Промовирани огласи »

Тимот на KARIERA..mk разгледува илјадници cv од луѓе кои се во потрага по својата совршена работна позиција. Сите се сложивме дека на поголемиот дел од младите луѓе им фали една карактеристика која за жал е многу тешко да се научи во подоцнежните години од животот. Височеството - самодоверба !

Самодовербата не е нешто што природно се појавува кај децата, туку родителите се тие што треба да помогнат тоа да се развие кај нив. Еве што росителите би можеле да направат, за нивните ќерки да израснат во личности со висок степен на самодоверба:

Пофалете го детето секогаш кога ќе направи нешто успешно

Секој сака да слушне комплимент на своја сметка, но важно е внимателно да ги одберете зборовите кои ќе ги упатите кој својата мала дама, бидејќи не можете ниту да претпоставите што се одвива во нејзината глава и како вашиот коментар би можел да влијае врз неа.

Пофалете ја вашата ќерка за нејзиното однесување, поради она што е, а не поради нејзиниот изглед, советува психолог Еми Бранер.

Не зборувајте за своите мани

Многу е значајно пред своето дете да не укажувате на она што кај себеси го сметате за мана.

Нашите деца многу повеќе учат од она што го правиме, отколку од она што го зборуваме. Бидете примерот кој сакате вашето дете да го види

Објаснете дека знаењето и шармот е нешто повеќе од убавината

Нагласете колку е значајно да се води грижа за менталното здравје, наспроти физичкото совршенство. Многу е поважно да водиме грижа за менталната состојба и здравјето, отколку за достигнување на некој физички идеал

Со други зборови, секогаш учете ја вашата ќерка дека физичкиот изглед не е совршенството кое е единственокон кое треба да се стреми

.

Промовирани огласи »

„Кога човек со пари ќе се сретне со човек со искуство, оној со искуството завршува со парите и оној со парите си заминува со искуство.“

Ова бил одговорот на Ворен Бафет, на неговиот 87ми роденден, кога бил прашан за неговиот најдобар совет за инвестирање. 

Тој вели дека искуството е клучната алатка за да се биде успешен инвеститор. Меѓутоа, што се случува со новите претприемачи, оние кои немаат искуство? За среќа, овие бизнисмени може да научат од инвеститорите кои имаат искуство, инвеститори како Ворен Бафет, лично. Ворен изјавил докажани совети за инвестирање и тоа се следниве: 

1. Дивезификацијата не секогаш е добра идеја

  • Многумина од добите инвеститори се загрижени за важноста на диверзификацијата. Но Ворен Бафет не се согласува со оваа идеја. Бафет вели дека диверзификацијата е за луѓе кои немаат знаење за инвестирањето. Инвеститорот кој е искусен треба да избере акции на долг рок и да има верба во неговите/нејзините инвестиции. Бафет чека за шанса за да купи високо котирани акции и кога таа шанса ќе му се појави, тој целосно ја искористува. 

2. Најпрво, инвестирајте во себеси 

  • „Најдобрата инвестиција која може да ја направите е во вашите лични способности. Било што што ќе направите што може да ги развие или доразвие вашите вештини или бизнис, многу е веројатно дека ќе биде попродуктивно.“ Многу од луѓето нема да го искористат максимумот од нивните пари на берзата, туку од нивните вештини. Ставете се себеси на прво место. 

3. Верувајте дека може да бидете успешен инвеститор

  • Бафет вели дека најтешката одлука е да им верувате на вашите одлуки за инвестирање. Вие секогаш мислите дека другите се во право, а вие не. Наместо тоа, вие треба да учите и да верувате во себеси. За да бидете успешни, мора да преминете преку стравот и да не обрнувате внимание на тоа што другите ви го зборуваат. Акомулирајте знаење и правете инвестиции самите за да се одвоите од толпата и да бидете победник

4. Правете инвестиции единствено кои ги разбирате

  • Ворен Бафет вели дека голем број на луѓе размислуваат кратко пред инвестирање во било каква идеја и дека понекогаш, тие размислуваат премногу и предолго. Тој вели дека пред тој да инвестира во одредени акции или компанија, тој мора прво да разбере како компанијата остварува профит и главното влијание во индустријата во која работи компанијата во не повеќе од 10 минути. Ако тој не е во можност да ги разбере овие фактори во 10 минути, тој продолжува со евалуацијата на некоја наредна компанија или акции. 

5. Купувањето на акции е купување на дел од бизнисот

  • Замислете дека купувате дел од продавница која се наоѓа веднаш до вашата куќа. Вие автоматски, ќе почнете да размислувате за конкуренцијата, добавувачите, цените, локација како и конкурентската поставеност на пазарот и многу други фактори. Слично на ова, кога купувате акции, вие мора да размислете за сите овие нешта, исто како и луѓето кои го водат бизнисот. Купувањето на акции не значи само купување на хартија. Со купувањето на акции од една компанија вие поседувате дел од сопственоста на еден бизнис.

Промовирани огласи »

Штедењето само по себе не носи потешкотии. Она што е тешко и предизвик е да се чуваат заштедените пари. Премногу е лесно да престанете да трошите пари во една област само за може да ги пренасочите во некоја друга. Ако постојано ги повлекувате парите кои требало да ги заштедите, не сте во добивка на крајот од денот или месецот. 

Она што ви е потребно се неколку трикови кои ќе ве мотивираат и поттикнат да заштедете пари кои ќе траат. 

  • Автоматизирајте го процесот - Очекувањата дека самите ќе одвојувате пари најверојатно веќе одамна не постојат, затоа е најдобро да го автоматизирате процесот. Поставете автоматски трансфери кон штедните сметки и така нема да ги забележите дека ви недостигаат. 
  • Скриете ги - Вториот дел од приказната „далеку од очи, далеку од ум“ е да се осигурате дека не сте постојано потсетувани за постоењето на овие пари. Ако не се соочувате со нив секој ден, шансите да ги повлечете секогаш кога сметате дека е потребно ќе бидат многу мали. Проверувањата на овие сметки нека бидат сведени на минимум и ќе успеете во вашата цел. 

  • Именувајте ги - Поставување на одредена цел на парите кои се обидувате да ги заштедите може да има многу поразличен исход отколку неименувањето. Многу е полесно да се мотивирате во процесот на штедење доколку имате именувано сметка како „Одмор во Италија“ или „Капут од ZARA“ затоа што може да го визуелизирате исходот од вашето штедење
  • Чувајте ги купоните - Во денешно време, многу често маркетинг стратегиите влучуваат поделба на купони, наградни игри и слично. Користете ги овие придобивки и заштедете значајна сума на пари. 
  • Орочување на пари - Една од најефективните мерки е орочување на одредена сума на пари, коај не може да ја подигнете се додека не помине рокот кој вие самите го одредувате. На овој начин, свесно ќе знаете дека имате одредена сума на пари за колата која ја посакувате или било кој друг план, кој на овој начин, ќе е лесно остварлив. 

Промовирани огласи »

Еден од најважните атрибути кога се работи за успехот на малите бизниси е квалитетот на етиката на компанијата. Бизнис етиката, имплементирана преку најдлабоките нивоа на една фирма, станува срцето и душата на културата на компанијата и може да ја претставува разликата помеѓу успехот и неуспехот. 

„Ако имате интегритет, ништо друго не е важно. Ако немате интегритет, ништо друго не е важно.“ - Алан К. Симпсон

Многу истражувања го покажуваат токму овие резултати - етичкото однесување во бизнис живеењето не само што е вистинската работа што треба да се направи, туку се исплати гледано од страна на финансиските показатели. 

  1.  Бидете веродостојни - Препознајте дека вашите клиенти сакаат да работат со компанија на која може да и веруваат; кога довербата е во јадрото на една компанија, лесно е да се биде препознаен. Довербата како дефиниција е осигурана потпора на карактерот, способноста, силата и вистината на еден бизнис. 

  2.  Бидете отворени за предлози - За постојано подобрување на една компанија, лидерот на организацијата мора да е отворен кон нови идеи. Прашајте ги за фидбек и вашите клиенти и вашите вработени и вашата компанија ќе продолжи да расте. 
  3.  Извршувајте ги вашите обврски - Без разлика на околностите, правете се што е во ваша моќ за да ја стекнете довербата на потрошувачи од минатото, осбено ако нештата излегле од колосек. Повратете го назад секој бизнис кој сте го изгубиле преку исполнување на сите ветувања и обврски. 
  4.  Поседувајте јасни документи - Реевалуирајте ги сите испринтани материјали вклучувајќи ги и рекламите за мали бизниси, брошури, осигурувајќи дека сите бизнис документи се јасни, прецизни и професионални. Најважно, потрудете се овие документи да покажуваат неточни информации или информации кои би можеле да не бидат јасно разбрани. 

  5.  Вклучете се во вашата заедница - Останете вклучени во активности поврзани со вашата заедница, покажувајќи дека вашиот бизнис е одоворен допринесувач за заедницата. Со други зборови, останете вклучени. 
  6.  Одржувајте контрола на сметководителството - Проверувајте ги лично сметководствените извештаи, не само поради добивање на појасна слика за развојот на вашата компанија, туку и како ресурс за било какви „нејасни“ активности. Стекнување контрола врз овие активности ви дозволува вие да го имате конечниот збор при прекинување на сомнителни активности. 
  7. Однесувајте се со почит - Третирајте ги другите со највисоко ниво на почит. Без разлика на работните позиии, титули, години или друг начин на различности, секогаш однесувајте се кон другите со професионална почит и љубезност. 

Препознавање на значењето на бизнис етиката како алатка за остварување на вашиот посакуван резултат е само почетокот. Влијанието на ефикасната бизнис етика ќе води до профитабилна, успешна компанија. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »