KARIERA.mk ви дава идеја како да ги поминете првите 5 години од вашиот работен ангажман,
Додека сте млади и полни со желба за работа немојте да заборавите на овие работи:
Посетувајте ги сите настани поврзани со вашата професија
Ако во дваесеттите години е пожелно да учествувате на конференции и семинари од вашата област, во триесеттите би требало да го зголемите вашиот ангажман. Можете да работите и како волонтер.
Интересно истражување покажало дека волонтирањето може да ви помогне да се вработите. Научниците дошле до податоци дека со помош на волотнирање имате дури 27 отсто поголеми шанси да ве изберат на конкурс за работа.
Надополнете ги своите вештини
Во триесеттите години треба да ја потврдите и зацврстите својата работа и трудот кој сте го вложиле во изминатите години. Џенифер Меркур, советник во компанијата Cincinnati вели дека е најважно да работите на надоградба на своите вештини.
Луѓето често знаат да останат само на едно работно место и да чекаат унапредување, бидејќи знаат дека се успешни во работата која ја вршат. Наместо тоа би требало да предложите иновативен проект или да понудите соработка со членови од повозрасниот тим кои поседуваат менаџментски вештини, кои би можеле и вие да ги научите, вели Меркур
На тој начин ќе му покажете на шефот дека сте подготвени да преземете дополнителна одговорност, а воедно во својата биографија ќе додадете нова вештина која сигурно дополнително ќе ви помогне во иднина.
Одржувајте добри односи со претходните шефови
Ако имате зад себе години искуство, веројатно сте менувале позиции. Експертите велат дека е најдобро да одржувате добар контакт со поранешните работодавачи и шефови, бидејќи тие можат подоцна да ви помогнат во работата.