Промовирани огласи »

Чувствувате дека ви се спрема отказ, или пак сакате да се заштитите предвреме од тоа?

Ова се некои знаци дека не грешите кога мислите дека наскоро ќе го изгубите вашето работно место:

Не ве вклучуваат во проекти или ве отстрануваат од истите

Бевте дел од тимот за одреден проект и одеднаш ви пристигна известување дека повеќе не сте дел од реализација на истиот. Никој не ве вклучува ниту во наредните проекти. Ова е јасен знак дека компанијата полека се подготвува за вашето заминување. Побарајте објаснување со позитивен и конструктивен пристап зошто се случува ова и како може да се подобри несаканата ситуација.

Вашиот директор или шеф нема добро мислење за вас

Оценките или извештајот кој го поднесуваат вашите надредени драстично се разликува од оние пред неколку години. Што се промени? Скоро никој нема пофални зборови за вашата работа, ниту никакви препораки за напредување. Ова е и повеќе од јасен сигнал дека вашето присуство станува излишно и наскоро ќе бидете заменети.

Колегите се однесуваат чудно и молчаливо покрај вас

Влегувате во просторијата и одеднаш разговорот замира. Имате чувство дека колегите ве одбегнуваат, дека им е непријатно во вашата близина. Ве изоставаат од нивните собиранки – социјално-друштвени или службени. Можно е неколкумина од нив да го претчувствуваат вашиот отказ или да знаат некоја информација повеќе, па едноставно не сакаат да си создаваат непријатни и конфликтни ситуации.

Промовирани огласи »

Германската компанија IQ to Link во посета на Скопје за да ги увидат можностите и потенцијалите за отворање на претставништво. (http://iq-l.de/news/we-are-coming-to-skopje/)

Среда, 29 ноември, 09:00 часот,  IQ to Link ќе се претстават во „Хотел Парк“, Скопје, со цел да се започне регрутација на Македонските капацитети, кои имаат познавање од Германскиот јазик.  

Раководителите на компанијата Jens Reichenbach и Joachim Hofsähs, ќе бидат присутни за да ја претстават фирмата и можностите што таа ги нуди, како:

  • Висока плата,
  • Стручна обука,
  • Германска култура на работа,
  • Флексибилен распоред,
  • Можности за напредување во кариерата.

Директорот на IQ to Link Jens Reichenbach вели дека отворањето на новиот центар во Македонија би помогнал да се намали невработеноста преку создавање на повеќе од 150 нови работни места. Целта на Јеns е младите кои зборуваат германски да имаат можност да живеат и работат во својата земја, а не да заминат за работа надвор од државата, бидејќи само на тој начин можат да придонесат за благосостојбата на нивната земја.

IQ to Link има блиски договори за соработка со големите клиенти како DHL, Strato, Extra Energy итн. Во моментов IQ to Link има претставништво во Косово, со повеќе од 550 вработени. Главната услуга што ја нудат е „Центар за помош на клиентите“. Сите повици ќе бидат од клиенти кои имаат потреба од помош, каде преку телефонски разговори ќе се придонесува околу решавањето на  разните услуги и барања. Велат: „Ние сме фокусирани исклучиво на обезбедување на поддршка за нашите клиенти, а посебното е  што нема да  се остваруваат вообичаените повици, продажби или промоции“.

По вработувањето на IQ на Link, ќе станете и дел од нивните проекти.

На почетокот ви следува едномесечна обука, која ќе биде платена. При обуката, ќе бидете запознаени со духот и културата на компанијата и ќе бидете оспособени за вашите задачи и обврски, почнувајќи од услугите што ги нудат, платформите кои ги користат и разните понуди. По едномесечната обука, ќе бидете целосно подготвени да работите на IQ to Link и да примате повици кои главно доаѓаат од Германија.

IQ to Link работи врз основа на европските регулативи и директиви за безбедност на податоците, и е компнанија посветена да го продолжи својот раст во рамките на правниот простор, квалитетот на услугите на клиентите и да ги поттикне младите луѓе, како и да ја намалат невработеноста во земјата.

На официјалната веб страница на компанијата, http://iq-l.de/ можете да следите некои од приказните на агентите кои зборуваат за нивното искуство во компанијата и за можностите кои им се нудат.

Промовирани огласи »

Скоро секоја старт-ап компанија ги има своите кризни искуства: времиња кога бизнисот не функционира најдобро, парите не се доволни и вознемирени работници. Во вакви моменти, претприемачте најчесто се повикуваат на инвеститорите за да им обезбедат „поширок“ простор за решавање проблеми. Одличните лидери користат средства за да ја повратат самодовербата на инвеститорот и да добијат уште една можност за успех. 

Овие „моменти на вистината“ ја тестираат самодовербата на инвеститорите во бизнисот, нивното лидерство и нивната одлучност. Одлуките на инвеститорите се основани на комбинација на логика и емоција. Тие ќе ги прегледаат податоците за фирмата внимателно и ќе го истражуваат нивното инвестирање: дали пазарот се развива, дали клиентите го вреднуваат нашиот производ, дали друга компанија е водечка на пазарот, можна ли е одлична победа и покрај се? 

Истовремено, инвеститорите може да ги почувствуваат и некои од следниве ситуации:

  • Фрустрираност дека ветените резултати не биле остварени за одредениот временски период;
  • Притиснати во ќорсокак и засрамени, ако дознале дека бизнисот во кој влегуваат е многу полош отколку што претпоставиле и многу полош отколку што им кажале на нивните партнери;
  • Разочарани и вознемирени, налутени бидејќи сега изгледа како да тие требале многу порано да престанат со инвестициите во овој бизнис, а предолгата поддршка за бизнис што пропаѓа е грешка за која инвеститорите се често критикувани;
  • Надеж дека може да биде пронајден начин за сето тоа да се реши, бидејќи пропаѓањето ќе влијае на вработените, на инвестираните пари како и на врските воспоставени преку овој бизнис.

Справувањето со лошите вести е тоа што го издвојува способните лидери од останатите. Секој си има свој стил на лидерство, но во најголемиот број случаи, скоро сите ги вклучуваат следните карактеристики:

  • Директност во соопштувањето на лошите вести. Делумно, ова е справувачко чувство: лидерите сакаат нивните слушатели да преминат преку депресијата создадена од лошите вести за да можат подоцна да им го зголемат ентузијазмот. Потребно е да го стабилизираат кредибилитетот со откривање се што им е потребно на инвеститорите да знаат. Криењето на проблеми во оваа фаза е отровно: последиците од прекривањето се секогаш полоши од самото прекривање. Бидете директни и потоа работете на решавање на проблемите. 
  • Одговорност за направените грешки. Ако дојде до ваква ситуација, секој добар лидер треба да ја превземе одговорноста за своите грешки и да не ги обвинува другите луѓе, дури и ако тие тоа го заслужуваат. Никој не е без вина во лоша ситуација. Ако се фокусирате на тоа некој друг да го обвините за вашите грешки, ќе изгледа како да се обидувате да ги прекриете своите грешки. 

  • Темелно истражување за што го предизвикало проблемот и како може да се реши. Инвеститорите веќе изгубиле верба во стратегијата од претходно. За да ги вратите на истите патишта, потребно е тие да разберат зошто компанијата ќе биде поуспешна. Ова бара нов пристап базиран на факти и добро осмислени планови.
  • Реалистични очекувања и проекти. Инвеститорите знаат дека првичните очекувања им се изгубени. Она што вие треба да го направите како сопственик е вклучување на мерливи резултати, за инвеститорите да се почувствуваат дека инвестираат во нешто сосема различно. Нереалните очекувања не ви користат во вакви ситуации - многу е веројатно дека тие ве довеле овде на прво место. Рекреирањето на кредибилитетот е примарна работа за вас, моментално. 

Промовирани огласи »

Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ ќе порасне за 2,5 денари по литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за три, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе поскапат за два денари од литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

ЕУРОСУПЕР БС-95 сега ќе чини 66,50 денари, а литар ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 68,50 денари.

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 54,00 денари, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 42,50 ден/лит.

За 2,556 денари поскапува и мазутот М-1 НС и килограм ќе чини 29,351 денари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »