Промовирани огласи »

МВР урива рекорди: За викендот санкционирани 2324 лица, од нив 1132 казнети поради брзо возење

Се вози брзо, без врзан појас, се зборува на телефон, се минува на „црвено“...

Министерството за внатрешни работи информираше дека за време на викендот санкционирани се 2324 лица за сторени прекршоци од страна на учесниците во сообраќајот по однос на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Во рамки на изречените санкции овој пат радарските контроли покажале дека дури 1132 возачи не ја почитувале пропишаната брзина на движење, додека пак за неправилно паркирање евидентирани беа 271 прекршок, како и 191 прекршок заради управување на возило без возачка дозвола. Покрај ова евидентирани се и 92 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас, заедно со 105 возачи на мотоцикл кои што не носеле заштитна кацига, а 45 санкции се изречени за користење на мобилен телефон при возење. Исто така, 78 возачи се отстранети од сообраќај за возење под дејство на алкохол, а 16 минале на црвено семафор, велат од МВР.

Од полицијата додаваат дека во врска со прекршоците од Законот за возила од сообраќај се отстранети вкупно 64 возила од кои заради техничка неисправност осум а заради неважечка сообраќајна дозвола 56 возила.

Од МВР посочуват дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Тагови: МВР сообраќаен прекршок

Промовирани огласи »

АНБ првпат од своето основање објави јавен оглас за вработување- кандидатите ќе треба да поминат полиграф, но не се бара сертификат за англиски јазик

Агенцијата за национална безбедност првпат објави јавен оглас за вработување

Објавен јавен оглас за вработување на осум инспектори-инжинери на неопределено време.

Заинтересираните кандидати треба да имаат завршено Факултет од областа на информатика, електротехника, компјутерска техника и информатика, телекомуникациско инженерство и најмалку четири години работно искуство.

Слободните работни места се отворени во Агенцијата за национална безбедност, која за првпат од своето основање, објави јавен оглас за вработување.

Кандидатите, меѓу другите услови кои треба да ги исполнат, треба да дадат согласност и за полиграфско тестирање.

За кандидатот кој ќе го одбие, се смета дека не ги исполнува условите за засновање на работен однос во Агенцијата која игра клучна улога за безбедноста и стабилноста на државата.

Агенцијата за разузнавање има постојано отворен конкурс за вработување. Во свото петипол годишно постоење АНБ користеше кадри од претходната УБК или преземаше службеници од другите безбедносни служби.

Интересно е што на конкурсот за осумте инспектори воопшто не се бара сертификат или доказ за познавање на англиски или друг странски јазик што е норма во разузнавачкото работење, а и не е наведена возраст како ограничување за кандидатите.

Како што денеска соопштија од АНБ, ова претставува историски чекор во насока на транспарентноста и инклузивноста, што ја потврдува определбата на Агенцијата да ги следи највисоките стандарди во процесите на човечки ресурси и да им даде можност на сите граѓани што ги исполнуваат критериумите да станат дел од професионален тим посветен на заштита на националните интереси.

Јавниот оглас се однесува на засновање на работен однос на неопределено време за вкупно осум извршители. Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат општите и посебните услови утврдени за конкретните работни места, при што се очекува висок степен на стручност, одговорност и интегритет. Образецот за аплицирање е достапен на официјалната веб-страница на Агенцијата за национална безбедност – www.anb.gov.mk во делот „Транспарентност“.

Со оваа иницијатива, Агенцијата испраќа јасна порака дека отвора ново поглавје во начинот на функционирање, градејќи институционална култура која ги препознава вредностите на компетентноста, еднаквите можности и професионалната етика. Ова е повик до сите квалификувани граѓани да се пријават и да станат дел од тимот што ја штити безбедноста на нашето општество. Дополнително, оваа отвореност кон јавноста претставува значаен чекор кон зајакнување на довербата меѓу институциите и граѓаните. Со воспоставување на транспарентни практики во процесот на вработување, Агенцијата за национална безбедност се позиционира како современа, професионална и одговорна институција, подготвена да се соочи со безбедносните предизвици на денешницата со капацитети и кадар кој ги отсликува вредностите и потенцијалот на нашето општество, се наведува во соопштението од АНБ.

Тагови: Агенцијата за национална безбедност инспектори-инжинери

Промовирани огласи »

Најголемите грешки во тренингот – и како да ги избегнете

Одржувањето активен начин на живот е важно за здравјето

Одржувањето активен начин на живот е важно за здравјето, но клучно е вежбањето да се прилагоди според возраста, телесната градба и личните цели. Претерано интензивните тренинзи можат да создадат непотребен притисок врз телото. Затоа, најдобро е да се комбинираат различни активности – како кардио, јога, пливање или возење велосипед – за да се постигне рамнотежа и да се избегне преголем стрес врз мускулите.

Повторувањето на истата фитнес-рутина секој ден може да доведе до досада и нерамнотежа во развојот на мускулите. За да останете мотивирани, експертите препорачуваат да ја менувате вашата програма на неколку недели, како и да пробувате нови активности. Покрај физичката активност, правилната исхрана е исто така неопходна – без неа, напорната работа може да нема ефект, а постои и ризик од долгорочни здравствени проблеми.

Истегнувањето после тренингот е клучно за подобрување на флексибилноста, намалување на болките и спречување повреди. Треба да се одвојат неколку минути за да се истегнат главните мускулни групи, но и да се внимава да не се истегнуваат погрешни мускули. Мекнати дополнително советува дека загревањето пред тренинг е исто толку важно, бидејќи го подготвува телото за напор и ја зголемува безбедноста.

Тагови: вежбање здрава храна

Промовирани огласи »

Три години без услови за работа, а посреќни вработени: Германски експеримент ја покажува вистинската слика за работна етика

Експериментот во Германија со основен приход од 1.200 евра месечно открива: луѓето не престануваат да работат – стануваат посреќни.

Германски експеримент во кој 122 лица добиваа по 1.200 евра месечно во период од три години покажува дека финансиската сигурност не ја намалува работната етика. Напротив, учесниците пријавиле стабилна просечна работна недела од 32 до 40 часа, слично со оние што не добивале пари, но пријавиле значително подобрување на нивната ментална и физичка благосостојба.

Експериментот, организиран од берлинската фондација Mein Grundeinkommen и научници од универзитетите во Келн, Виена и Оксфорд, имал цел да ги анализира ефектите од безусловен основен приход. Резултатите покажуваат дека примателите на парите биле позадоволни од животот, се чувствувале поенергично и поретко страдале од симптоми на депресија. Во споредба со контролна група, тие биле помалку склони кон финансиска анксиозност и имале подобар сон.

И покрај стравувањата дека основниот приход ќе ги направи луѓето мрзливи, студијата не најде докази за тоа. Напротив, за многумина, овие средства биле можност да се насочат кон нови кариери, едукација или едноставно подобро секојдневие. Истражувачите велат дека овие резултати можат да отворат поширока дебата за социјалната сигурност во Европа и пошироко.

Тагови: Европска Унија ментално здравје минимална плата

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »