Промовирани огласи »

Ако сте разочарани со резултатите од вашиот труд на социјалните медиуми, не сте сами. Многумина од бизнис сопствениците и маркетерите се согласуваат дека социајлните медиуми се многу важен дел од секоја маркетинг стратегија, но многу од нив го одбираат погрешниот начин за имплементирање. Во повеќето ситуации, Вие може да ги имате вистинските идеи, но ги имплементирате на начин преку кој вашите потрошувачи ја пропуштаат вашата смисла или не ја пронаоѓаат вашата содржина. 

Без да знаете, може да користите бариери кои го смалуваат влијанието на вашата кампања. KARIERA.mk ви нуди шест најчести причини зошто не успевате и покрај огромниот труд вложен во социјалните медиуми:

  • Неповрзаност со вашата таргетирана публика 

Може да ја поседувате совршената содржина како и одличен дизајн, но ништо од тоа не е важно ако погрешните луѓе го гледаат или читаат. Успешните социјални кампањи содржат повеќе од само интересна содржина. Тие мора да бидат насочени директно кон вашата иделна персона на купувач. Вашата социјална стратегија потребно е да биде таргетирана. Треба да разберете кој точно се обидувате да го привлечете и точно да ги откриете потребите на таа публика. Пред да ја започнете вашата кампања, направете истражување на вашиот таргетиран пазар и одлучете каде, кога, како и што ќе објавувате на социјалните медиуми за да допрете до посакуваната публика. 

  • Недоволна употреба на слики

Вашите објави треба да вклучуваат слики кои се забележливи, кои вклучуваат важни детали и се вклопуваат со содржината која ја пишувате. Веб содржина со слики привлекува 94% повеќе прегледи отколку онаа без. Една причина зошто на вашите објави и реклами им недостигаат прегледи и кликнувања е дека вашите слики не се поврзани со она што го нудите. Ако вашите слики не се поврзуваат со содржината и погрешно го насочуваат читателот, вашата врска со потрошувачите ќе се намали и ќе го изгубите кредибилитетот со вашите следачи. 

  • Непресметано време

Се во врска со вашите објави може да е совршено, но ако вашите корисници не се онлајн за да ги видат, ништо од тоа не е важно. Времето на објавување на вашите содржини и негово поклопување со времето кога вашите корисници се онлајн е клучно за привлекување корисници на социјалните платформи. Анализирајте преку начините на мерење на објавите за да генерирате информации кога вашата публика е онлајн; ќе ви биде мило што сте вложиле време во ова. 

  • Неанализирање на кампањи

Дури и ако сите аспекти на вашите објави се почитувани од Ваша страна, не можете да го знаете целосното влијание без истражување на аналитиките. Прегледот во анализите ви дава јасна слика за тоа како вашата кампања функционира и која од вашите содржини најмногу допира до вашата таргетирана публика. Одвојте време на крајот од денот, доколку сте премногу зафатени во текот, да ги прегледате мерните единици и да размислете за вистинското влјание на вашите содржини. 

  • Неатрактивна содржина

Никој од корисниците нема да сака да се поврзи со Вас ако вашата содржина е досадна, иритирачка или невредна за нивното време. Вашите објави и статии треба да им нудат решенија, да одговараат на нивните прашања и/или да ги прават вашите потенцијални корисници возбудени да научат повеќе од Вас. Посветете се на создавањето креативна содржина, вредна за читање. Социјалните медиуми треба да се забавни и затоа дозволете вашата креативна страна да се појави! 

  • Нереални очекувања

Од исклучителна важност е да имате јасно дефинирани цели кога се работи за социјалните медиуми, но тие цели треба да се во допир со реалноста. Многу од бизнисмените гледаат на социјалните медиуми како магично стапче кое веднаш ќе го шири нивниот бренд кон милиони потенцијални клиенти. На долг рок, социјалните платформи ја зголемуваат прегледноста на вашиот бренд, но социјалните медиуми не треба да се вашата единствена маркетинг стратегија. Мали се шансите дека веднаш ќе привлечете голем број на корисници. 

Социјалните медиуми се една ставка на вашата целосна маркетинг стратегија и треба да ги подржуваат сите Ваши останати маркетинг кампањи. 

Промовирани огласи »

Се прашувате како да се осветите на некој колега или претпоставените заради некоја причина? Овој текст може да ви помогне да изгледате суптилно и да не се спуштите на нивото на оние кои ве навредиле.

Интелигентните луѓе знаат дека со класичната освета ќе се исцрпат емоционално и ќе се спуштат на нивото на оној кој ги повредил, па не посегнуваат по такво нешто.

Исто така, нема ниту да се повлечат, избегнувајќи средба со таа личност, ниту пак тоа ќе им ја наруши самодовербата. Наместо тоа, тие таквиот човек целосно ќе го игнорираат.

Токму ваквиот облик на однесување најмногу ќе го погоди оној кој ги повредил, бидејќи никој не сака да биде „невидлив“.

Кога некој игнорира некоја личност, таа се прашува зошто тоа се случува. Покрај тоа, ако е свесна дека оваа реакција ја предизвикала со своето лошо однесување, тогаш нема да и даде мир.

