Промовирани огласи »

Бејжинг е еден од најзагадените градови во светот. Токму во овој град е поставена вакум кула за справување со смогот. Оваа кула го „вшмукува“ смогот на градот и го претвора во дијаманти. Кулата впива до 30.000 метри кубни на смог по час, го чисти користејќи многу малку електрична енергија и потоа испушта чист воздух. Паркови, игралишта и сите други простори околу кулата имаат 55 - 75% почист воздух од остатокот од градот. 

Ден Розенгард, креаторот на оваа вакум кула, истражил дека 42% од смогот е од карбон и карбонот под притисок, се претворал во дијаманти. На тој начин, креира прстени кој потоа ги продава и собраните пари се инвестираат во кулата, како и во други кули кои создавачот планира да ги гради. 

Погледнете го следното видео за да видите за каква кула станува збор: 

https://www.youtube.com/watch?v=LND6W7w4OpU

Промовирани огласи »

На еден состанок во една голема компанија се зборувала за тоа како компанијата оди во надолна линија и како вработените не се ангажирани доволно.

Директорот јасно кажал дека е навистина несреќен и ги прашал како се чувствуваат вработените.

Одеднаш се свртел кон сите во канцеларијата и ги прашал: „Дали сакате да бидете среќни? Веднаш можам да ве направам среќни, можам да ви дадам вечна среќа. Дали некој од вас го сака тоа?“

Многумина од присутните кренале рака.

„Одлично!“, продолжил директорот. „Ќе добиете среќа во замена за сè што имате. Дајте ми сè што го поседувате и јас ќе ве направам среќни.“, рекол тој.

Вработените го гледале збунето. Мислеле дека зборува метафорички.

„Јас ви ветувам! Не се шегувам!“, сериозно им одговорил директорот.

Тогаш рацете на вработените почнале да се спуштаат и тој рекол: „Аха … Не сакате. Никој не сака …“

Потоа им објаснил на вработените дека среќата ја поврзуваме со удобност, успех, слава, авторитет, аплауз, пари, уживање и привремено задоволство. Среќата всушност е прашање на избори и одлуки и секој може да ја доживее само на тој начин.

Следниот пат кога ќе помислите дека сте несреќни и дека ви недостасуваат многу работи само потсетете се на приказнава.

Промовирани огласи »

Главните потрошувачи на електрична енергија се клима уредите, печките на кои се грееме, но и машините за садови и алишта.

Во продолжение прочитајте како сметката за струја да биде дупло помала од претходните.

Планирајте - кога и да можете, подгответе оброци за два-три дена одеднаш. Потрошната електрична енергија не е иста кога готвите секој ден и секој трет ден.

Исклучувајте од штекер - не оставајте ги уредите на чекање, туку исклучете ги од струја. На пример, телевизорот трши околу 24% енергија кога е исклучен.

Внимавајте на температурата - внимавајте вратата од фрижидерот да не биде предолго отворена, бидејќи ќе мора одново да ја лади внатрешноста, а тоа не е возможно без трошење на електрична енергија.

Фрижидер на ладно - ставете го фрижидерот на најладното место во станот. Секој степен помалку ја намалува и потрошувачката на струја.

Внимавајте на големината на садовите - големината на садовите прилагодете ја на храната која ја подготвувате. Ако храната ја ставите во преголем сад ќе потрошите повеќе енергија за подготовка, како и на подоцнежното миење.

Избегнувајте да ги паузирате уредите - обидете се никогаш да не ги паузирате уредите, бидејќи на тој начин се троши дури и до 6% од електричната енергија во домаќинството.

Не оставајте ги полначите вклучени во штекер - полначите обавезно извлечете ги од штекер кога веќе не ги користите.

Туширајте се пократко - намалете го времето на туширање на пет минути. Избегнувајте капење во када, бидејќи со туширањето трошите дупло помалку енергија отколку со капењето.

Промовирани огласи »

Работните состаноци се неизбежен дел од бизнисот. Споделувате информации, идеи, генерирате решенија и креирате процеси и системи. Проблемот е во тоа што голем дел од овие состаноци се здодевни, што значи дека луѓето кои присуствуваат на вакви состаноци не се целосно присутни со мислите на состанокот. 

Ако вработените не обрнуваат внимание и не се фокусирани, состанокот е само губење на времето на сите вклучени. Што е потребно да направите за овие состаноци да бидат повозбудливи за сите присутни, за да можете и вие да си ја остварите целта? 

Прочитајте ги овие пет практични совети:

  • Забранете ги телефоните

Да, вработените ќе инсистираат дека мора да ги имаат со себе своите телефони - можно е нешто итно да се случи. Да, светот може да заврши за време на вашиот состанок од половина час, но шансите за тоа се екстремно ниски. 

Проблемот со денешната технолофија е што ви дозволува да се фокусирате на она што не се случува пред вас - состанокот. Она што е уште поинтересно е, ако луѓето би биле лице-в-лице со луѓето со кои пишуваат за време на состанокот, тие ќе се допишуваат со некој друг. Телефоните остануваат на бирото. Без телефоните, две нешта може да се случат за време на вашите состаноци. Вие сте обврзани да бидете целосно присутни на состанокот и да комуницирате со другите личности. Зошто е ова важно? Бидејќи ќе дојдете до заклучок дека состаноците може да бидат позабавни ако ги запознаете подобро вашите колеги. 

Како ќе ги запознаете? Преку зборување. 

  • Подгответе се

Состанок каде одговорниот за него доцни, не е подготвен, импровизира е здодевен и психичко измачување. Добро подготвен состанок може да биде фасцинантен и обврзувачки. Кога лидерот има план и има цел, состанокот може да биде многу поинтересен. 

Другиот дел од подготовката е подобрување на вашите вештини. Постојат состаноци каде сте биле продуктивни и интерактивни и по состанокот, сте верувале дека сите цели може да ги остварите. Исто така, постојат состаноци каде сте биле сигурни дека ако заспиете на никого нема да му недостигате и нема ништо важно да пропуштите. Разликата е во тоа каква личност го води состанокот. Доколку имате ваков проблем, пронајдете начин за да се подобрите. Може да присуствувате на некој курс, може да побарате фидбек од колегите кои исто така, ќе ве советуваат или може да посетувате онлајн курс. Има многу можности, многу од нив бесплатни, единствено е потребна волја. 

  • Сите учествуваат

Зошто е потребно сите да учествуваат? Па, ако присуството не е задолжително, целиот состанок може да го извршите преку e-mail. Состаноците секогаш треба да се интерактивни. Колку интерактивни, зависи од целта на состаноците. Ако е споделување идеи (brainstorming), сите треба да зборуваат. Ако некој не зборува, повикајте го/ја. На интровертите може да не им се допаѓа овој начин на состанување и не е потребно да им додавате дополнителен притисок. 

Информирајте ги сите за видот на состанок што ќе го имате и дека сите вработени ќе е потребно да земат учество и да зборуваат, за да не настанат непријатни ситуации за време на состанокот. 

  • Не дозволувајте една личност да доминира

Ако го водите вие состанокот, нормално е вие да зборувате најмногу. Меѓутоа, после вас, не сакате некоја друга личност да доминира.Тоа може да го измени текот на состанокот, целта, прашањата кои треба да се дискутираат итн. Секој присутен на состанокот може да има сопствено мислење за одредена тема и споделување на истото е охрабрувачки, но не и дефокусирање од лидерот и неговата улога. Понекогаш ќе е потребно потсетување од ваша страна пред почетокот на состанокот или во приватен разговор со вработените кои знаат да завземат доминирачки став, но тоа е исто дел од тоа да се биде добар лидер. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »