YouTube се соочува со огромен број на критики поради бизарни видеа под името „ElsaGate“ колекција. Овие видеа содржат наслов кој има клучен збор кој има намена да собира колку што е можно повеќе кликови и многу од нив влучуваат фиктивни карактери како Елса, Спајдермен и други карактери на суперхерои. Многу од овие видеа биле критикувани дека содржат вознемирувачка, понекогаш нападна и непристојна содржина која ги има за таргет помладите гледачи.
Овие видеа стигнуваат до својата публика така што децата пребаруваат популарни зборови како Елса и тогаш, им се појавуваат видеата автоматски.
Овие видеа се моментално само на YouTube Kids апликацијата, апликација креирана за да ги заштити децата од потенцијални вознемирувачки видеа и токму поради тоа, многу родители го нападнале YouTube за негрижата кон своите клиенти, особено бидејќи се деца.
Одговорните во YouTube велат дека се погрижиле за проблемот, така што ставиле ограничување со години на видеата на главната апликација на YouTube. Кога едно видео веќе е ограничено на овој начин, нема да се појавува во апликацијата за деца.