Постојано ќе се прашува што оној кој го игнорира мисли, дали ќе направи некој потег и каков ќе биде ако го направи, објаснува психологот Елизабет Мајер.

Со овој начин на освета покажувате дека сте над таа личност на ментално ниво.

Исто така, од внатре ќе чувствува љубопитност, бидејќи од вашето однесување нема да може да заклучи какво мислење имате вие за него.

На крај ќе сфати дека желбата да ви наштети била залудна, бидејќи ја нема очекуваната бурна реакција од страна на повредниот.

Секако, доколку некој ве повреди несвесно, мора да биде подготвен на тоа да се извини, а вие треба да бидете подготвени да му простите – тоа најдобро покажува колку сте над призмените емоции и нагони.

На крајот колегите не можеме да ги одбереме па треба заеднички да се прилагодиме едни на други.

Промовирани огласи »

Во 2012, Здружението за Менаџмент на човечки ресурси во соработка со Институтот за Американски Национални стандарди креирале формула за стандардна калкулација на трошоците по вработување. Формулата е следна:

ТПВ (Трошоци По Вработување) = (Надворешни Регрутерски Трошоци + Внатрешни Регрутерски Трошоци) / Број на вработувања во одреден временски период

Надворешни регрутерски трошоци вклучуваат трошоци за агенции за вработување, маркетинг, саеми за вработување, релокација и слично.

Внатрешни регрутерски трошоци вклучуваат плати и бенефиции за сите вклучени во регрутерскиот процес како и регрутерски софтвер и слично. 

Во САД, минатата година, според оваа формула биле пресметани 4.129$ просечни трошоци по вработување. 

Целта на пресметувањето на ТПВ е за да се обезбеди компанијата со приближен број на трошоци за регрутерските активности. Да претпоставиме дека организацијата планира да отвори нови канцеларии на нова локација наредната година. Како резултат, компанијата ќе мора да вработи 10 луѓе. ТПВ и дава на компанијата некоја приближна вредност кога се работи за трошоците потребни за вработување нови луѓе на нова локација. Целта која стои позади пресметката на трошоците по вработување не е да изнесуваат нула. Тоа не е возможно. Дури и ако сте најдобрата фирма за работа, секако ќе имате регрутерски трошоци. Целта е да се забележи дека трошоците се прифатливи. На пример:

  • Ако компанијата одлучи дека ќе купи регрутерско софтверско решение затоа што ќе и заштеди средства на компанијата, како ќе го знаете враќањето ан инвестициите ако не ги пресметате трошоците по вработување?
  • Ако компанијата размислува за аутсорсинг на процесот на регрутирање, како ќе знаат дали се исплаќа за бизнисот? 

Сепак, овде не станува збор за квалитетот на вработените луѓе. Тоа е многу покомплициран начин на мерење. Но, квалитетот на вработените луѓе зависи од буџетот на компанијата. Фирмите немаат бесконечен број на финансии за да исплаќаат плати на вработените. Што доведува до тоа дека квалитетот на вработените луѓе е во сооднос со трошоците по вработување. 

Промовирани огласи »

Според некои истражувања овие два хороскопски знаци се одлични за бизнис и соработка:

Овен

Личностите родени во овој хороскопски знак се најизразени лидери и имаат вроден авторитет. Овновите исто така се богати и со храброст, одлучност, ентузијазам, самодоверба, иницијатива, чесност, дисциплина и искреност. Тие уживаат во предизвиците и храбро се борат со тешките моменти во животот. Не сакаат никого и ништо не чекаат. Тие се бестрашни, енергични, но и честопати настроени кон кавги. Тешко прифаќаат одредени одложувања или бавно извршување на работите, затоа што се динамични, нестрпливи и импулсивни. Оној кој сака да им го привлече вниманието на Овните, треба само да го исполни она што го ветил.

Овновите имаат предиспозиции да бидат одлични шефови, но честопати проблем им претставува нивната тврдоглавост и промената на расположението. Припадниците на овој знак се многу јасни во своите барања и иако ги поттикнуваат вработените да дадат сѐ од себе, со нивните непромислени изјави тие може да ги понижат и да ги повредат другите.

Јарец

По природа на Јарците е да сакаат ред, работа и дисциплина, па уживаат во обучување на своите вработени. Тие немаат страв од губење на својата работна позиција, затоа што се убедени дека се незаменливи, што е возможно затоа што тие целосно се посветуваат на својата работа.

Јарците одлично реагираат на притисок, а за нив стресот едноставно и не постои, затоа што ако постојат десет работи што треба да се координираат, тие одлично реагираат во вакви ситуации. Нивна доблест е и тоа што се способни да го извлечат најдоброто од другите, а исто така може да се изборат за повисока плата на вработените. Нивни маани се тврдоглавоста, нечувствителноста и верувањето дека тие самите знаат сѐ најдобро.

Личностите родени во знакот Јарец ги имаат следниве одобини: одговорност, дисциплина, самоконтрола, сериозност, амбициозност, упорност, издржливост, силна волја, мудрост, верност, штедливост и точност.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »