Повеќе од 70% од работодавачите го користат LinkedIn за регрутација и вработување на нови таленти и затоа креирањето на ефективен профил може да биде токму разликата помеѓу тоа Вие да бидете избраниот кандидат или да бидете победени од конкуренцијата.
Вашиот профил на LinkedIn може да ги покаже во најдобро светло вашите вештини и да го прикаже вашиот бренд само со едно пребарување, само со додавање и променување на ситни детали. Профилот покажува многу повеќе од само вашето резиме - профилот е платформа за вашиот карактер.
Искористете некои од следниве совети:
1. Искористете одлична профил фотографија - Луѓето со слики на профилот добиваат 36 пати повеќе пораки и 21 пат повеќе прегледи на профилот отколку оние кои немаат, според студија од LinkedIn. Облечете се соодветно, употребете добро светло и за слика во позадина, искористете некоја од себеси во акција, за да прикажете одредени елементи од вашиот карактер.
2. Вклучете ја вашата локација - Приближно една третина од регрутерите ги сведуваат нивните пребарувања според локацијата. Искористете го ова во ваша предност и додајте ја вашата локација.
3. Напишете ефективно резиме - Вашето резиме ви дозволува да ја проширете кариерата до таму каде што сакате. Тоа е вашата шанса за да ги напишете уникатните детали за вашите вештини и таленти. Поделете го текстот на 3-5 параграфи, користете точки за да ги издвоите вашите клучни квалификации, способности и искуство и ставете примери од вашата работа.
4. Прифаќајте ги понудите за поврзување - LinkedIn е одлична мрежа за градење на вашата професионална мрежа и зголемување на вашата видливост на истата. За максимизирање на вашите шанси, вие треба да се обидете да имате што е можно повеќе конекции. Немојте да бидете полни предрасуди за конекции ако не ги познавате луѓето. Тоа е сосема неважно, прифатете ја поканата и видете како може тие да го надополнат вашиот професионален круг.
5. Додајте барем 5 релевантни вештини - Според LinkedIn, членовите кои имаат пет или повеќе вештини именувано примаат 33 пати повеќе пораки од оние кои немаат наведено вештини. На овој начин, Вие исто така ќе рангирате високо во пребарувачките резултати од луѓето кои се обидуваат да се поврзат со вас.
6. Објавување на содржина - Објавувањето на блогови или вести ви помага да бидете перцепирани како активни во вашата индустрија. Тоа ја зголемува вашата видливост кон работодавите и им дозволува на луѓето да ве додаваат како конекција.