Промовирани огласи »

Просечен број на импресии дневно: 20.000.

- 5 ПР текстови, 1 видео интервју и 2 текстуални интервјуа – 12000 ден. / 200 EUR
- 5 ПР текстови – 8000 ден. / 130 EUR

(објавени на веб сајтот, промовирани на социјалните медиуми, испратени во newsletter до корисниците и фирмите)

* за нарачки над 300 EUR ќе биде одобрен дополнителен попуст

Промовирани огласи »

Тежок пристап до свеж капитал и сложени бирократски процедури, ова се дел од проблемите со кои се соочуваат жените претприемачи. Посочуваат дека потенцијалот на жените за водење бизнис во земјава е неискористен, односно само 30 отсто се основачи на фирми. Дел од жените претприемачи порачуваат, политичарите во своите изборни програми да предложат мерки за олеснување на процедурите за водење бизнис.

Политичарите треба да ги вреднуваат жените кои се на чело на компаниите. Да предложат мерки за олеснување на процедурите за водење бизнис, особено во делот со институциите, бидејќи за да се отвори бизнис, има многу бирократски работи. Ако се реши ова прашање, тогаш многу полесно е да се води бизнис. Самата економија е основата која ја држи државата и политиката, рече Гзиме Фејзи, Стопанска комора на северозападна Македонија.

Од Здружението на жени менаџери, велат дека иако законски мажите и жените се еднакви, сепак во бизнисот постои родов дисбаланс. Посочуваат дека жената во руралните подрачја е на најниско ниво во однос на претприемништвото.

Таму околу два проценти од жените имаат земјиште на свое име.Околу четери проценти имаат финансиски средства.Они не можат и да конкурираат да добијат субвенции или финансиска поддршка.Тоа е голем потенцијал, жената во руралните подрачја е на најниско ниво во делот на претприемништвото, рече Ленче Угриновска, „Здружението на жени менаџери ЕЛИТ“.

Според статистичките податоци лани имало 70.139 активни мали и средни претпријатија, што е за околу 5.300 помалку од пред 10 години.  Европската Комисија во последниот извештај нотираше дека развојот на бизнисот страда од неефикасно и нерамномерно спроведување на законите, а домашниот приватен сектор не е конкурентен поради големата неформална економија и отежнатиот  пристап до финансии. 

Промовирани огласи »

Анализите на состојбите на пазарот во овој момент укажуваат на тоа дека нема услови за формирање национална авиокомпанија, одговори на новинарско прашање директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Горан Јандреоски, на работилницата за авијација организирана од „ТАВ Македонија“ во Струга.

Истражувањата на пазарот се одвиваат во две фази. Анализата на консултантите во првата фаза покажа дека нема одржливост за да се формира национална авиокомпанија и затоа не се премина на втората фаза од истражувањата. Инвестиците во авиони и во кадри се многу големи, а се работи и за процес кој е многу долг – истакна Јандреоски.

За следната година не е планирано да се направи анализа за состојбите на пазарот и како што информираше Јандреоски, тоа се прави на неколку години. Исто така, тој додаде дека светското искуство покажало дека не постои полош управник за една авиокомпанија од државата.

Македонија е една од ретките земји во светот кои немаат национален авио превозник 
Во светот постојат речиси 150 вакви компании кои најчесто целосно или делумно се во сопственост на државата, дури и помали земји како Црна Гора и Исланд имаат авиони кои летаат под нивното знаме. Во последниве две и пол децении се појавија и исчезнаа повеќе авиокомпании кои летаа под македонско знаме.

Пионер беше Палер Македонија кој оперираше од 1991 до 1996. Компанијата на почетокот работеше добро, но по кревањето на санкциите кон тогашниот југословенски превозник ЈАТ загуби голем дел од пазарот што беше и главна причина да ги стопира операциите. За жал најмногу ќе биде запаметена по несреќата која се случи на 5-ти март 1993-та кога се урна еден од нејзините авиони, Fokker F-100, при што загинаа 83 од 97-те патници и членови на екипажот.

Авиоимпекс беше формирана во 1992 и оперираше до 2002 кога ја изгуби дозволата за летање поради финансиски тешкотии, по затворањето на Палер стана и национален превозник. И оваа компанија, за жал, ќе биде запаметена по несреќата која се случи истата 1993-та година, уривањето на Yakovlev Yak-42 во близина на Охрид на 20-ти септември при што загинаа сите 116 патници и членови на екипажот.

МАТ (Македонски авиотранспорт) постоеше од 1994 до 2009 година. Со статусот национален превозник се стекна во 2000 кога почнаа лошите финансиски резултати на Авиоимпекс. И покрај привилегиите и долгогодишната монополска позиција на пазарот и оваа компанија не успеа да опстои. Со многу контраверзи пред четири години ја загуби дозволата за летање, официјално поради технички недостатоци на авионот и долгови кон македонските воздухопловни власти.

Промовирани огласи »

Вредноста на британската фунта во однос на доларот и еврото скокна по одлуката на Врховниот суд на Обединетото Кралство почетокот на Брегзита да биде изгласан во парламентот на земјата, пишува весникот The Daily Express. 

Согласно објавените податоци за прв пат во три недели фунтата достигна 1,24 долари, а во однос на единствената валута на ЕУ е регистриран еднонеделен врв од 89.135 фунти за евро.

Фунтата будно се следи последниве месеци. 

Британската фунта падна за над 10% за само 6 часа по гласањето за излез на Британија од ЕУ летово. 

Финансиските пазари во светот реагираа веднаш со пад на акциите во повеќе земји. 

Повеќе
КЛИКНИ