Промовирани огласи »

Како една љубов кон Македонија се претвори во бренд за уникатни свеќи

Од Украина до Македонија – запознајте ја Елизавета и приказната на Orange Peel

Коj стои зад Orange Peel и како започна целата приказна?

Јас сум Елизавета, по потекло од Украина. Сакав да создадам нешто што ќе им се допадне на Македонците и што ќе може да се понесе како подарок за семејството и пријателите. Свеќите Orange Peel се инспирирани од градовите, природата и атмосферата на Македонија. Секој мирис е обид да се пренесе едно расположение, сеќавање или чувство поврзано со одредено место.

Сите свеќи се изработуваат рачно: јас ги избирам мирисите, ги правам свеќите, ги пакувам нарачките и ја водам страницата. Па така, ако ѝ пишете на Orange Peel, најверојатно комуницирате токму со мене.

Дали имашe момент кога сфати дека ова може да прерасне во нешто поголемо?

Да бидам искрена, засега само експериментирам и гледам каде ќе ме однесе овој пат. Но, навистина се надевам дека од Orange Peel ќе израсне нешто убаво, пријатно и омилено за многу луѓе.

Како изгледа еден твој „креативен ден“?

Обично наутро, кога има убава дневна светлина, снимам фотографии и видеа за страницата. Потоа ги излевам свеќите ако треба да се дополнат залихите, или пак ги поправам оние што не зацврстиле баш онака како што сум сакала.

Соиниот восок е прилично пребирлив материјал - при ладењето се собира и понекогаш создава празнини или нерамнини, па затоа на некои свеќи им треба малку дополнително внимание.

Исто така, ги пакувам и ги испраќам нарачките, доколку ги има. Всушност, зад еден мал бренд стои многу невидлива работа, но токму тоа најмногу ми се допаѓа.

Дали секоја свеќа има своја „приказна“?

Да, околу тоа и се гради идејата на брендот. Некои мириси се прилично буквални. На пример, свеќата „Галичица“ мириса на кедар, бор и мов - речиси како самата шума. Други мириси се повеќе асоцијативни. На пример, „Охрид“ е инспириран од летото охридскиот крај: зрели сливи, вишни и малку ванила.

Има и мириси кои предизвикуваат дискусии. За мене Скопје мириса на манго и кокосово млеко. Овој град ми делува модерен, жив и малку неочекуван. Но, моите пријатели воопшто не се согласуваат со овој избор.

Асоцијациите се многу субјективна работа. Еден и ист мирис може кај различни луѓе да разбуди сосема различни места, моменти и сеќавања, и тоа е сосема во ред.

Колку експериментираш додека го добиеш совршениот производ?

Секако, производ како што се свеќите мора да се тестира. Погрешната големина на фитилот може да предизвика „тунелирање“ кога свеќата гори само во средината. Исто така, погрешно пресметаниот процент на ароматично масло може да доведе до тоа свеќата да не биде доволно миризлива. Но, јас се држам до едно едноставно правило: подобро е да ја покажуваш својата работа отколку постојано да ја усовршуваш и никогаш да не почнеш. Затоа, кога сум задоволна од резултатот и кога сите технички детали се средени, ја споделувам готовата свеќа со вас.

Кој мирис ти е лично омилен и зошто?

Малку ми е жал, но мојот омилен мирис од линијата се покажа како најмалку популарен. „Зелен пазар“ мириса на грејпфрут и нане свеж, жив мирис со блага горчина, исто како вистински грејпфрут.

Како го градиш својот бренд и препознатливост?

Засега само социјалните мрежи, особено видеата. Во иднина планирам да учествувам на базари.

Каде ги гледаш Orange Peel во иднина?

Се надевам дека Orange Peel ќе продолжи да расте и да создава свеќи инспирирани од градови, природа и моменти од Македонија, притоа задржувајќи го рачниот пристап и личниот допир.

Какви реакции најчесто добиваш од клиентите?

Сите повратни информации се многу топли и позитивни. Луѓето често пишуваат колку им се допаѓаат мирисите а тоа е огромна инспирација. Јас самата не сакам тешки мириси, па затоа свеќите на Orange Peel се создадени да бидат лесни и пријатни, дури и за оние кои обично не сакаат парфимирани ароми.

Што би им порачала на луѓето што сакаат да започнат нешто свое?

Пронајдете го она што сакате да го правите и размислете што им е потребно на луѓето во моментов токму таму се раѓа вашиот идеален производ. Ако чекате сè да стане совршено, можеби никогаш нема ни да почнете. Едноставно направете го вашиот прв чекор. Ова се принципите до кои и самата се трудам да се придржувам.

Тагови: креативност Македонија уметност свеќи

Промовирани огласи »

Најди работа во Битола!

Најнови огласи за работа во Битола!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции во Битола на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Во последниот период, се забележува раст на огласи во различни индустрии, што е показател за економскиот развој на градот и зголемената потреба за квалификуван кадар. Овие огласи ги опфаќаат сите сектори – од производство, услуги и администрација, па сè до технологија, здравство и образование.

Во продолжение дел од огласите:

Магационер/Комораш - Битола
Аранжер (Visual Merchandiser) Битола
Рент а кар агент/ KIA претставник
Продажен агент - Битола
Техничко лице за одржување во процесот на производство - Битола

Достапноста на различни работни позиции на нашиот веб сервис нуди голем спектар на можности за лицата со различни квалификации и професионално искуство. Овие огласи не само што го поттикнуваат индивидуалниот кариерен развој, туку придонесуваат и за подобрување на локалната економија и подигање на стандардот на живот во Битола.

Доколку сте спремни за нов работен предизвик, сите останати работни позиции за во Битола можете да ги најдете ТУКА.

Прочитајте и за: Најновите огласи за работа во Скопје!

Промовирани огласи »

Кои се симптомите на покачен инсулин и кога да реагирате?

Неколку едноставни навики можат да помогнат во контролата на инсулинот

Инсулинот е хормон што го произведува панкреасот и има важна улога во регулирањето на нивото на шеќер во крвта. Кога организмот станува помалку чувствителен на неговото дејство, панкреасот почнува да лачи поголеми количини инсулин за да ја одржи нормалната гликоза. Оваа состојба е позната како покачен инсулин или хиперинсулинемија.

Покаченото ниво на инсулин често не предизвикува јасни симптоми во почетокот, но може да биде поврзано со зголемена телесна тежина, постојано чувство на глад, замор, тешкотии при слабеење и зголемен ризик од развој на дијабетес тип 2.

Како да се спречи покачен инсулин?

Еден од најважните чекори е одржување на здрав начин на живот. Балансираната исхрана богата со зеленчук, овошје, интегрални житарки и протеини може да помогне во стабилизирање на нивото на шеќер во крвта. Препорачливо е да се намали внесот на рафинирани шеќери, газирани пијалаци и преработена храна.

Редовната физичка активност исто така има голема улога, бидејќи ја подобрува чувствителноста на клетките на инсулин. Покрај тоа, доволниот сон и контролирањето на стресот придонесуваат за подобро функционирање на организмот и намалување на ризикот од метаболички нарушувања.

Покачениот инсулин е состојба која не треба да се игнорира, бидејќи може да биде ран сигнал за развој на посериозни здравствени проблеми. Со навремени прегледи, здрави животни навики и редовна физичка активност, ризикот може значително да се намали и да се зачува доброто здравје на долг рок.

Тагови: вежбање здрава храна здравје слабеење инсулин

Промовирани огласи »

Вработување во А1 Македонија!

Огласи за работа во А1 Македонија!

Компанијата А1 Македонија е дел од Групацијата А1 Телеком Австрија – водечки провајдер на комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа. Како дел од оваа реномирана групација, А1 Македонија нуди иновативни услуги и решенија кои ги следат најновите технолошки трендови, со цел да им овозможи на корисниците подобро поврзување, поголема ефикасност и подобрено дигитално искуство.

Моментално вработува:

Агент во контакт центар - Скопје
Network Operations Engineer (f/m/d)
Power Automate Developer / RPA Developer (f/m/d)
Billing & Charging Platform Specialist – Postpaid Billing (f/m/d)
RPA Developer (f/m/d)

Сите останати огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: А1 Македонија ДООЕЛ Скопје

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »