Промовирани огласи »

Дали ќе поскапи парното? Енергетските компании бараат зголемување за 50 отсто

Енергетските компании задолжни за топлинската енергија во Скопје бараат зголемување на цената која ја плаќаат граѓаните за дури 50 отсто.

Енергетските компании задолжни за топлинската енергија во Скопје бараат зголемување на цената која ја плаќаат граѓаните за дури 50 отсто. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски за ТВ 24 вели дека допрва ќе ги разгледува овие барања и ќе ги признае само реалните трошоци.

Тој уверува дека нов ценовен шок нема да дозволи да се случи. Признава дека цената на природниот гас бележи зголемување кој е потребен за производство на парното греење, но не до мера крајната цена толку енормно да се зголеми.

Дали ќе поскапи парното? Енергетските компании бараат зголемување за 50 отсто

Тагови: Марко Бислимовски поскапува парното Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ)

Промовирани огласи »

Имате низок притисок? Еве што значи и како да реагирате

Иако често се смета за „помал проблем“ во споредба со високиот притисок, хипотензијата може да предизвика бројни непријатности, па дури и ризици за здравјето.

Низок крвен притисок, познат и како хипотензија, е состојба каде што притисокот на крвта во артериите е понизок од нормалното. Иако често се смета за „помал проблем“ во споредба со високиот притисок, хипотензијата може да предизвика бројни непријатности, па дури и ризици за здравјето.

Симптоми на низок притисок

  • Луѓето со низок притисок може да чувствуваат:
  • Замор и слабост
  • Вртоглавица или чувство на паѓање
  • Замаглен вид
  • Ладење на рацете и нозете
  • Брз или неправилен срцев ритам
  • Мачнина

Овие симптоми обично се појавуваат при нагло станување, долги периоди на стоење или за време на стрес или глад.

Како да се регулира низок притисок?

Иако хипотензијата ретко е опасна по живот, важно е да се знае како да се одржи рамнотежа:

  • Пиј повеќе вода – Дехидрацијата е еден од главните причинители на низок притисок.
  • Јади почесто, но помали оброци – Помага да се избегнат падови на шеќерот и притисокот
  • Избегнувај алкохол – Алкохолот ги шири крвните садови и може да го намали притисокот уште повеќе.
  • Зголеми внес на сол (во умерени количини) – Посоветувај се со лекар пред оваа промена.
  • Носи компресивни чорапи – Ги подобруваат циркулацијата и помагаат да се задржи крвта во горниот дел од телото.
  • Избегнувај нагло станување од лежечка положба – Станувај бавно и со паузи.
  • Физичка активност со умерен интензитет – Јога, пешачење и лесни вежби можат да помогнат да се стабилизира циркулацијата.

Низок крвен притисок не секогаш е причина за паника, но може да го наруши квалитетот на животот доколку не се третира правилно. Со мала промена во навиките и внимание на телото, можеш да постигнеш поголема енергија и подобра стабилност во секојдневието. Ако симптомите се чести или сериозни, секогаш консултирај се со лекар за соодветна дијагноза и третман.

Тагови: здравје низок притисок

Промовирани огласи »

ЛУЃЕТО НЕ САКААТ ДА СЕ ПЕНЗИОНИРААТ, САКААТ ДА РАБОТАТ: Во оваа земја се зголемува возраста за пензионирање

Ќе биде земја со највисока старосна граница за пензионирање

Данска ќе има највисока возраст за пензионирање во Европа откако нејзиниот парламент донесе закон со кој ја зголеми на 70 години до 2040 година.

Од 2006 година, Данска ја врзува официјалната возраст за пензионирање со очекуваниот животен век и ја ревидира на секои пет години. Моментално е 67, но ќе се зголеми на 68 до 2030 година и на 69 до 2035 година.

Возрасната граница од 70 години ќе важи за сите лица родени по 31 декември 1970 година. Новиот закон беше усвоен во четврток со 81 глас „за“ и 21 „против“. Сепак, социјалдемократската премиерка Мете Фредериксен минатата година изјави дека принципот на автоматско зголемување на возраста за пензионирање ќе мора да се преиспита со текот на времето.

„Ние повеќе не веруваме дека возраста за пензионирање треба автоматски да се зголемува“, рече таа, додавајќи дека нејзината партија верува „не можете само да велите дека луѓето мора да работат уште една година“.

Во текот на изминатите неколку недели во Копенхаген се одржаа протести поддржани од синдикатите за да се спротивстават на зголемувањето на возраста за пензионирање.

Во Шведска, најраната возраст за пензионирање е 63 години. Во Италија, стандардната возраст за пензионирање е 67 години, а како и во случајот со Данска, таа е предмет на промена врз основа на очекуваното траење на животот и би можела да се зголеми во 2026 година.

Во Велика Британија, лицата родени помеѓу 6 октомври 1954 година и 5 април 1960 година почнуваат да ја примаат својата пензија на 66 години. За оние родени по тој датум, возраста за државна пензија постепено ќе се зголемува, пишува Бизнис Курир.

Во Франција, во 2023 година беше донесен закон со кој се зголеми возраста за пензионирање од 62 на 64 години. Оваа крајно непопуларна промена предизвика протести и немири, а претседателот Емануел Макрон мораше да ја протурка во парламентот без гласање.

Тагови: пензионери Шведска Данска

Промовирани огласи »

Минчев: 40% од администрацијата не работи или избегнува работа

Минчев вели „40% од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа“

Министерот за јавна администрација Горан Минчев изјави дека 40 проценти од административците или не работат или се обидуваат да избегнат работни обврски. Според него, целта е јавната администрација да не биде заштитена зона за партиски назначени и нефункционални кадри. Минчев нагласи дека формирањето на министерството за јавна администрација е политичка порака која се стреми кон професионализација и ефикасност на јавните институции.

Министерот истакна дека во секоја институција постојат три групации на вработени кои работат со различен степен на ангажман. Најави дека ќе се вложат напори за интеграција и обука на оние кои не ја исполнуваат својата работна задолженост, нагласувајќи дека нема да се толерира примање плата без работа. „Тоа значи дека нема веќе плата ако не работиш“, рече Минчев, додека ги презентираше постигнатите резултати од своето министерство.

Тој исто така објави дека законските решенија од јавните консултации се во завршна фаза во Собранието. Минчев ја подвлече важноста од тренинг и обуки за млади и потенциални вработени, како и дека недостигот на заинтересирани нови кандидати е предизвикан од ниските плати во јавната администрација. „Просекот на возраст е голем и се соочуваме со недостиг на кадар,“ предупреди министерот.

Тагови: државна администрација Горан Минчев

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »