Работните состаноци се неизбежен дел од бизнисот. Споделувате информации, идеи, генерирате решенија и креирате процеси и системи. Проблемот е во тоа што голем дел од овие состаноци се здодевни, што значи дека луѓето кои присуствуваат на вакви состаноци не се целосно присутни со мислите на состанокот.
Ако вработените не обрнуваат внимание и не се фокусирани, состанокот е само губење на времето на сите вклучени. Што е потребно да направите за овие состаноци да бидат повозбудливи за сите присутни, за да можете и вие да си ја остварите целта?
Прочитајте ги овие пет практични совети:
Да, вработените ќе инсистираат дека мора да ги имаат со себе своите телефони - можно е нешто итно да се случи. Да, светот може да заврши за време на вашиот состанок од половина час, но шансите за тоа се екстремно ниски.
Проблемот со денешната технолофија е што ви дозволува да се фокусирате на она што не се случува пред вас - состанокот. Она што е уште поинтересно е, ако луѓето би биле лице-в-лице со луѓето со кои пишуваат за време на состанокот, тие ќе се допишуваат со некој друг. Телефоните остануваат на бирото. Без телефоните, две нешта може да се случат за време на вашите состаноци. Вие сте обврзани да бидете целосно присутни на состанокот и да комуницирате со другите личности. Зошто е ова важно? Бидејќи ќе дојдете до заклучок дека состаноците може да бидат позабавни ако ги запознаете подобро вашите колеги.
Како ќе ги запознаете? Преку зборување.
Состанок каде одговорниот за него доцни, не е подготвен, импровизира е здодевен и психичко измачување. Добро подготвен состанок може да биде фасцинантен и обврзувачки. Кога лидерот има план и има цел, состанокот може да биде многу поинтересен.
Другиот дел од подготовката е подобрување на вашите вештини. Постојат состаноци каде сте биле продуктивни и интерактивни и по состанокот, сте верувале дека сите цели може да ги остварите. Исто така, постојат состаноци каде сте биле сигурни дека ако заспиете на никого нема да му недостигате и нема ништо важно да пропуштите. Разликата е во тоа каква личност го води состанокот. Доколку имате ваков проблем, пронајдете начин за да се подобрите. Може да присуствувате на некој курс, може да побарате фидбек од колегите кои исто така, ќе ве советуваат или може да посетувате онлајн курс. Има многу можности, многу од нив бесплатни, единствено е потребна волја.
Зошто е потребно сите да учествуваат? Па, ако присуството не е задолжително, целиот состанок може да го извршите преку e-mail. Состаноците секогаш треба да се интерактивни. Колку интерактивни, зависи од целта на состаноците. Ако е споделување идеи (brainstorming), сите треба да зборуваат. Ако некој не зборува, повикајте го/ја. На интровертите може да не им се допаѓа овој начин на состанување и не е потребно да им додавате дополнителен притисок.
Информирајте ги сите за видот на состанок што ќе го имате и дека сите вработени ќе е потребно да земат учество и да зборуваат, за да не настанат непријатни ситуации за време на состанокот.
- Не дозволувајте една личност да доминира
Ако го водите вие состанокот, нормално е вие да зборувате најмногу. Меѓутоа, после вас, не сакате некоја друга личност да доминира.Тоа може да го измени текот на состанокот, целта, прашањата кои треба да се дискутираат итн. Секој присутен на состанокот може да има сопствено мислење за одредена тема и споделување на истото е охрабрувачки, но не и дефокусирање од лидерот и неговата улога. Понекогаш ќе е потребно потсетување од ваша страна пред почетокот на состанокот или во приватен разговор со вработените кои знаат да завземат доминирачки став, но тоа е исто дел од тоа да се биде добар лидер.