Промовирани огласи »

Еден од најважните атрибути кога се работи за успехот на малите бизниси е квалитетот на етиката на компанијата. Бизнис етиката, имплементирана преку најдлабоките нивоа на една фирма, станува срцето и душата на културата на компанијата и може да ја претставува разликата помеѓу успехот и неуспехот. 

„Ако имате интегритет, ништо друго не е важно. Ако немате интегритет, ништо друго не е важно.“ - Алан К. Симпсон

Многу истражувања го покажуваат токму овие резултати - етичкото однесување во бизнис живеењето не само што е вистинската работа што треба да се направи, туку се исплати гледано од страна на финансиските показатели. 

  1.  Бидете веродостојни - Препознајте дека вашите клиенти сакаат да работат со компанија на која може да и веруваат; кога довербата е во јадрото на една компанија, лесно е да се биде препознаен. Довербата како дефиниција е осигурана потпора на карактерот, способноста, силата и вистината на еден бизнис. 

  2.  Бидете отворени за предлози - За постојано подобрување на една компанија, лидерот на организацијата мора да е отворен кон нови идеи. Прашајте ги за фидбек и вашите клиенти и вашите вработени и вашата компанија ќе продолжи да расте. 
  3.  Извршувајте ги вашите обврски - Без разлика на околностите, правете се што е во ваша моќ за да ја стекнете довербата на потрошувачи од минатото, осбено ако нештата излегле од колосек. Повратете го назад секој бизнис кој сте го изгубиле преку исполнување на сите ветувања и обврски. 
  4.  Поседувајте јасни документи - Реевалуирајте ги сите испринтани материјали вклучувајќи ги и рекламите за мали бизниси, брошури, осигурувајќи дека сите бизнис документи се јасни, прецизни и професионални. Најважно, потрудете се овие документи да покажуваат неточни информации или информации кои би можеле да не бидат јасно разбрани. 

  5.  Вклучете се во вашата заедница - Останете вклучени во активности поврзани со вашата заедница, покажувајќи дека вашиот бизнис е одоворен допринесувач за заедницата. Со други зборови, останете вклучени. 
  6.  Одржувајте контрола на сметководителството - Проверувајте ги лично сметководствените извештаи, не само поради добивање на појасна слика за развојот на вашата компанија, туку и како ресурс за било какви „нејасни“ активности. Стекнување контрола врз овие активности ви дозволува вие да го имате конечниот збор при прекинување на сомнителни активности. 
  7. Однесувајте се со почит - Третирајте ги другите со највисоко ниво на почит. Без разлика на работните позиии, титули, години или друг начин на различности, секогаш однесувајте се кон другите со професионална почит и љубезност. 

Препознавање на значењето на бизнис етиката како алатка за остварување на вашиот посакуван резултат е само почетокот. Влијанието на ефикасната бизнис етика ќе води до профитабилна, успешна компанија. 

Промовирани огласи »

Патот во медиумите го започна во редакција за забава. Љубовта која ја почувствува и ја обезбеди конекцијата со оваа професија. Таа беше дел од најамбициозната постава на телевизија Алфа, но и дел од бизнис профилираниот магазин „Капитал“, подоцна и во порталот „Фактор“. Медиумското сивило ја натера да донесе нова одлука и да замине од Македонија во потрага по нови животни предизвици. Сега е во Дубаи, со можност постојано да патува, благодарение на работата која ѝ откри нови хоризонти. Катерина Попоска за Женски Магазин ни раскажа за својата приказна кога беше дел од медиумите во Македонија, но и за убавите мигови кои ги доживеа по одлуката да замине од Македонија.

Женски Магазин Што беше пресудно за вас да ја напуштите медиумската фела во Македонија?

Попоска Повторно да се родам – ќе изберам новинарство и тоа не ми е инстант одлука. Тоа сум јас, новинар во срце и душа, тоа ми е длабоко под кожа. Дури и во сегашната сосема нова и различна професија размислувам и реагирам со мојот новинарски инстинкт¸ а и моето 20-годишно медиумско искуство (радио¸ТВ и печатен медиум) е повеќе од сериозен период, ангажман и страст посветена на оваа професија. Не би ја преценила тежината на зборовите ако речам дека новинарството ми стана животен стил, но да, околностите под кои требаше да работам во последните години, сета девалвација на професијата и на нас новинарите, цензурите, автоцензурите, заплашувањата и силните притисоци да не се објави вистината, беа повеќе од доволно да заминам и тогаш кога сакаш да останеш....

Подетално за причините за заминување, за начинот на живот во странство, и за тоа зошто Попоска не планира да се врати во Македонија читајте во интервјуто на Женски Магазин

Промовирани огласи »

Вип ја збогатува својата понуда и воведува исклучително атрактивна промоција во припејд сегментот во мобилната телефонија со која корисниците добиваат двојно повеќе кредит и можност за целосна комуникација со своите сакани.

Со оваа најнова припејд промоција, новите припејд корисници добиваат едно пакување со 2 припејд SIM картички и тоа за само 300 денари при што секоја од нив има вклучен кредит од 300 денари, наместо редовните 150 денари.

Дополнително, во првата недела од активирањето на картичките корисниците добиваат бесплатен неделен пакет со неограничени разговори и SMS пораки кон сите Vip корисници и 200MB интернет.

Промоцијата со двојно повеќе кредит важи за активираните SIM-картички заклучно до 15.12.2017г. Кредитот може да се искористи во период од една година од моментот на активација.

За повеќе информации посетете ја нашата веб-страница www.vip.mk или јавете се на 1234.

Промовирани огласи »

Романците зад Ирците ја имаат втората најбрзорастечка економија во Европа. 

Иако порано беше сиромашна земја, денес Романија нема проблем со вработувањата. 

Тие ќе ја завршат годината со раст од 5% што е сон за многу европски земји. 

Романците заминуваат во Шпанија и Италија откако влегоа во ЕУ, и затоа тие имаат потреба од работници. 

Од јануари 2018 година ќе им се намалат платите во јавниот сектор, за да не се иселуваат лекарите и професорите. 

Стопанството доживува експанзија. 

Последните неколку години во Романија се зголемува штедењето. 

Романија има јака економија и пристигнуваат странски компании. 

Магнет за инвеститори е тоа што Романија има добри патишта и брз интернет. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »