Промовирани огласи »

Google Earth воведе бесплатен симулатор на летање прелетајте над кој било град директно од прелистувачот

Новата бесплатна функција на Google Earth ги воодушеви корисниците ќе сакате веднаш да прелетате над вашиот град!

Google Earth претстави нов бесплатен симулатор на летање кој им овозможува на корисниците да управуваат со виртуелен авион директно од интернет-прелистувачот, без потреба од инсталирање на десктоп апликација. 

За да го испробате, потребно е да ја отворите веб-страницата на Google Earth на компјутер, да изберете „Explore Earth“, потоа да влезете во менито „Tools“ и да го стартувате „Flight Simulator“.

Симулаторот користи едноставни контроли преку тастатура или глувче и овозможува летање над реални градови, планини и природни предели благодарение на сателитските снимки, 3D зградите и деталниот терен што се вчитува во реално време.

Од Google велат дека физиката на летањето е поедноставена, па симулаторот не е наменет за професионална обука на пилоти, туку за забава и виртуелно разгледување на светот. Сепак, можноста да прелетате над речиси секоја локација на планетата директно од вашиот прелистувач го прави искуството навистина интересно и забавно.

А вие, над кој град би летале прво?

Прочитајте и за: „ChatGPT во иднина би се наплаќал како струјата и водата“ – Изјава на директорот на OpenAI

Тагови: Google Google Earth

Промовирани огласи »

Gorenje ја носи атмосферата на FIFA World Cup 2026™ директно во вашиот дом

Алфи Техноцентар: Го пропушташ Светското? Gorenje го носи FIFA World Cup 2026™ во твојот дневен престој!

На 11 јуни 2026 година започна FIFA World Cup 2026™, а домовите ширум светот повторно станаа места за собирање, навивање и заедничко уживање во најголемите фудбалски моменти. Како официјален партнер на FIFA World Cup 2026™, Gorenje повторно излегува на најголемата фудбалска сцена во светот — но овојпат со фокус на сè што се случува надвор од стадионите: дневни соби полни со друштво, кујни каде се подготвуваат грицки за натпревар и малите ритуали без кои нема вистинско навивање.

Додека најдобрите репрезентации во светот ќе се борат за трофејот, Gorenje сака да им овозможи на навивачите секој гол, секоја одбрана и секој важен момент да ги доживеат максимално опуштено, без грижа за секојдневните ситници. Затоа што најголемите фудбалски моменти се најубави кога се споделуваат — дома, со најблиските.

Кога технологијата ја олеснува навивачката еуфорија

Повеќе од 75 години, Gorenje развива апарати за домаќинство кои го поедноставуваат секојдневниот живот, комбинирајќи модерен дизајн, напредна технологија и долготраен квалитет. Одржливоста и енергетската ефикасност остануваат важен дел од филозофијата на брендот, па затоа уредите се дизајнирани да ја намалат потрошувачката на енергија и да ја олеснат секојдневната рутина.

За време на летните вечери исполнети со фудбалска тензија, токму овие детали прават разлика. Од подготовка на храна и разладување на пијалаци, до мраз подготвен за прослава по гол — Gorenje апаратите за ладење овозможуваат фокусот да остане на натпреварот и дружењето со семејството и пријателите.

Фрижидери подготвени за големи фудбалски вечери

За поголеми собирања и навивачки вечери дома, моделот NRK6192AXL4 самостоен комбиниран фрижидер нуди голем капацитет — доволно простор за сè што е потребно за време на маратонско следење натпревари. Благодарение на Total NoFrost системот, нема создавање мраз ниту потреба од одмрзнување, додека интелигентниот AdaptTech систем ги следи навиките на корисникот и автоматски го прилагодува ладењето, за храната подолго да остане свежа со помала потрошувачка на енергија.

За љубителите на организирани и функционални кујни, вградниот комбиниран фрижидер NRKI418EP1 нуди зголемен капацитет и NoFrost систем кој спречува создавање мраз и мешање на мириси. Големата фиока за овошје и зеленчук CrispZone е дизајнирана да ги зачува хранливите вредности и да ја продолжи свежината на намирниците, благодарение на пониската температура која го одржува нивниот квалитет подолго време.

Специјални промоции за време на FIFA World Cup 2026™

Со започнувањето на FIFA World Cup 2026™, секој натпревар станува повод за собирање, дружење и создавање спомени. Со внимателно дизајнирани Gorenje апарати кои го поддржуваат секој чекор од подготовка на храна до прослава по победата навивачите можат без пречки да уживаат во фудбалската еуфорија.

Дополнително, во Алфи Техноцентар, за време на FIFA World Cup 2026™ се достапни и специјални промотивни понуди за Gorenje NoFrost фрижидери со подарок пакет Coca-Cola Zero, со цел подготовката на домот за најголемото спортско лето да биде уште поедноставна.

Тагови: FIFA World Cup 2026 АЛФИ ТЕХНОЦЕНТАР

Промовирани огласи »

УНИБанка четврта година по ред е поддржувач на фестивалот „Охридско лето“

УНИБанка повторно со голем потег: Четврта година по ред зад „Охридско лето“!

УНИБанка АД Скопје и оваа година е традиционален партнер на една од најпрестижните културни манифестации во државата „Охридско лето“. Со оваа иницијатива Банката ја потврдува својата континуирана поддршка на значајни културни настани, истакнувајќи дека културата и уметноста се пулсот на едно општество. Тие ги поврзуваат луѓето, го чуваат идентитетот и создаваат вредности што траат.

66-тото издание на фестивалот се одржува од 12 јули до 20 август, со богата програма што обединува музика, театар, балет и разновидни уметнички изведби од домашната и меѓународната сцена.

Под мотото „Уметноста поврзува, инспирира и трансформира“, Охрид повторно ќе биде сцена на врвна уметност, каде историјата и современото творештво се среќаваат во единствен ритам. Концертите и театарските претстави ќе се одржуваат на уникатни локации како црквата „Св. Софија“ и Античкиот театар, придонесувајќи за зачувување и оживување на културното наследство и неговата меѓународна видливост.

Секоја година, над 30.000 посетители од земјата и странство уживаат во квалитетна уметност, доживувајќи ја единствената атмосфера што ја нудат сцените во еден од најавтентичните и највпечатливи градови - Охрид.

Поддршката на културата е дел од заложбите на УНИБанка за создавање вредност во заедницата што остава траен белег за иднината. Како општествено одговорна компанија, Банката континуирано инвестира во проекти насочени кон зачувување на културното наследство, образованието, спортот и младите, придонесувајќи кон развој на средина во која талентот, креативноста и знаењето добиваат вистинска поддршка.

И ова лето, со УНИБанка, Охрид ќе блеска во ритамот на уметноста што инспирира и поврзува.

Тагови: лето Охридско лето УНИ БАНКА АД

Промовирани огласи »

Зошто дигиталниот детокс е толку популарен во 2026 година?

Ова лето многумина избираат природа наместо телефон

Во време кога телефоните се речиси постојано во нашите раце, сѐ повеќе луѓе одлучуваат свесно да направат пауза од дигиталниот свет. Ова лето, трендот на таканаречен „дигитален детокс“ станува сѐ попопуларен, а многумина ги бришат социјалните мрежи и останатите апликации за да поминуваат повеќе време во природа, со семејството и пријателите.

Помалку време пред екран, повеќе време за себе

Постојаните известувања, пораки и објави можат да создадат чувство на замор и преоптовареност. Затоа, многу луѓе избираат барем привремено да се дистанцираат од дигиталниот свет и да се фокусираат на активности кои им носат мир и релаксација

Природата како најдобар лек против стресот

Прошетките во парк, планинарењето, деновите поминати покрај езеро или море и дружењето на отворено позитивно влијаат врз менталното здравје. Според експертите, престојот во природа може да помогне во намалување на стресот, подобрување на расположението и зголемување на енергијата.

Повеќе вистински, помалку виртуелни контакти

Иако социјалните мрежи овозможуваат лесна комуникација, многумина сфаќаат дека ништо не може да го замени разговорот лице в лице. Летото е период кога луѓето повеќе патуваат, се дружат и создаваат спомени кои не зависат од бројот на лајкови и прегледи.

Тренд кој станува начин на живот

За дел од луѓето, бришењето на апликациите започнува како краткорочен експеримент, но подоцна прераснува во нова навика. Наместо часови поминати во скролање, тие избираат читање книги, спортски активности, патувања и квалитетно време со најблиските.

Во свет преполн со информации и дигитални содржини, сѐ повеќе луѓе откриваат дека вистинскиот одмор не значи само заминување на одмор, туку и одмор од екранот. Можеби токму затоа ова лето многумина избираат помалку апликации, а повеќе природа, искуства и реални моменти.

Тагови: дигитализација здравје креативност патување дигиталниот детокс природа

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »