Промовирани огласи »

Алибаба, Кинескиот гигант за е-трговија, изјави дека распродажбата за Денот на осамените на 11.11 достигнала рекорден број од 25,4 милијарди долари и со тоа го надминале сопствениот рекорд од минатата година, поставувајќи се како најпопуларен шопинг настан во светот. 

Едно-дневната прослава за осамените срца на Кина постанала традиционална 24-часовна хаотичност која ги надминала продажбите за Црн Петок и Сајбер понеделник во САД заедно. 

Само во првите две минути, платформата на Алибаба заработиле милијарда долари и 10 милијарди долари во само еден час. 

Ова е огромен настан за Кина, за Кинеската економија. На Денот на осамените, шопингот е спорт, шопингот е забава.

Ова се зборовите на Џозеф Цаи, еден од креаторите на Алибаба. Крајниот број, кој изнесува повеќе од буџетот на Исланд или Камерун, ги става во позадина сите останати познати денови за шопинг. За споредба, Сајбер понеделникот во САД минатата година оствари заработка од 3,45 милијарди долари. 

Промовирани огласи »

Андреа Кутриг, која со години работела за Yаhoo, а денес е самостоен претприемач, смета дека постојат моменти кога е сосема во ред да се однесувате дрско на работното место.

Бидејќи позади себе има големо искуство и работа во бројни компании, научила дека понекогаш преговарањето и настојувањето да пронајдеме компромис не функционира, и кон колегите треба да бидеме остри.

Нема сите секогаш да се сложат со вашите одлуки, предупредува таа, но додава дека понекогаш мора да се направат и акции кои не им одговараат на сите во просторијата, со цел работата да оди напред.

Но, таа вели дека е битно да се разликуваат овие луѓе, при што се мисли на луѓе чија личност ја нарушува организацијата и хармонијата на работа, и чие инсистирање на нивните одлуки ја забавува и уништува работата.

Разликата меѓу моментот кога ве почитуваат и кога им се допаѓате

Поради тоа секогаш треба да се стремите да, кога не оди поинаку и знаете дека некои деловни потези морате да ги повлечете, биде упорни и тврдоглави.

Понекогаш морате да знаете да се спротивставите на „тешки“ луѓе кои ги среќавате на работа и не морате да се повлечете што првиот пат ќе ве одбијат, порача таа.

Но, нагласува дека секој мора да има граница во својата тврдоглавост, со цел и сам да не започне да претерува. „Тоа исто така произлегува од самодовербата – да се биде способен да се откажете ако гледате дека вашата одлука не е најдобра“, потенцираше таа.

Сепак, морате да знаете да бидете пристојни и паметно да изиграте во било која ситуација.

Промовирани огласи »

YouTube се соочува со огромен број на критики поради бизарни видеа под името „ElsaGate“ колекција. Овие видеа содржат наслов кој има клучен збор кој има намена да собира колку што е можно повеќе кликови и многу од нив влучуваат фиктивни карактери како Елса, Спајдермен и други карактери на суперхерои. Многу од овие видеа биле критикувани дека содржат вознемирувачка, понекогаш нападна и непристојна содржина која ги има за таргет помладите гледачи. 

Овие видеа стигнуваат до својата публика така што децата пребаруваат популарни зборови како Елса и тогаш, им се појавуваат видеата автоматски. 

Овие видеа се моментално само на YouTube Kids апликацијата, апликација креирана за да ги заштити децата од потенцијални вознемирувачки видеа и токму поради тоа, многу родители го нападнале YouTube за негрижата кон своите клиенти, особено бидејќи се деца. 

Одговорните во YouTube велат дека се погрижиле за проблемот, така што ставиле ограничување со години на видеата на главната апликација на YouTube. Кога едно видео веќе е ограничено на овој начин, нема да се појавува во апликацијата за деца. 

Промовирани огласи »

Тимот на KARIERA.mk пронајде интересно видео за тоа како изгледала работата на шминкерите во 80-тите години.

Погледнете како се менувале трендовите и дали наликуваат на денешните?

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »