваат по скалата на успехот во кариерата се намалува, дури и во индустриите во кои жените доминираат. Односот на бизнис и менаџмент дипломи добиени од жени расте многу брзо, но бројот на жени вработени на работни позиции кои одговараат на оваа диплома не.
Истражување на почетокот на оваа година во Америка, Австралија, Велика Британија, Франција, Германија и Скандинавските земји од The Economist и YouGov, покажа мерливи вредности за тоа колку децата влијаат на работните часови. Од жените со деца, 44-75% се вратиле на работа по станувањето мајки, со работење помалку работни часоци или промена на помалку одговорна позиција, дури и работни места кои бараат помалку патување или прекувремено работење.
Многу од жените и се префрлуваат на работни места кои бараат пониско образование или искуство. Близу третина од работоспособните жени во Велика Британија се изјасниле дека биле преквалификувани за нивните работи, споредбено со помалку од четвртина од мажите. Во Америка само 15% од жените со дипломи во научните области, биле вработени според нивното образование во 2011, во споредба со 31% од мажите.
Во 1970-тите Скандинавските земји биле први кои понудиле породилно отсуство кое можело да биде поделено меѓу родителите на начин како им одговара нив. Но малку мажи земале удел во тоа. Во денешни услови во Шведска и Норвешка, скоро 90% од татковците земаат породилно отсуство. Во Германија двомесечениот бонус кој им следува на татковците кои ќе земат дел од породилното отсуство, го зголемил бројот на татковци кои го користата породилното искуство од 21% на 34 во период помеѓу 2008 и 2014 година.
Со оглед на тоа што машките и женските аспирации се спојуваат, одговорите на овие прашања разработени со истражувањата може да се многу слични.