Промовирани огласи »

Два дена одлична дружба на Kariera Days vol.2!

Овој викенд заедно со East Gate Mall го изреализиравме одличниот настан Kariera Days vol.2!

Изминатиот викенд на 9-ти и 10-ти мај KARIERA.mk во соработка со East Gate Mall го одржа второто издание на KARIERA DAYS VOL.2 – настан исполнет со ентузијазам, вмрежување и кариерни можности. За време на двата дена, посетителите се сретнаа со 17 познати компании, разговараа за работни позиции и имаа можност да достават своe CV.

Меѓу нив се најдоа: Нептун, Lidl, Concentrix North Macedonia, ЕВН, Макстил, Пивара Скопје, Адмирал, Fashion Group, OIP, Жито Маркети, LPP, CrediYes, AUE FON, Transcom, КАМ Маркет, Сервис Македонија, East Gate Mall.

Во петокот се играше „Тркало на среќата“ со награди за корисниците на MojaKARIERA картичката, а атмосферата беше позитивна и полна со насмевки. Саботата донесе брзи интервјуа и панел-дискусии со успешни професионалци, кои ги споделија своите совети и искуства.

На штандот на KARIERA.mk, посетителите дознаа повеќе за бенефитите од MojaKARIERA картичката, уживаа во КАРИЕРА кафе и си заминаа инспирирани за нови кариерни чекори.

Благодарност до сите што беа дел од оваа успешна приказна!

Тагови: Кариера Онлајн

Промовирани огласи »

Дизелот поевтинува, ова се новите зголемени цени на бензините

Регулаторна го објави новиот ценовник!

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,21 % во однос на одлуката од 05.05.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,847%, кај дизелот има намалување за 1,511%, кај екстра лесното масло исто така има намалување за 1,181% и кај мазутот намалувањето е за 2,906%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,3599%.

  • Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден/лит.
  • Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
  • Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.
  • Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,592 ден/кг и сега ќе изнесува 35,450 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 13.5.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од РКЕ. 

Тагови: Регулаторната комисија за енергетика цени на горивата

Промовирани огласи »

Откријте ги најдобрите летни коктели за секоја пригода

Без разлика дали се релаксираш покрај базен или си дома на тераса, еден добар летен коктел секогаш е добредојден

Летото е идеално време за релаксација, пријатни средби и освежителен напиток во рака. Без разлика дали се релаксираш покрај базен или си дома на тераса, еден добар летен коктел секогаш е добредојден. Подолу ти ги претставуваме 5-те најпопуларни и лесни коктели кои ќе го разлаадат секое жешко попладне!

1. Strawberry Mojito

Состојки:

  • 5-6 свежи јагоди
  • Неколку листови нане
  • 1 лажица шеќе
  • 50 мл бел рум
  • Газирана вода
  • Мраз

Приготвување:

Изгмечи ги јагодите со шеќер и нане. Додај мраз, рум и дополни со газирана вода. Украсете со јагода и лист од нане.

 2. Pina Colada

Состојки:

  • 50 мл бел рум
  • 90 мл сок од ананас
  • 30 мл кокосово млеко
  • Мраз

Приготвување:

Сите состојки измешај ги во блендер до кремаста структура. Послужи во висока чаша со парче ананас за декорација.

3. Limoncello Spritz

Состојки:

  • 60 мл лимончело
  • 90 мл просеко
  • Газирана вода
  • Лимон и мраз

Приготвување:

Во чаша со мраз, сипи лимончело и просеко, додади газирана вода и украси со лимон.

 4. Mango Margarita

Состојки:

  • 50 мл текила
  • 30 мл ликер од портокал (Cointreau)
  • 60 мл пире од манго
  • Сок од ½ лимет
  • Мраз

Приготвување:

Сите состојки протреси ги во шејкер и сипи во чаша со сол на рабовите. Украсете со парче манго.

5. Blueberry Basil Smash

Состојки

  • 50 мл џин
  • 10 свежи боровинки
  • Неколку листови босилок
  • 20 мл сируп од шеќер
  • Сок од лимет
  • Газирана вода и мраз

Приготвување:

Изгмечи ги боровинките и босилокот. Додај џин, сируп и сок од лимета. Наполни со мраз и газирана вода. Украсете со босилек.

Без разлика дали преферираш овошни, цитрусни или тропски вкусови – овие коктели се совршени за летни денови. Со малку креативност и свежи состојки, секој ден може да ти биде како од летна разгледница.

Тагови: коктел пијалак

Промовирани огласи »

Извршните директори на „Рено“ и „Стеланис“ предупредуваат дека автомобилите станале недостапни поради европските регулативи. 

Двајцата извршни директори велат дека ЕУ е премногу еднострано посветена на електричните автомобили.

Тие повикуваат на радикално и брзо поедноставување на европските прописи, за да можат повторно да понудат прифатливи и популарни автомобили. Тоа укажува на вишок правила што ги прават автомобилите потешки, посложени и поскапи. Според Џон Елкан од „Стеланис“, Европа е единствениот голем пазар кој сè уште не се опоравил на нивоата пред Ковид.

Минатата година во Европа беа продадени 15 милиони автомобили, во споредба со 18 милиони во 2019 година, пишува HAK.

Помеѓу 2015 и 2030 година, цената на автомобил како „Рено Клио“ ќе се зголеми за 40 проценти, од кои 92,5 проценти се должат на регулативите. Малите градски автомобили речиси исчезнаа како резултат на тоа: нивниот пазарен удел падна од 50 проценти на едвај 5 проценти, вели Лука де Мео, извршен директор на Рено.

Де Мео го осудува фактот дека европските правила се дизајнирани за поголеми, поскапи возила, што ги прави малите автомобили речиси непрофитабилни. Задолжителните технологии како што се системите за помош на возачот или заштитата на пешаците водат до високи фиксни трошоци, кои се подеднакво значајни и кај компактните автомобили и кај поскапите модели.

Извршните директори се залагаат за поедноставување на европските правила, како што претходно вети претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен. До 2030 година се планирани уште сто нови правила, што би ги зголемило цените на автомобилите за четириесет проценти.

Двајцата извршни директори велат дека ЕУ е премногу еднострано фокусирана на електричните автомобили. Заменувањето на старите, загадувачки автомобили е поважно отколку фокусирањето само на модели со нулта емисија. Според Елкан, други региони, како што се Кина и САД, спроведуваат силни индустриски стратегии, додека Европа е заглавена помеѓу слаби национални буџети и слаба Комисија.

Земјите ширум светот ги заштитуваат своите автомобилски индустрии, освен во Европа – заклучува Де Мео.

Тагови: автомобили Европска Унија Рено

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »