Промовирани огласи »

Судејќи според SquareTrade, компанија која се занимава со продажба на заштитни планови за паметни телефони, сопствениците на новиот iPhone треба да бидат посебно внимателни и да не дозволат телефонот да им падне од рака. 

Најновиот телефон на Apple е креиран со „најиздржливото стакло било кога вградено во паметен телефон“. Но, нема да издржи посериозна штета. 

Видеа од повеќе тестови за паѓање на iPhone X се појавиле на Интернет во последната недела. Воопшто не е изненадување дека телефонот се кршел целосно кога го допирал подот. Според SquareTrade, iPhone X e најкршливиот телефон што постои.

Погледнете неколку видеа на следниот линк за кршливоста на iPhone X: https://www.entrepreneur.com/article/304311

Промовирани огласи »

Како што работодавачите ги избегнуваат грешките кои може да се појават со регрутирањето, го стеснуваат изборот на вештини и го забрзуваат процесот на вработување, така се почесто се појавуаат најсовремени решенија.

Што е тоа што треба да го бараат регрутерите и вработените во секторот за човечки ресурси наредна година? Многу од решенијата се засновани на технологијата, но има и дел од нив кои се потпираат како на човековата интелигенција така и на вештачката. 

1. Предвидувачки анализи - Што ако може да предвидете, со задржана доза на веродостојност, кој од десет кандидати ќе биде најдобар за вашата организација? Во истражување направено во Далас во САД кое било спроведено врз близу 200 професионалци за човечки ресурси, сите се изјасниле јасно дека има подобар начин за вработување и започнува со предвидувачките анализи. Од тие 200 вработени, 95% изјавиле дека овој вид на анализи ќе им биде од многу голема помош. Со овој вид на работни анализи, компаниите може да го мерат влијанието на растењето на профит преку имплементирањето на оваа ставка во секторот за човечки ресурси и да забележат дека има огромен удел во успехот и профитабилноста на компанијата.

2. Разновидно вработување - Дискриминацијата на работното место не е ниту нова ниту ретка. 

„Најдобрите регрутери ќе разберат дека овој труд е многу повеќе од само следење на правила или почитување на регулации. Вистинската разновидност е за прифаќање на концептот да се биде сеприфатлив и за препознавање на вредноста која разноликоста во работниот простор може да ја збогати компанијата и да ја зголеми продуктивноста„ 

Ова го изјавува Мириам Душејн, директор за менаџирање на регрутерска фирма во Њујорк. Овој концепт, како што е увидено, многу од компаниите го прифаќаат и употребуваат. 

3. Темелно размислување за огласите за работа - Агенциите кои објавуваат огласи за работа кои имаат дискриминирачка содржина треба да внимаваат на својата работа. SAP, на пример, неодамна објави софтвер кој ги одбележува зборови кои се пристрасни во огласите за работа и ги заменува со неутрални зборови. 

Промовирани огласи »

Грција планира да ја зголеми максималната дозволена брзина на автопатите. Министерот за транспорт, Христос Шпиџис, објави дека новите сообраќајни прописи ќе овозможат зголемување на брзината од 130 км / ч, како што е сега, до 150 км / ч по нејзиното усвојување од страна на надлежните служби.

Њусвик забележува дека министерот не споменал колку е корисна оваа промена, со оглед на тоа што контролните тела не запираат да пријавуваат жртви за сообраќајни незгоди.

Се потсетува дека во повеќето европски земји дозволената максимална брзина е колку што е сега во Грција - 130 km / h.

До крајот на годината, властите во Грција ќе отпочнат аукција за изградба на нов систем за полнење на касите од патиштата во земјата.

Примената на новиот систем за наплата на патарина ќе биде пуштена во употреба следната година, а трошоците се плаќаат без готовина преку специјални уреди и мобилни телефони. Надоместоците ќе се базираат на километражата.

Промовирани огласи »

Осми декември, Св. Климент Охридски е последниот неработен ден за сите граѓани. Добро е што овој ден се паѓа во петок па ќе отвори можност за продолжен викенд и мала оддишка од работните обврски.

До крајот на годината, неработен ден имаат граѓаните од албанско етничко потекло кои на 22 ноември, во среда ќе го слават Денот на Албанската азбука, додека 21 декември, четврток е неработен за граѓаните Турци кои го слават Денот на наставата на турски јазик. На 25 декември продолжен викенд ќе имаат и сограѓаните католици бидејќи тогаш, тие го празнуваат католичкиот Божиќ.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »