Промовирани огласи »

Работните состаноци се неизбежен дел од бизнисот. Споделувате информации, идеи, генерирате решенија и креирате процеси и системи. Проблемот е во тоа што голем дел од овие состаноци се здодевни, што значи дека луѓето кои присуствуваат на вакви состаноци не се целосно присутни со мислите на состанокот. 

Ако вработените не обрнуваат внимание и не се фокусирани, состанокот е само губење на времето на сите вклучени. Што е потребно да направите за овие состаноци да бидат повозбудливи за сите присутни, за да можете и вие да си ја остварите целта? 

Прочитајте ги овие пет практични совети:

  • Забранете ги телефоните

Да, вработените ќе инсистираат дека мора да ги имаат со себе своите телефони - можно е нешто итно да се случи. Да, светот може да заврши за време на вашиот состанок од половина час, но шансите за тоа се екстремно ниски. 

Проблемот со денешната технолофија е што ви дозволува да се фокусирате на она што не се случува пред вас - состанокот. Она што е уште поинтересно е, ако луѓето би биле лице-в-лице со луѓето со кои пишуваат за време на состанокот, тие ќе се допишуваат со некој друг. Телефоните остануваат на бирото. Без телефоните, две нешта може да се случат за време на вашите состаноци. Вие сте обврзани да бидете целосно присутни на состанокот и да комуницирате со другите личности. Зошто е ова важно? Бидејќи ќе дојдете до заклучок дека состаноците може да бидат позабавни ако ги запознаете подобро вашите колеги. 

Како ќе ги запознаете? Преку зборување. 

  • Подгответе се

Состанок каде одговорниот за него доцни, не е подготвен, импровизира е здодевен и психичко измачување. Добро подготвен состанок може да биде фасцинантен и обврзувачки. Кога лидерот има план и има цел, состанокот може да биде многу поинтересен. 

Другиот дел од подготовката е подобрување на вашите вештини. Постојат состаноци каде сте биле продуктивни и интерактивни и по состанокот, сте верувале дека сите цели може да ги остварите. Исто така, постојат состаноци каде сте биле сигурни дека ако заспиете на никого нема да му недостигате и нема ништо важно да пропуштите. Разликата е во тоа каква личност го води состанокот. Доколку имате ваков проблем, пронајдете начин за да се подобрите. Може да присуствувате на некој курс, може да побарате фидбек од колегите кои исто така, ќе ве советуваат или може да посетувате онлајн курс. Има многу можности, многу од нив бесплатни, единствено е потребна волја. 

  • Сите учествуваат

Зошто е потребно сите да учествуваат? Па, ако присуството не е задолжително, целиот состанок може да го извршите преку e-mail. Состаноците секогаш треба да се интерактивни. Колку интерактивни, зависи од целта на состаноците. Ако е споделување идеи (brainstorming), сите треба да зборуваат. Ако некој не зборува, повикајте го/ја. На интровертите може да не им се допаѓа овој начин на состанување и не е потребно да им додавате дополнителен притисок. 

Информирајте ги сите за видот на состанок што ќе го имате и дека сите вработени ќе е потребно да земат учество и да зборуваат, за да не настанат непријатни ситуации за време на состанокот. 

  • Не дозволувајте една личност да доминира

Ако го водите вие состанокот, нормално е вие да зборувате најмногу. Меѓутоа, после вас, не сакате некоја друга личност да доминира.Тоа може да го измени текот на состанокот, целта, прашањата кои треба да се дискутираат итн. Секој присутен на состанокот може да има сопствено мислење за одредена тема и споделување на истото е охрабрувачки, но не и дефокусирање од лидерот и неговата улога. Понекогаш ќе е потребно потсетување од ваша страна пред почетокот на состанокот или во приватен разговор со вработените кои знаат да завземат доминирачки став, но тоа е исто дел од тоа да се биде добар лидер. 

Промовирани огласи »

Како бизнис лидер, лесно е да се поистовети културата на една компанија со модерните привилегии кои ја прават работната атмосфера поатрактивна однадвор. Овие привилегии, сите тие ја прават една работно место попријатно за работа, но не се ништо повеќе од привилегии. Тие не ја дефинираат културата на една компанија. Културата се сведува на луѓето. 

Ако сте бизнис лидер кој има за цел да инвестира во луѓе за да изгради значајна култура на компанијата, употребете некои од следниве начини и искористете некои од следниве совети:

1. Потсетете се на вашите тешки денови - Кога започнувате со еден бизнис, вие преживувате, кратко и јасно. Едноставно, се што правите е насочено кон тоа да добиете почит. Тука е каде се поставени темелите на вашата култура на компанијата. Како што вашата компанија расте, запрашајте се: „Што направи нашата компанија кога одвај преживувавме? Што беше тоа што направи да сме поразлични од другите на почетокот, што направи да сме успешни?“

Компаниите кои се насочени кон градење на култура на вистинскиот начин и го прават тоа подолг временски период - се оние компании кои ги прифаќаат нивните корени и тешки почетоци и ги вклучуваат во суштинскиот дел од културата како што се зголемува компанијата. 

2. Изреката „сликата е вредна за илјада зборови“ е особено вистинита кога се работи за зацврстување на културата на компанијата. Едно нешто е вработените да слушаат за тоа, но сосема друго нешто е за нив всушност да го видат тоа. Еден добар начин да го имплементирате ова е квартално состанување за успесите во изминатиот период покажано преку слики. Слики од одржани успешни настани, најуспешни денови и поврзувања од претходен квартал и слично, е начин за вашите вработени вистински да добијат јасна слика за културата на вашата компанија и да го почуствуваат последиците од неа.

3. Поврзете ги работните вредности со животните вредности - Не се плашете да воведете лични верувања кога се работи за креирање на култура на вашата компанија. Можеби најдобриот начин за градење на интегритет и стабилност на вашата култура е да ги искористите вредностите во кои верувате во вашиот приватен живот и да ги имплементирате во бизнисот. 

Голема е веројатноста дека имате некои свои принципи, морални вредности преку кои се водите во вашиот живот. Ако до овој момент ви донеле успех во вашиот живот, шансите дека ќе го направат истото и во вашиот професионален живот се огромни. Прифатете ги овие вредности и како дел од градењето на културата на вашата компанија. 

4. Прифатете ги своите грешки - Колку порано се соочите со фактот дека ќе правите грешки кои ќе се контрадикторни на културата на вашата компанија, толку побрзо ќе успеете. Дури и најдобрите лидери на сите времиња некогаш правеле грешки кои биле спротивни од верувањата кои постоеле во компанијата. Стив Џобс и Џеф Безос, како создавачи на Apple и Amazon, многу пати направиле грешки и го прикажале своите компании во анти-Apple и анти-Amazon светло. 

Важно е да си ги признаете на себеси овие грешки кога ги правите. Признаете ги и пред луѓето со кои работите и подобрете се за во иднина. Овој вид на прифаќање ќе го достигне нивото на почит што го заслужувате од вашиот тим и ќе покаже одговорност од ваша страна кон културата на компанијата. 

Промовирани огласи »

И додека Зимбабве се соочува со „пуч“, биткоинот се радува на вредноста која таму криптовалутата ја има двојно повеќе.

Ако некој мисли дека цената на биткоинот во текот на оваа година силно скокнала , треба да ги погледне податоците од Зимбабве чии жители во таа криптовалута гледаат единствен спас од финансискиот колапс во земјата.

Според податоци на Ројтерс биткоинот минатата недела достигнал рекордна цена од 7888 долари со што вредноста му скокнала седум пати од почетокот на годината. Меѓутоа, на Golixu, биткоин берзата во главниот град на Зимбабве - Хараре, сопственикот на еден биткоин може да добие дури 13 900 долари, 40 пати повеќе од самиот старт на годинава.

Единствен начин на заштита

Само што ја променив сета своја заштеда во биткоин бидејќи тоа е единствен начин на заштита на инвестициите, изјавил за Ројтерс Арнолд Манхизва (34) вработен во телекомуникациска компанија во Хараре. Имено, иако се почесто се слушаат предупредувања како биткоинот е балон кој само што не пукнал, урнатините на финансискиот систем кои зад себе ги остави владата на Роберт Мугабе ги принудуваат граѓаните на таа афричка држава на ризик.

Владата во 2009 година поради хиперинфлација го напуштила зимбабвскиот долар и вовела пресметка на сите цени и трансакции во американски долар. Тоа довело до краткотрајна стабилност на финансискиот состав, но потоа „данокот“ си го земала американската валута. Имено, за да сопствениците на банкарските сметки добијат готовина, мора да платат повеќе. На пример, уште во јануари, за 100 долари во готовина требало да се платат 120 долати, а сега „девизниот курс“ се зголемил на 180 долари.

Иако властите тврдат дека стапката на инфлација не преминува 0,4 отсто, дел од економистите веруваат дека инфлацијата реално расте по месечна стапка од 50 отсто. Зимбабвеанците затоа парите ги менуваат во се за што сметаат дека во иднина ќе ја зачува вредноста. Цените на автомобили, недвижнини и акции скокнале до небо, па индексот на берзата во Зимбабве во последните два месеци ја удвоил својата вредност.

Имено, во моментов Зимбабве се соочува со „пуч“. Армијата ја презеде власта од Мугабе кој заедно со семејството е во домашен притвор.

Промовирани огласи »

Токму во моментов размислувате какви треба да бидат вашите нови визит картички? Еднострани, двострани, пластифицирани... сите овие придавки се помалку важни од овие три карактеристики:

Нема потреба од многу информации

На вашата визит картичка е доволно да ставите име, презиме, вашата функција, име на компанијата, адреса, телефонски број и email. Се друго е повеќе од потребно.

Одберете читлив фонт

Се повеќе модерни визит картички се со извртени фонтови кои се неразбирливи. Сепак, не заборавајте дека стилот може да се запази и со убав класичен фонт кој ќе ја пренесе вашата контакт информација и нема да изгледа нападно.

Одберете светла боја за позадината

Визит картичките во боја се впечатливи и остануваат во меморијата на секој човек, на пример тимот од KARIERA.mk има жолти и виолетови визит картички :)  Меѓутоа, според психолозите темните бои даваат чувство на недофатливост и гламур и со тоа компаниите се дистанцираат од своите потенцијални соработници или клиенти.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »