Патот во медиумите го започна во редакција за забава. Љубовта која ја почувствува и ја обезбеди конекцијата со оваа професија. Таа беше дел од најамбициозната постава на телевизија Алфа, но и дел од бизнис профилираниот магазин „Капитал“, подоцна и во порталот „Фактор“. Медиумското сивило ја натера да донесе нова одлука и да замине од Македонија во потрага по нови животни предизвици. Сега е во Дубаи, со можност постојано да патува, благодарение на работата која ѝ откри нови хоризонти. Катерина Попоска за Женски Магазин ни раскажа за својата приказна кога беше дел од медиумите во Македонија, но и за убавите мигови кои ги доживеа по одлуката да замине од Македонија.
Женски Магазин Што беше пресудно за вас да ја напуштите медиумската фела во Македонија?
Попоска Повторно да се родам – ќе изберам новинарство и тоа не ми е инстант одлука. Тоа сум јас, новинар во срце и душа, тоа ми е длабоко под кожа. Дури и во сегашната сосема нова и различна професија размислувам и реагирам со мојот новинарски инстинкт¸ а и моето 20-годишно медиумско искуство (радио¸ТВ и печатен медиум) е повеќе од сериозен период, ангажман и страст посветена на оваа професија. Не би ја преценила тежината на зборовите ако речам дека новинарството ми стана животен стил, но да, околностите под кои требаше да работам во последните години, сета девалвација на професијата и на нас новинарите, цензурите, автоцензурите, заплашувањата и силните притисоци да не се објави вистината, беа повеќе од доволно да заминам и тогаш кога сакаш да останеш....
Подетално за причините за заминување, за начинот на живот во странство, и за тоа зошто Попоска не планира да се врати во Македонија читајте во интервјуто на Женски Магазин