Промовирани огласи »

Ако не сте прочитале, универзитетите од цел свет ги нудат нивните курсеви онлајн бесплатно (или барем делумно бесплатно). Овие курсеви на колективно ниво се нарекуваат MOOCs или Massive Open Online Courses (Масивно Достапни Онлајн Курсеви).

Во последните шест години, приближно 800 универзитети креирале повеќе од 8.000 од овие курсеви. А само во последните три месеци, повеќе од 200 универзитети објавиле 600 од овој вид на курсеви. Листата е категоризирана според следниве предмети: Компјутерски науки, Математика, Програмирање, Наука за податоци, Човечки ресурси, Социјална наука, Едукација и Предавање, Здравје и Медицина, Бизнис, Личен Развој, Градежништво, Уметност и Дизајн и Наука. 

Погледнете ја целосната листа, како и именуваните предмети на следниов линк: https://qz.com/1120344/200-universities-just-launched-600-free-online-courses-heres-the-full-list/

Промовирани огласи »

Германија има бум на работни места. 

Има потреба од работници и во секторот услуги, градежништво и трговија. Најголема побарувачка има во малите фирми со околу 50-тина вработени.

Расте побарувачката за работна сила во земјата. Во третиот квартал годинава се отворени 1.097.600 работни места, дури 175.000 повеќе отколку во истиот период лани, објави Институтот за истражување на пазарто на трудот(ИАБ).

Во споредба со минатата година, побарувачката особено се зголемила во преработувачкиот сектор, прометот и логистиката- вели Александар Кубис од ИАБ.

ИАБ четири пати годишно врши проверка на фирмите кои огласиле слободни работни места. Експертите проценуваат дека големата побарувачка за стручна работна сила нема да биде можно да се покрие со работна сила од земјите на Европската унија, туку дека е потребно отварање на германскиот пазар на труд за стручњаци од целиот свет.

Голем број Балканци потрага по егзистенција бараат во Германија. 

Промовирани огласи »

Акрофобија - страв од височина

Оваа фобија е најзастапена и се зголемува како што старееме. Името и доаѓа од грчкиот збор ákron што значи раб или врв, а потекнува од неспособноста за перципирање на вертикалните димензии.

Истражувањата сугерираат дека луѓето со оваа фобија ги преценуваат вертикалните растојанија, а оние кои тоа го прават со најголема грешка имаат најсилна фобија.

Агорафобија – страв од отворен простор и гужви

Агорафобијата се однесува на ситуација каде бегството би било тешко, како што е наоѓање во отворен простор или во јавен превоз. Може да предизвика анксиозност, а оние кои ја имаат и да избегнуваат воопшто да излегуваат од дома.

Причината е панично пореметување, каде луѓето искусуваат панични напади и моменти на интензивен страв. Трауматски настани поврзани со одредени локации или со чувство на жалост придонесуваат за развој на оваа фобија, за која може да има и генетски причини.

Авиофобија или аерофобија – страв од летање со авион

Најголема причина за оваа фобија е ослободување на хормоните на стрес кога авионот крстосува. Турбуленциите го зголемуваат нивото на стрес, редуцирајќи ја когнитивната способност, што уште повеќе го зголемува стресот.

Клаустрофобија – страв од мал простор

Истражувањата сугерираат дека луѓето кои го проектираат нивниот личен простор далеку од нивните тела се повеќе склони кон искусување на клаустрофобија, а таа може да е поврзана и со дисторзија во перцепцијата на просторот. Ефектот е спротивен од оној кај стравот од височини, бидејќи е предизвикан од преценување на хоризонталните растојанија

.

Глософобија - страв од зборување пред јавност

За некои луѓе, оваа анксиозност од зборување се манифестира со мала нервоза, додека некои се комплетно вкочанети од страв. Точната психологија зад нејзините причини не е позната.


Промовирани огласи »

Ако сте разочарани со резултатите од вашиот труд на социјалните медиуми, не сте сами. Многумина од бизнис сопствениците и маркетерите се согласуваат дека социајлните медиуми се многу важен дел од секоја маркетинг стратегија, но многу од нив го одбираат погрешниот начин за имплементирање. Во повеќето ситуации, Вие може да ги имате вистинските идеи, но ги имплементирате на начин преку кој вашите потрошувачи ја пропуштаат вашата смисла или не ја пронаоѓаат вашата содржина. 

Без да знаете, може да користите бариери кои го смалуваат влијанието на вашата кампања. KARIERA.mk ви нуди шест најчести причини зошто не успевате и покрај огромниот труд вложен во социјалните медиуми:

  • Неповрзаност со вашата таргетирана публика 

Може да ја поседувате совршената содржина како и одличен дизајн, но ништо од тоа не е важно ако погрешните луѓе го гледаат или читаат. Успешните социјални кампањи содржат повеќе од само интересна содржина. Тие мора да бидат насочени директно кон вашата иделна персона на купувач. Вашата социјална стратегија потребно е да биде таргетирана. Треба да разберете кој точно се обидувате да го привлечете и точно да ги откриете потребите на таа публика. Пред да ја започнете вашата кампања, направете истражување на вашиот таргетиран пазар и одлучете каде, кога, како и што ќе објавувате на социјалните медиуми за да допрете до посакуваната публика. 

  • Недоволна употреба на слики

Вашите објави треба да вклучуваат слики кои се забележливи, кои вклучуваат важни детали и се вклопуваат со содржината која ја пишувате. Веб содржина со слики привлекува 94% повеќе прегледи отколку онаа без. Една причина зошто на вашите објави и реклами им недостигаат прегледи и кликнувања е дека вашите слики не се поврзани со она што го нудите. Ако вашите слики не се поврзуваат со содржината и погрешно го насочуваат читателот, вашата врска со потрошувачите ќе се намали и ќе го изгубите кредибилитетот со вашите следачи. 

  • Непресметано време

Се во врска со вашите објави може да е совршено, но ако вашите корисници не се онлајн за да ги видат, ништо од тоа не е важно. Времето на објавување на вашите содржини и негово поклопување со времето кога вашите корисници се онлајн е клучно за привлекување корисници на социјалните платформи. Анализирајте преку начините на мерење на објавите за да генерирате информации кога вашата публика е онлајн; ќе ви биде мило што сте вложиле време во ова. 

  • Неанализирање на кампањи

Дури и ако сите аспекти на вашите објави се почитувани од Ваша страна, не можете да го знаете целосното влијание без истражување на аналитиките. Прегледот во анализите ви дава јасна слика за тоа како вашата кампања функционира и која од вашите содржини најмногу допира до вашата таргетирана публика. Одвојте време на крајот од денот, доколку сте премногу зафатени во текот, да ги прегледате мерните единици и да размислете за вистинското влјание на вашите содржини. 

  • Неатрактивна содржина

Никој од корисниците нема да сака да се поврзи со Вас ако вашата содржина е досадна, иритирачка или невредна за нивното време. Вашите објави и статии треба да им нудат решенија, да одговараат на нивните прашања и/или да ги прават вашите потенцијални корисници возбудени да научат повеќе од Вас. Посветете се на создавањето креативна содржина, вредна за читање. Социјалните медиуми треба да се забавни и затоа дозволете вашата креативна страна да се појави! 

  • Нереални очекувања

Од исклучителна важност е да имате јасно дефинирани цели кога се работи за социјалните медиуми, но тие цели треба да се во допир со реалноста. Многу од бизнисмените гледаат на социјалните медиуми како магично стапче кое веднаш ќе го шири нивниот бренд кон милиони потенцијални клиенти. На долг рок, социјалните платформи ја зголемуваат прегледноста на вашиот бренд, но социјалните медиуми не треба да се вашата единствена маркетинг стратегија. Мали се шансите дека веднаш ќе привлечете голем број на корисници. 

Социјалните медиуми се една ставка на вашата целосна маркетинг стратегија и треба да ги подржуваат сите Ваши останати маркетинг кампањи. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »