Промовирани огласи »

Романците зад Ирците ја имаат втората најбрзорастечка економија во Европа. 

Иако порано беше сиромашна земја, денес Романија нема проблем со вработувањата. 

Тие ќе ја завршат годината со раст од 5% што е сон за многу европски земји. 

Романците заминуваат во Шпанија и Италија откако влегоа во ЕУ, и затоа тие имаат потреба од работници. 

Од јануари 2018 година ќе им се намалат платите во јавниот сектор, за да не се иселуваат лекарите и професорите. 

Стопанството доживува експанзија. 

Последните неколку години во Романија се зголемува штедењето. 

Романија има јака економија и пристигнуваат странски компании. 

Магнет за инвеститори е тоа што Романија има добри патишта и брз интернет. 

Промовирани огласи »

Интернет страницата World Names е вистинското место за сите оние кои сакаат да знаат колку луѓе на светот имаат исто презиме како и нивното.

Покрај тоа, можно е да проверите и каде живеат луѓето кои имаат исто презиме како вашето.

Сè што треба да направите е да го впишете своето презиме во пребарувачот на страницата, и-мејл адресата и да означите кој пол сте.

Потоа ќе ви се појават податоци за застапеноста на вашето презиме во светот.

КЛИКНЕТЕ ТУКА и проверете колку луѓе имаат исто презиме како и вашето.

Промовирани огласи »

KARIERA.mk ви дава идеја како да ги поминете првите 5 години од вашиот работен ангажман,

Додека сте млади и полни со желба за работа немојте да заборавите на овие работи:

Посетувајте ги сите настани поврзани со вашата професија

Ако во дваесеттите години е пожелно да учествувате на конференции и семинари од вашата област, во триесеттите би требало да го зголемите вашиот ангажман. Можете да работите и како волонтер.

Интересно истражување покажало дека волонтирањето може да ви помогне да се вработите. Научниците дошле до податоци дека со помош на волотнирање имате дури 27 отсто поголеми шанси да ве изберат на конкурс за работа. 

Надополнете ги своите вештини

Во триесеттите години треба да ја потврдите и зацврстите својата работа и трудот кој сте го вложиле во изминатите години. Џенифер Меркур, советник во компанијата Cincinnati вели дека е најважно да работите на надоградба на своите вештини.

Луѓето често знаат да останат само на едно работно место и да чекаат унапредување, бидејќи знаат дека се успешни во работата која ја вршат. Наместо тоа би требало да предложите иновативен проект или да понудите соработка со членови од повозрасниот тим кои поседуваат менаџментски вештини, кои би можеле и вие да ги научите, вели Меркур

На тој начин ќе му покажете на шефот дека сте подготвени да преземете дополнителна одговорност, а воедно во својата биографија ќе додадете нова вештина која сигурно дополнително ќе ви помогне во иднина.

Одржувајте добри односи со претходните шефови

Ако имате зад себе години искуство, веројатно сте менувале позиции. Експертите велат дека е најдобро да одржувате добар контакт со поранешните работодавачи и шефови, бидејќи тие можат подоцна да ви помогнат во работата.

Промовирани огласи »

Ако не сте прочитале, универзитетите од цел свет ги нудат нивните курсеви онлајн бесплатно (или барем делумно бесплатно). Овие курсеви на колективно ниво се нарекуваат MOOCs или Massive Open Online Courses (Масивно Достапни Онлајн Курсеви).

Во последните шест години, приближно 800 универзитети креирале повеќе од 8.000 од овие курсеви. А само во последните три месеци, повеќе од 200 универзитети објавиле 600 од овој вид на курсеви. Листата е категоризирана според следниве предмети: Компјутерски науки, Математика, Програмирање, Наука за податоци, Човечки ресурси, Социјална наука, Едукација и Предавање, Здравје и Медицина, Бизнис, Личен Развој, Градежништво, Уметност и Дизајн и Наука. 

Погледнете ја целосната листа, како и именуваните предмети на следниов линк: https://qz.com/1120344/200-universities-just-launched-600-free-online-courses-heres-the-full-list/

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »