Доколку ги прашате луѓето што е потребно за да се изгради успешен бизнис, многу од нив ќе ви одговорат дека најважниот фактор е поседување на оригинална идеја. Личност која има некоја никогаш претходно видена идеја која решава огромен проблем на потрошувачите и потоа таа идеја ја креира во огромен, профитабилен бизнис.
Ова е добра приказна и приказна која функционирала за многу претприемачи, но вистината е малку поинаква - не ви е потребна сосема оригинална идеја за да изградете масивно успешен бизнис. Следниве пример се токму докази за тоа:
1. Google
- Google е најдоминантниот онлајн модел за пребарување веќе со години наназад и тоа до точка каде огромен број на луѓе сметаат дека бил и прв ваков модел. Во реалноста, моделите на пребарување постојат од кога постои Интернетот и некои од нив, вклучувајќи го и Ask.com имале огромна база на корисници многу пред Google воопшто и да постои.
Успехот на Google се должи на тоа што тие земале веќе постоечка идеја и ја направиле подобра, преку креирање на архитектура која им нуди на корисниците преарувања со подобри, порелевантни резултати, за максимално да го зголеми корисничкото искуство. Google не е првиот пребарувачки модел, тој е најдобриот.
2. Facebook
- Скоро сите ние пред постоењето на Facebook сме имале профил на MySpace. Facebook е една од најголемите технолошки компании на планетава и со сигурност, најпопуларната социјална платформа.
Но креаторот на идејата да се користи Интернетот за поврзување со другите луѓе не бил Цукенберг. Всушност, првата социјална платформа била Six Degrees, која била лансирана во 1996 година. Проблемот бил во немање на Интернет пристап од доволно голем број на луѓе и затоа страната била неуспешна.
3. Pepsi
- Кока Кола и Пепси се двата главни неалкохолни пијалоци во САД и повеќето луѓе сметаат дека Пепси се појавил како предизвикувач на Кока Кола. Во реалноста, двата брендови постоеле уште од доцните 1800; Кока Кола се појавила прва и продавала милиони литри годишно пред Пепси да се појави на пазарот. Сепак, овој пијалок е квалитетна алтернатива која се уште постои на пазарот и така постанала милијардерска компанија каква што е денес.
4. Amazon
- Amazon не е првата е-трговија сајт. Всушност, постоеле стотина онлајн продавачи, како што биле Boo.com, eToys.com и Eve.com, секој од нив специјализиран за продажба во одреден сектор. Amazon, за разлика од нив, креирале концепт на се-во-едно шопинг искуство, каде потрошувачите може да купат се што сакаат.
Точно е дека е потребно да се разликувате од конкуренцијата, но не секогаш е потребно да смислите идеја која е непостоечка. Ако имате за цел да подобрите веќе постоечка идеја или да понудите алтернатива, сето тоа со прецизно време на влегување на пазарот и со одлична маркетинг кампања, оригинална идеја и не ви е потребна за остварување успех во бизнисот.