Промовирани огласи »

Патот во медиумите го започна во редакција за забава. Љубовта која ја почувствува и ја обезбеди конекцијата со оваа професија. Таа беше дел од најамбициозната постава на телевизија Алфа, но и дел од бизнис профилираниот магазин „Капитал“, подоцна и во порталот „Фактор“. Медиумското сивило ја натера да донесе нова одлука и да замине од Македонија во потрага по нови животни предизвици. Сега е во Дубаи, со можност постојано да патува, благодарение на работата која ѝ откри нови хоризонти. Катерина Попоска за Женски Магазин ни раскажа за својата приказна кога беше дел од медиумите во Македонија, но и за убавите мигови кои ги доживеа по одлуката да замине од Македонија.

Женски Магазин Што беше пресудно за вас да ја напуштите медиумската фела во Македонија?

Попоска Повторно да се родам – ќе изберам новинарство и тоа не ми е инстант одлука. Тоа сум јас, новинар во срце и душа, тоа ми е длабоко под кожа. Дури и во сегашната сосема нова и различна професија размислувам и реагирам со мојот новинарски инстинкт¸ а и моето 20-годишно медиумско искуство (радио¸ТВ и печатен медиум) е повеќе од сериозен период, ангажман и страст посветена на оваа професија. Не би ја преценила тежината на зборовите ако речам дека новинарството ми стана животен стил, но да, околностите под кои требаше да работам во последните години, сета девалвација на професијата и на нас новинарите, цензурите, автоцензурите, заплашувањата и силните притисоци да не се објави вистината, беа повеќе од доволно да заминам и тогаш кога сакаш да останеш....

Подетално за причините за заминување, за начинот на живот во странство, и за тоа зошто Попоска не планира да се врати во Македонија читајте во интервјуто на Женски Магазин

Промовирани огласи »

Вип ја збогатува својата понуда и воведува исклучително атрактивна промоција во припејд сегментот во мобилната телефонија со која корисниците добиваат двојно повеќе кредит и можност за целосна комуникација со своите сакани.

Со оваа најнова припејд промоција, новите припејд корисници добиваат едно пакување со 2 припејд SIM картички и тоа за само 300 денари при што секоја од нив има вклучен кредит од 300 денари, наместо редовните 150 денари.

Дополнително, во првата недела од активирањето на картичките корисниците добиваат бесплатен неделен пакет со неограничени разговори и SMS пораки кон сите Vip корисници и 200MB интернет.

Промоцијата со двојно повеќе кредит важи за активираните SIM-картички заклучно до 15.12.2017г. Кредитот може да се искористи во период од една година од моментот на активација.

За повеќе информации посетете ја нашата веб-страница www.vip.mk или јавете се на 1234.

Промовирани огласи »

Романците зад Ирците ја имаат втората најбрзорастечка економија во Европа. 

Иако порано беше сиромашна земја, денес Романија нема проблем со вработувањата. 

Тие ќе ја завршат годината со раст од 5% што е сон за многу европски земји. 

Романците заминуваат во Шпанија и Италија откако влегоа во ЕУ, и затоа тие имаат потреба од работници. 

Од јануари 2018 година ќе им се намалат платите во јавниот сектор, за да не се иселуваат лекарите и професорите. 

Стопанството доживува експанзија. 

Последните неколку години во Романија се зголемува штедењето. 

Романија има јака економија и пристигнуваат странски компании. 

Магнет за инвеститори е тоа што Романија има добри патишта и брз интернет. 

Промовирани огласи »

Интернет страницата World Names е вистинското место за сите оние кои сакаат да знаат колку луѓе на светот имаат исто презиме како и нивното.

Покрај тоа, можно е да проверите и каде живеат луѓето кои имаат исто презиме како вашето.

Сè што треба да направите е да го впишете своето презиме во пребарувачот на страницата, и-мејл адресата и да означите кој пол сте.

Потоа ќе ви се појават податоци за застапеноста на вашето презиме во светот.

КЛИКНЕТЕ ТУКА и проверете колку луѓе имаат исто презиме како и вашето.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »