Промовирани огласи »

Карактер дефиниран како вештачка интелигенција и официјално стана жител на Токио, со седиште во центарот на Токио. Именуван како „Shibuya Mirai“ одговара на профилот на седум годишно момче. 

И додека карактерот не постои физички, тој може да разговара со луѓето преку пораки преку апликацијата LINE. Mirai, чие име значи „иднина“ на Јапонски, се очекува да биде прво одделение во Основно училиште. 

Креаторот на овој карактер, во изјава дадена во соработка со Microsoft изјавил: „Неговите интереси се фотографирање и набљудување на луѓето. Тој сака и да разговара многу со луѓето и зборувајте за што и да е со него.“

Овие вести доаѓаат само по неколку недели од потегот на Саудиска Арабија кога на роботот Софија и беше доделено државјанство за прв пат во историјата. 

Промовирани огласи »

Eконалепница во соодветна боја ќе добие секое возило според тоа колку го загадува воздухот и по потреба ќе се исклучува од сообраќај. Ова по средбата со градоначалниците од скопските општини и министерот за животна средина, Садула Дураку, го најави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Шилегов рече дека Градот Скопје и Министерството за внатрешни работи подготвуваат законски измени со кои при технички преглед на возилата ќе се мери количеството и составот на издувните гасови што ги испуштаат и врз основа на тој параметар да добијат соодветна еколошка налепница во зависност колку учествуваат во загадување на воздухот. „Идејата е да се мапираат возилата во целата држава. Да добијат соодветна еконалепница, која ќе има соодветна боја, за да можам како градоначалник административно да забранам движење во одреден период на оние возила што најмногу загадуваат, на пример, оние со црвена налепница. Правиме анализа на категоризација на возилата според издувните гасови во согласност со правилата на Европската комисија“, рече Шилегов. Градоначалникот рече дека очекува до крајот на идната година да бидат мапирани и обележани сите возила.

Промовирани огласи »

Растењето на деца во овој брз и модерен свет не е воопшто лесна работа. На страна од работните обврски сите ние мораме да најдеме време и за родителството.

Најдобри земји се Финска и Естонија бидејќи таму има најголемо почитување кон вработените родители. Финска е прва по бројот на бодови за платено годишно отсуство, а Естонија е на второ мето со најдобар резултат во категоријата платено породилно отсуство. Тие даваат 85 недели со полна плата.

Иако важат за една од најразвиените нации, САД се најлоша земја за родители кои работата. Лошо им се организирани деновите за платено отсуство на родителите, а работодавците воопшто не плаќаат за денови отуство поради семејни или родителски проблеми.

Промовирани огласи »

Судејќи според SquareTrade, компанија која се занимава со продажба на заштитни планови за паметни телефони, сопствениците на новиот iPhone треба да бидат посебно внимателни и да не дозволат телефонот да им падне од рака. 

Најновиот телефон на Apple е креиран со „најиздржливото стакло било кога вградено во паметен телефон“. Но, нема да издржи посериозна штета. 

Видеа од повеќе тестови за паѓање на iPhone X се појавиле на Интернет во последната недела. Воопшто не е изненадување дека телефонот се кршел целосно кога го допирал подот. Според SquareTrade, iPhone X e најкршливиот телефон што постои.

Погледнете неколку видеа на следниот линк за кршливоста на iPhone X: https://www.entrepreneur.com/article/304311

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »