Промовирани огласи »

Бугарија ќе биде првата земја членка на ЕУ во која за Македонците нема да се наплаќаат дополнителни роаминг трошоци за мобилни разговори, пораки и интернет. Се очекува договорот да биде постигнат меѓу двете земји независно од директивите на ЕУ. 

Досега Македонија успеа да ги намали трошоците за роаминг со земји како Србија, БиХ и Црна Гора од опкружувањето со цел да ги следи европските политики каде на територија на ЕУ целосно е укинат роамингот како исторички чекор.

Подготвениот меморандум за билатералната спогодба меѓу Македонија и Бугарија може да биде потпишан на заедничката седница на двете влади која се планира да се одржи на 23 ноември во Струмица.

Тоа го најави бугарскиот министер Ивајло Московски, според кој со потпишување на меморандумот ќе им биде дадено зелено светло на мобилните оператори за намалување на цените на разговорите, на СМС-пораките и на интернетот во телефонскиот сообраќај меѓу двете земји. Според него, реално е да се очекува укинување на роамингот меѓу Бугарија и западнобалканските држави за време на нејзиното претседавање со Европска унија во првата половина на 2018 година.

Промовирани огласи »

Повеќе од 70% од работодавачите го користат LinkedIn за регрутација и вработување на нови таленти и затоа креирањето на ефективен профил може да биде токму разликата помеѓу тоа Вие да бидете избраниот кандидат или да бидете победени од конкуренцијата. 

Вашиот профил на LinkedIn може да ги покаже во најдобро светло вашите вештини и да го прикаже вашиот бренд само со едно пребарување, само со додавање и променување на ситни детали. Профилот покажува многу повеќе од само вашето резиме - профилот е платформа за вашиот карактер. 

Искористете некои од следниве совети:

1. Искористете одлична профил фотографија - Луѓето со слики на профилот добиваат 36 пати повеќе пораки и 21 пат повеќе прегледи на профилот отколку оние кои немаат, според студија од LinkedIn. Облечете се соодветно, употребете добро светло и за слика во позадина, искористете некоја од себеси во акција, за да прикажете одредени елементи од вашиот карактер. 

2. Вклучете ја вашата локација - Приближно една третина од регрутерите ги сведуваат нивните пребарувања според локацијата. Искористете го ова во ваша предност и додајте ја вашата локација. 

3. Напишете ефективно резиме - Вашето резиме ви дозволува да ја проширете кариерата до таму каде што сакате. Тоа е вашата шанса за да ги напишете уникатните детали за вашите вештини и таленти. Поделете го текстот на 3-5 параграфи, користете точки за да ги издвоите вашите клучни квалификации, способности и искуство и ставете примери од вашата работа. 

 4. Прифаќајте ги понудите за поврзување - LinkedIn е одлична мрежа за градење на вашата професионална мрежа и зголемување на вашата видливост на истата. За максимизирање на вашите шанси, вие треба да се обидете да имате што е можно повеќе конекции. Немојте да бидете полни предрасуди за конекции ако не ги познавате луѓето. Тоа е сосема неважно, прифатете ја поканата и видете како може тие да го надополнат вашиот професионален круг. 

5. Додајте барем 5 релевантни вештини - Според LinkedIn, членовите кои имаат пет или повеќе вештини именувано примаат 33 пати повеќе пораки од оние кои немаат наведено вештини. На овој начин, Вие исто така ќе рангирате високо во пребарувачките резултати од луѓето кои се обидуваат да се поврзат со вас. 

6. Објавување на содржина - Објавувањето на блогови или вести ви помага да бидете перцепирани како активни во вашата индустрија. Тоа ја зголемува вашата видливост кон работодавите и им дозволува на луѓето да ве додаваат како конекција. 

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Алибаба, Кинескиот гигант за е-трговија, изјави дека распродажбата за Денот на осамените на 11.11 достигнала рекорден број од 25,4 милијарди долари и со тоа го надминале сопствениот рекорд од минатата година, поставувајќи се како најпопуларен шопинг настан во светот. 

Едно-дневната прослава за осамените срца на Кина постанала традиционална 24-часовна хаотичност која ги надминала продажбите за Црн Петок и Сајбер понеделник во САД заедно. 

Само во првите две минути, платформата на Алибаба заработиле милијарда долари и 10 милијарди долари во само еден час. 

Ова е огромен настан за Кина, за Кинеската економија. На Денот на осамените, шопингот е спорт, шопингот е забава.

Ова се зборовите на Џозеф Цаи, еден од креаторите на Алибаба. Крајниот број, кој изнесува повеќе од буџетот на Исланд или Камерун, ги става во позадина сите останати познати денови за шопинг. За споредба, Сајбер понеделникот во САД минатата година оствари заработка од 3,45 милијарди долари. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »