Акрофобија - страв од височина
Оваа фобија е најзастапена и се зголемува како што старееме. Името и доаѓа од грчкиот збор ákron што значи раб или врв, а потекнува од неспособноста за перципирање на вертикалните димензии.
Истражувањата сугерираат дека луѓето со оваа фобија ги преценуваат вертикалните растојанија, а оние кои тоа го прават со најголема грешка имаат најсилна фобија.
Агорафобија – страв од отворен простор и гужви
Агорафобијата се однесува на ситуација каде бегството би било тешко, како што е наоѓање во отворен простор или во јавен превоз. Може да предизвика анксиозност, а оние кои ја имаат и да избегнуваат воопшто да излегуваат од дома.
Причината е панично пореметување, каде луѓето искусуваат панични напади и моменти на интензивен страв. Трауматски настани поврзани со одредени локации или со чувство на жалост придонесуваат за развој на оваа фобија, за која може да има и генетски причини.
Авиофобија или аерофобија – страв од летање со авион
Најголема причина за оваа фобија е ослободување на хормоните на стрес кога авионот крстосува. Турбуленциите го зголемуваат нивото на стрес, редуцирајќи ја когнитивната способност, што уште повеќе го зголемува стресот.
Клаустрофобија – страв од мал простор
Истражувањата сугерираат дека луѓето кои го проектираат нивниот личен простор далеку од нивните тела се повеќе склони кон искусување на клаустрофобија, а таа може да е поврзана и со дисторзија во перцепцијата на просторот. Ефектот е спротивен од оној кај стравот од височини, бидејќи е предизвикан од преценување на хоризонталните растојанија
.
Глософобија - страв од зборување пред јавност
За некои луѓе, оваа анксиозност од зборување се манифестира со мала нервоза, додека некои се комплетно вкочанети од страв. Точната психологија зад нејзините причини не е позната.